Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Тотенхем не се откажува од Скот Паркер
31.08.2010.

 Тотенхем до крајот на денот ќе го направи последниот обид во своите редови да ја донесе главната ѕвезда на Вест Хем Скот Паркер, пишува британскиот весник „Сан“.

 

Како што е познато Вест Хем се надева дека ќе го задржи овој фудбалер но од Тотенехм се подготвени да дадат понуда од 7 милиони фунти за Паркер. Од друга страна на АВрам Грант му с епотребни средства за да купи нови играчи како што е напаѓачот Роби Кин. 30-годишниот Паркер добил понуда за продолжување на договорот за останување на „Аптон Парк“ но се уште го нема ставено потписот на договорот.

 

Тренерот на Тотенхем имаше еден неуспешен обид да донесе квалитетен напажач откако му пропадна можноста да го донесе Луиш Фабиано од Севиља.
 
Бредли останува во САД до 2014 година
31.08.2010.

 Селекторот на репрезентацијата на САД, Боб Бредли отпадна како варијанта да седне наклупата на тимот од „Вила Парк“, Астон Вила. 52-годишниот фудбалски стручњак има постоечки договор со репрезентацијата на САД до 31 декември оваа година но се согласил да го продолжи и да биде со важност до 2104 година.

Боб Бредли беше сметан за фаворит за местото на Мартин О'Нил но сега ништо од сето ова. Тој со селекцијата на САД стигна до втората фаза од СП во Ј. АФрика и се наметна како квалитетен тренер. Под водство на Бредли ,САД имаат 38 победи, 20 нерешени и само 8 порази.Тој постигна голем успех минатата година кога под негово водтсво ја совлада Шпанија во 1/2 финалето на Купот на Конфедерациите во Ј.Африка.

Во моментов тимот на Астон Вила е предводен од привремениот тренер Кевин Макдоналд кој би можел да остане на чело на екипата ако не биде најдено решение.
 
Станкевичиус во Валенсија
31.08.2010.

 Дефанзивецот на Матиуш Станкевичиус веќе е фудбалер на Валенсија, соопштуваат медиумите во Шпанија. Литванскиот интернационалец доаѓа од екипата на Сампдорија но не се соопштува умата која Валенсија ја има платено за да го добие овој играч.

 

28-годишниот фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во друг клуб од Шпанија - Севиља и со своите настапи во оваа екипа остави впечаток со што ги натера луѓето од Валенсија да го ангажираат на „Местаља“.

 

Валенсија ја искористила ситуацијата откако Севиља не нашла начин како да го задржи овој фудбалер кој имше солидни натспи во одбраната на екипата на Севиља.
 
Јувентус го сака Траоре од Арсенал
31.08.2010.

 Раководството на Јувентус пројавува сериозен интерес за левиот дефанзивен играч на Арсенал Арманд Траоре. „Старата Дама“ и понатаму бара засилувања на некои позиции во одбраната ,а французинот е одлична алтернатива затоа што има само 20 години и еден од најперспективните играчи на оваа позиција во Европа.

 

Згора на тоа Траоре има сериозна конкуренција во Гаел Клиши и Кирон Гибс, така д аоваа е дополнителен мотив Јувентус да „притиска“ околу трансферот на Траоре. Самиот фудбалер изјавил дека би сакала да си ги проба своите квалитети во италијанската Серија А.

 

"Траоре е фудбалер за кого имаме интерес. Тој е млад и перспективен и може да ни биде од голема корист“ изјавил директорот на Јувентус Џузепе Марота.
 
Пораз на Македонија на ЕП во Ватерполо
30.08.2010.

 Македонските ватерполисти изгореа во желбата да ја повторат вчерашната игра и победа против Русија и да ја израдуваат македонската спортска јавност со уште еден триумф и тоа против нашиот јужен сосед. Македонија добро ја започна средбта со водство од 1:0 и 2:1 но по првиот период се отиде на одмор со 2:2. Головите ги постигнаа за Македонија Бркиќ и Крецковиќ.

