|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Вебер стигна до пол-позиција на „Спа“ |
|
28.08.2010. |
|
Возачот на Ред Бул Австралиецот Марк Вебер ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Формула 1 што ќе биде возена за Големата награда на Белгија.
Тој на денешниот официјален тренинг на патеката ““Спа„ успеа да ги остави: Луис Хамилтон од Велика Британија со возилото на Мекларен и Роберт Кубица од Полска кој е дел од екипата на Рено.Меѓу првите 10. место уште обезбедија: Германецот Себастијан Фетел од Ред Бул, Британецот Џенсон Батон со Мекларен, Бразилците Фелипе Маса со болидот на Ферари и Рубенс Бариќело од Вилијамс.На 8. место на денешните квалификации се смести Адријан Цутил од Германија а зад него остана неговиот сонародник Нико Хилкенберг со Вилијамс.Првата 10. ја затвори Шпанецот Фернандо Алонсо вториот возач на Ферари. В пресрет на утрешната 13. трка од тековната сезона на првото место е Марк Вебер со 161. бод пред Луис Хамилтон со 157 и трето пласираниот Себастијан Фетел со 151. бод.Кај конструкторите на првото место е Ред Бул со 312. бода пред Мекларен со 304. бодови. |
|
|
„Црвено-црните“ седми на „Добој 2010“ |
|
28.08.2010. |
Ракометарите на Вардар Про го освоија 7. место на 42. издание на ТВ турнирот на шампионите „Добој 2010“. Денеска наутро во првиот меч од финалниот ден на турнирот, скопските „црвено-црни“ беа подобри од екипата на Слога со 28:24 и со тоа го избегнаа последното место на силниот подготвителен турнир. Вардар Про на сите три средби во првиот дел од турнирот беше поразен, но пред себе ги имаше силните состави на Монтпелје, Чех. Медведи и Босна. Минатата година нашиот состав беше освојувач на овој турнир, но оваа година не успеа да се вмеша во битка за врвот. Денеска останува да се одиграат и преостанатите средби за пласман. Во финалето попладнево новиот тим на нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, Суидад Реал, во битката за првото место ќе се сретне со Чеховски Медведи. |
|
|
Ибра попладнево доаѓа во Милано |
|
28.08.2010. |
Попладнево Златан Ибрахимовиќ пристугнува во Милано. Тој најверојатно ќе биде една сезона дел од „росонерите“ и тоа како позајмен фудбалер, јавува весникот „Кориере дело Спорт“. Според најавите на весникот, шведскиот голгетер ќе му биде отстапен на Милан следнава сезона, со опција за негов финален трансфер на крајот на следната сезона. Најавено е дека попладнево ќе се одржи последниот состанок на двете страни на кој ќе биде одредена и финалната цена за трансферот на Ибра во Милан откако ќе помине периодот на позајмица. Се очекува шведскиот напаѓач следната сезона да го облече дресот со број 11 во составот на Милан. Очекувано, пак, Златан Ибрахимович нема да биде дел од тимот на Пеп Гврдиола за воведното коло од Ла Лига против Расинг Сантандер. Гвардиола реши да го изостави Златан Ибрахимович од составот што ќе патува во Сантандер утре, затоа што денеска во 16:30 треба да се одржи клучниот состанок помеѓу Сандро Росел, Адриано Галијани и Мино Раиола. |
|
|
Раул Меирелеш замена за Маскерано |
|
28.08.2010. |
Португалскиот репрезентативец Раул Меирелеш најверојатно доаѓа во Ливерпул како замена за Хавиер Маскерано. Вчера капитенот на селекцијата на Аргентина се договори со Барселона за трансфер на „Камп Ноу“, а нешто подоцна и „црвените“ постигнале договор со Порто околу трансферот на фудбалерот. Цената за која Ливерпул ќе го обезбеди Раул Меирелеш во својот тим е 10,7 милиони фунти. Португалскиот репрезентативец имаше активен договор со Порто на уште две години, но понудата од „Енфилд“ беше неодолива. Меирелеш беше еден од најдобрите репрезентативци на Португалија на минатото СП во Ј. Африка, а се покажа како еден одличен организатор на играта. Се очекува денеска или најдоцна утре Раул Меирелеш да дојде во Ливерпул за да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Потоа се очекува и официјалното преставување на новото засилување на Рој Хоџсон. |
|
|
Стартува 16. СП во кошарка |
|
28.08.2010. |
