Фудбалерите на Манчестер Сити денеска ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата од првиот меч кога загубија кај Ливерпул со 3 спрема 0. „Граѓаните“ кои се влезени во лоша серија ќе мора да одиграат маестрално за да влезат меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.
„Црвените” имаат одлична традиција кога станува збор за 1/4-финалето бидејќи од 13 учества во дури девет наврати продолжиле во наредната рунда. Згора на тоа, гостите можат да се пофалат и со позитивен биланс против англиските тимови – 5: 3 иако никогаш не победиле на противничкиот стадион. Веројатно состави: Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон; Вокер, Компани, Отаменди, Делофе; Де Бруин, Фернандињо, Д. Силва; Стирлинг, Агуеро, Сане. Ливерпул (4-3-3): Кариус; Александар-Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон; Окслед-Чемберлен, Вајналдум, Милнер; Салах, Фирмино и Мане. Судија е биде Лаос од Шпанија.
Паралелно со мечот во Англија ќе се реализира дуелот меѓу Рома и Барселона. Италијанците иако одиграа добро на теренот на Шпанците, сепак, на крајот претрпеа убедлив пораз од 4:1. Тимот на Ернесто Валверде не загубил во последните 10 натпревари додека Рома има лоша традиција против ривалите од Шпанија. Дома исто така има негативен биланс – 6 победи, 2 реми и 7 порази. „Волчицата“ во последните 9 натпревари против екипи од Ла Лига, забележаа само една победа. Веројатни состави: РОМА (4-3-3): Алисон, Перес, Манолас, Фацио, Коларов, Пелегрини, Де Роси, Наинголан, Флоренци, Џеко, Ел Шарави. Барселона (4-4-2): Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Паулињо, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Суарез. СУДИЈА: Клемен (Франција). Мечевите Манечстер Сити-Ливерпул и Рома-Барселона ќе можете да ги следите и во вечерниот термин од 20.45 часот на програмата на Спортско Радио 90,3