|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Грците предизвик за втора победа |
|
30.08.2010. |
По победничкиот старт на 29. европско првенство во ватерполо во Загреб, попладнево од 18:00 часот македонските ватерполисти го играат вториот меч и тоа против лутиот ривал Грција. Против оваа селекција имаме билчан со една победа и два порази. Славевме дома еднаш, а двапати загубивме на гости. Македонските ватерполисти денеска со посебен елан ќе влезат на средбата од која може да ја добиеме и втората голема побеза во трката за што подобар пласман на ЕП. Со поддршка и на нашите навивачи на базенот „Младост“ во Загреб, може да очекуваме добар настап и секако добар резултат. Денеска во 2. коло на ЕП во нашата група ќе се одиграат и дуелите Германија - Русија, односно Србија - Унгарија. Во втората група ќе се сретнат Италија - Црна Гора, Хрватска - Турција и Шпанија - Романија. |
|
|
Бориело ја разгледува понудата од Јувентус |
|
30.08.2010. |
Марко Бориело изјави дека е подготвен да си оди од Милано, бидејќи знае дека неговата минутажа на „Сан Сиро“ ќе биде ограничена по простигнувањето на Ибрахомовиќ. Тој не крие дека серизно ја разгледува опцијата да се пресели во Јувентус, кој веќе има доставено понуда до неговиот менаџер и истата ја разгледуваат и двајцата. “Златан е голем шампион, но со неговото пристигнување, јас тешко ќе можам да се изборам за место во овој тим. Потребно е да ја разгледам мојата иднина и да разговарам со мојот агент и со клубот. Сакам да продолжам да играм бидејќи се наоѓам во врвот од мојата кариера“, изјави Бориело по мечот со Лече. Медиумите од Италија шпекулираат дека со евентуалното заминување на Бориело во Јувентус, Милан ќе се обиде да го ангажира Робињо од Манчестер Сити. Сепак за Робињо имаат сериозна конкуренција во Барселона, која најави дека до крајот на трансфер периодот со сите сили ќе притисне да го добие малиот Бразилец. |
|
|
Карик и 10 мил. фунти за Родвел |
|
30.08.2010. |
Менаџерот на Манчестер Ј., Сер Алекс Фергусон, изјав дека трансферите за неговиот тим за ова лето се завршени. Неговите зборови ги потврди и извршниот директор Дејвид Гил, но весникот „Сан“ веќе објави дека Јунајтед подготвува уште едно ново засилување до крајот на трансфер маркетот. Изданието објави дека шкотскиот менаџер предложил сума од 10 милиони фунти плус Мајкл Карик за да год онесе младиот супер-талент од екипата на Евертон, Џек Родвел. 19-годишниот фудбалер е исклучтелно талентиран и може да игра на повеќе позиции од офанзивен играч за врска до централен дефанзивец. Многумина веќе го споредија со Рио Фердинанд, а Сер Алекс ќе се обиде по Вејн Руни кој исто така од Евертон се пресели во Манчестер Ј. да добие уште едно екстра квалитетно младо фудбалско име кое може да прерасне во нова фудбалска ѕвезда на Англија. Родвел вече постигна еден гол за „карамелите“ во победата над Јунајтед минатата сезона од 3:1. |
|
|
Сандерленд пред договор со Асамоа Гиан |
|
30.08.2010. |
Англиските весници објавија дека екипата на Сандерленд е во напредни преговори за купување на напаѓачот на селекцијата на Гана, Асамоа Гиан. Актуелниот голгетер на француски Рен е на одличен пат да се пресели во Премиер лигата, откако Сандерленд сериозно се заинтересира за неговите услуги. „Црните мачки“ деновиве се сериозно во контакт со првите луѓе на Рен за да се договорат за трансфер цената на Гиан. Менаџерот на тимот, Стив Брус, никако не успева да најде вистинска замена за Кенвајн Џонс кој го напушти тимот и замина во Стоук. Проблем плус е и повредата на Фрејзер Кембел кој се повреди на средбата со Манчестер Сити, а скинатите лигаменти во коленото велат дека тој нема да се врати на фудбалските терени во скоро време. Цената на Асамоа Гиан е повисока од оние 8 милиони фунти кои Сандерленд ги доби за Џонс, па сега останува да се забрзаат преговорите околу пронаоѓање на адекватна цена на трансферот која ќе им одговара на двете страни. 24-годишниот Гиан, според дел од медиумите, би можел да се пресели во Англија за цена од 11 милиони евра. |
|
|
Закерони е нов селектор на Јапонија |
|
30.08.2010. |
Поранешниот тренер на Јувентус и Милан Алберто Закерони, денеска е именуван за нов предводник на фудбалската репрезентација на Јапонија. По подолги преговори меѓу Федерацијата и Закерони, постигнат е договор Италијанецот да стане наследник на Окада. По завршувањето на СП во Ј. Африка, предводникот на „самураите“ на Мундијалот, Такеши Окада реши да поднесе оставка, па Јапонците мораа да побараат нова солуција. Од таму потврдија дека следниот месец Јапонија ќе биде предводена од Закерони, кој се договорил за личните услови од соработката. Во конкуренција за селекторското место беа уште неколку познати фудбалски стручњаци меѓу кои медиумите го фаворизираа Аргентинецот пекерман. Тука беа и Холанѓаните Марко ван Бастен и Роналд Куман, кои очигледно беа само резервна варијанта . |