 

Потоа следуваше втората четвртина каде нашите репрезентативци примија 4 , а постигнаа само еден гол преку Латковиќ и со тоа им дадоа на противниците да се одлепат и да направат убелива предност по првото полувреме со 6:3. На стартот на третатата четвртина нашите ватерполист постигнаа гол преку Вуксановиќ и намалија на 4:6 и до крајот на овој период не дозволија да примат но и да дадат уште некој гол, со што во последниот период влегоа со негатива од -2.

 

Токму во четвртиот период влеговме со надеж дека може да направиме пресврт сличен на оној со Русија но не беше така, откако намаливме преку Босанчиќ на 5:7, напите противници влегоа во серија од 3:0 и го постигнаа конечниот резултат од 10:5. Сега Макеоднија ја очекува следниот натпревар со Германија кој се игра во среда од 13 часот.
 
Солдо пред отказ во Германија, шпекулира Билд
30.08.2010.

 Фудбалерите на Келн по две кола во Бундеслигата се на дното на табелата без бод и со дури седум примени голови.Од таа причина медиумите во Германија веќе најавуваат дека тренерот Звонимир Солдо може да си замине од кормилото на популарните „јарци“

 

.„Се во оваа сезона требаше да биде многу подобро а сега се очекува и најлошото.Сент Паули е судбината на Солдо.Ако загуби симпатичниот тренер за две недели против новајлијата во првата лига ќе мора да одговара пред шефовите.Келн не смее да си дозволи уште една „хорор“ сезона“-пишува тиражниот Германски весник.

 

На таа тема не размислува Хрватскиот стратег.“Против С.Паули ќе одиграме многу значаен меч.Мислам дека проблемот е во нашите глави“-изјавил тренерот на Келн. 
 
Блатер: ни требаат професионални судии
30.08.2010.

 Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер нагалсил дека на Светското првенство во 2014. година во Бразил треба да судат само професионалци.

 

„Ако во овој спорт доминираат професионалците тогаш и судиите мора да бидат исто така професионалци и да немаат други ангажмани и професии“-објаснил како размислува претседателот на ФИФА. Блатер се согласил со констатациите дека на Мундијалот во Јужна Африка судиите направија и премногу груби грешки но, додал дека тој не се согласува со примена на технологијата на фудбалските стадиони туку в преден план мора да биде искуството на судиите.

 

“Сакам луѓето во црно да ја познаваат фудбалската игра, да бидат насочени само кон неа и да ги намалат грешки на минимално ниво“-изјавил првиот човек на светскиот фудбал. 
 
Јуве потфрли на стартот во Серија „А“
30.08.2010.

 Тренерот на фудбалерите на Јувентус Луиџи дел Нери по вчерашниот пораз на гостувањето кај Бари (1:0) изјавил дека на неговите избраници им треба поголема храброст во фазата на нападот.

 

„Мислам дека нема потреба да се запали алармот бидејќи допрва ја започнуваме новата сезона.Дефинитивно одигравме слабо и дека без решителност во нападот.Мислам дека ќе се вратевме дома со еден бод ако Бари не постигнеше спектакуларен погодок.Ќе се обидеме да поработиме на нашиот стил на игра од неколку аспекти“-нагласил тренерот на Јувентус.

 

„Црно-белите“ од Торино веќе на стартот на сезоната ги разочараа навивачите кои очекуваат дека нема да се повтори изминатата катастрофална натпреварувачка сезона. 
 
Ибра : Гвардиола ме избрка од Барселона
30.08.2010.
 Новото засилување на фудбалскио тим Милан Златан Ибрахимовиќ објаснил пред медиумите дека главен виновник за неговото заминување од Барселона е тренерот Пеп Гвардиола.

“Кога влегував во просторијата Гвардиола секогаш излегуваше.Не знам дали се плашеше од мене но токму таквото однесување или “филозофија„ ми ги разби сите желби да останам и да играм за Барселона.Си заминав но, сеуште не можам да дознаам каде е проблемот.Тренерот не ме сакаше и мислам дека немав друг избор“-изјавил, Швеѓанецот кој деновиве од Шпанија се пресели во Италија во составот на Милан.

Медиумите во Барселона имајќи ја в предвид целокупната тензија меѓу напаѓачот и Гвардиола проценија дека Ибрахимовиќ направил одличен потег што си заминал од редовите на актуелниот шампион на Шпанија. 
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 71 - 84 од 12932
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image