Во четири градови во Турција денеска започнува 16. светско првенство во кошарка. Бранител на трофејот е селекцијата на Шпанија. Главен фаворит е младата репрезентација на САД, која без големите ѕвезди Коби Брајант, ЛеБрон Џејмс, Двејн Вејд ќе се обиде по 16 години повторно да се закити со златниот медал. Секако тука е и селекцијата на Шпанија, а меѓу фаворитите спаѓа и Србија. Дербито на првиот ден на турнирот е дуелот меѓу актуелниот европски првак Шпанија и секогаш незгодната Франција. Хрватска ќе има тешка задача против САД, Грција не би требало да има проблеми против Кина, а Аргентина без Џинобили и Носиони ќе ги одмери силите со Германија. На шампионатот ќе настапат 24 репрезентации, поделени во 4 групи составени од по 6 тима. Македонија нема да биде дел од ова светско првенство. |
|
|
Њукасл ја доби битката за Бен Арфа |
|
28.08.2010. |
Повратникот во англиската Премиер лига, Њукасл, успеа да се договори со францускиот шампион Олимпик Марсеј и да го позајми Хатем Бен Арфа. Денеска „Скај Спортс“ ја потврди информацијата за трансферот на крилниот напаѓач во редовите на Њукасл. Младиот француски репрезентативец се согласил да се пресели во Њукасл и веќе ги договорил личните услови. Се очекува тој в понеделник да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално да го потпише договорот. Веста за трансферот лично ја потврди и претседателот на Марсеј, Жан-Клод Дасие. Бен Арфа ќе игра под наем во Њукасл до крајот на сезоната, а ако менаџерот на Њукасл Крис Хатон е задоволен од неговиот настап ќе може да го купи на крајот на сезоната. |
|
|
Салсидо најново засилување за Фулам |
|
28.08.2010. |
Англиски Фулам денеска објави дека постигна договор со дефанзивецот на ПСВ Ајндховен, Карлос Салсидо. Мексиканскиот репрезентативец се сели во редовите на Фулам како клучно засилување во последната линија во тимот. 30-годишниот Салсидо беше дел и од тимот на Мексико на светското фудбалско првенство во Ј. Африка, а потпиша договор на 3 години со лондонскиот тим. Трансфер цената која ја постигнаа двете страни засега се уште не е објавена. Марк Хјуз го изрази своето задоволство од трасферот на фудбалерот. „Карлос е универзален дефанзивец кој може да игра на неколку места и ќе биде исклучително полезен за нас“, изјавил Хјуз, додавајќи дека е задоволен од сите нови имиња во тимот кои досега беа ангажирани, но не откри дали до крајот на трансфер периодот ќе има уште некое ново име. |
|
|
Реал и Волфсбург се интересеираат за Пацини |
|
28.08.2010. |
Италијанскиот дневен спортски весник Газета дело Спорт објави дека Реал Мадрид и Волфсбург подготвуваат понуда за ангажман на Џампаоло Пацини, напаѓачот на екипата на Сампдорија. Откако тимот од „Мараси“ не успеа да се пласира во Лигата на шампионите по елиминацијата од Вердер, Пацини очигледно ќе побара нова средина. Со своите импресивни партии од минатата сезона, но и на стартот на оваа, Пацини го привлече вниманието, а информациите велат дека го импресионирал и Жозе Мурињо. Португалецот најави дека му е потребен уште еден напаѓач, па гласините велат дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира. Со доаѓањето на Стив Мекларен пораснаа и апетитите на германски Волфсбург. И „волците“ се надеваат дека можат да го засилат нападот со овој млад напаѓач, а имаат и одлични релации со италијанскиот фудбалски пазар. Сепак ќе се почекаат последните денови од преодниот рок. |
|
|
Вардар Про и третпат поразен во Добој |
|
27.08.2010. |
Ракометарите на Вардар Про и по третпат се поразени на ракометниот турнир на шампионите „Добој 2010“. На вечерашната средба против Босна од Сараево, избраниците на Љубомир Савески загубија со 27:26, со гол примен во последните секунди од натпреварот. „Вардарци“ водеа по првиот дел со 13:11, а имаа и константно водство до неколку голови разлика до пред самиот крај на мечот. Во последните 5 минути од средбата Босна направи комплетен пресврт и успеа да 40 секунди пред крајот да обезбеди водство од еден гол. Од пенал Симовиќ израмни, но во последните секунди Босанците погодија за конечна победа. Вардар Про беше бранител на трофејот на турнирот, но на трите средби не успеа да оствари ниту една победа. Загуби на стартот од Монтпелје, вчера од Чех. Медведи, а денеска и од Босна. На денешниот дуел кај „црвено-црните“ најефикасен беше Јокиќ со 6 гола, по 4 постигнаа Пејовиќ, Симовиќ и Продановиќ. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 99 - 112 од 12932 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|