|
|
За Робен заврши полусезоната |
|
30.08.2010. |
За Ариен Робен заврши првиот дел од сезоната 2010/11. Како што објави спортскиот директор на баварците, Кристијан Нерлингер, репрезентативецот на Холандија има сериозна повреда, а истата ќе го спречи да се врати на терените пред Нова Година. „Робен навистина се чувствува лошо. Обновувањето на повредата се случи во лош момент, а рехабилитацијата оди многу тешко. не верувам дека тој може да се врати во нашиот тим до крајот на полусезоната“, изјавил Нерлингер. Според дел од германските фудбалски интернет сајтови, Робен нема да биде подготвен за настап во тимот на Луис Ван Гал дури до средината на јануари. Скинатиот мускул на левата нога за време на светскиот шампионат во Ј. Африка е вистинската причина за еговото долго отсуство. Иако се претпостауваше дека опоравувањето ќе оди брзо, сепак лекарите констатираа дека лекувањето мора да оди етапно и многу подолго од првичните проценки. |
|
|
Капело остана без Тери и Лампард |
|
30.08.2010. |
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Фабио Капело, го објави составот за првиот квалификациски меч за ЕП кој Англичаните ќе го одиграат против селекцијата на Бугарија в петок на „Вембли“, но и против Швајцарија на 7 септември. Најнепријатната вест за италијанскиотс тратег е тоа што за овие две средби тој нема да смета на две големо ѕвезди во националниот тим. Џон Тери и Франк Лампард, и двајцата од Челзи, поради проблем со повредите мораа да се откажат од настап во националниот тим. По двегодишна пауза во селекцијата на „Гордиот Албион“ се враќа голманот Скот Карсон, кој ќе биде трет избор по Џо Харт и Бен Фостер. Во дефанзивата се повикани Кејхил, Е. Кол, Доусон, Гибс, Јагиелка, Г. Џонсон, Лескот и Апсон, во средината Бери, Карик, Џерард, А. Џонсон, Милнер, Волкот, Рајт-Филипс, Е. Јанг, а меѓу напаѓачите Д. Бент, К. Кол, Крауч, Дефо и Руни. |
|
|
Македонија на ЕП во Литванија |
|
29.08.2010. |
|
Нашата кошаркарска репрезентација успешно ги заврши квалификациите за пласман на ЕП во Литванија кое ќе се игра наредната година. Во последното коло нашата кошаркарска репрезентација гостуваше во Сараево кај БиХ и е поразена со 83:71 но тоа не влијаеше на нашиот пласман на ЕП затоа што единствената селекција која можеше да ни ги помести сметките Бугарија беше поразена на гостувањето кај Грузија.
Нашите кошаркари добро го започнаа натпреварот во првата четврина и имаа предност од 21:16 , но некако по традиција во втората пад на играта и на полувреме се замина со предност на БиХ од 40:34. Во третата четвртина се играше рамноправно и по завршувањето на овој период не се промени ништо односно БиХ имаше исти +6. Во последниот дел од натпреварот кошаркарите на БиХ се одлепија и направија разлика која беше недостижна за нашата репрезентација. Во нашиот тим најефикасни на оваа средба беа МекКејлеб со 19, Антиќ 15, Самарџиски 12, Чековски 11 и Ристе Стефанов 10 поени. |
|
|
Јонуз: Од денес стартуваме со подготовките |
|
29.08.2010. |
Македонската фудбалска репрезентација од денеска ќе започне да се комплетира во пресрет на првиот квалификациски дуел за ЕП во Братислава со домашната селекција на Словачка. Селекторот Мирсад Јонуз очекува експедицијата да се комплетира до среда 1. Септември „Дел од стручниот штаб на чело со мене, Влатко Костов и секретарот Ѓурчиновски денеска патува за Братислава за да го прегледа тренинг центарот и да ги направи последните подготовки за старт на тренинзите, се разбира и да ги пречека репрезентативците . Прв во кампот го очекуваме Лазевски, а во текот на денот и поголемиот дел од репрезентативците. Последен по обврските со Интер доаѓа Горан Пандев.“ - изјави нашиот селектор за официјалниот сајт на ФФМ. „Подготовките ќе ги започнеме релаксирано токму од тие причини, згуснатиот распоред, заморот а веќе од вторник кога се планирани два тренинга динамиката ќе расте до стартот на натпреварот в петок 3. Септември.“ додеаде Мирсад Јонуз.2. Септември во 20.30ч. Македонската репрезентација на главниот терен ќе го одржи последниот тренинг по кој ќе се решат и најмалите дилеми околу првата единаесетка на нашата селекција. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 85 - 98 од 12934 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|