|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Јунајтед и Ренџерс претпазливо во пресрет на мечот |
|
1.09.2010. |
Раководствата на Манчестер Јунајтед и Ренџерс посакуваат да ги разрешат сите дилеми околу безбедноста на двата дуели кои овие два тима ќе ги одиграт во рамките на Лигата на шампионите оваа сезона. Со таа цел ќе има ригорозни мерки при продажбата на билетите како и при доделувањето на карти за фановите на дватата клуба преку фан клубовите кои веќе се регестрирани во УЕФА. Англичаните информираат дека на Олд Трафорд ќе има 4700 фанови на Ренџерс кои ќе бидат посебно селектирани за да се спречи било каков инцидент на самиот меч. |
|
|
Робињо со 70 а Ибра со 11 на грбот |
|
1.09.2010. |
Робињо и Ибрахимовиќ се најновите летни аквизиции на Милан за кој потпретседателот на овој клуб Ардијано Галијани вели дека се вистинските звезди со кој Милан повторно ќе се врати на шампионските патеки. Робињо во текот на минатата ноќ се пресели од Сити за трансфер сума од 22 милиони евра а ќе го носи дресот со број 70 додека пак популариот Ибра на својот грб ќе го има испишано бројот 11. Милан со пристигнувањето на овие двајца се реши да се ослободи од услугите на Бориело кој замина во Рома како позајмен и Хунтелар кој беше продаден во Шалке. |
|
|
Насмеани лица, задоволство од ефектот... |
|
31.08.2010. |
Најдобрите македонски кошаркари по вторпат во континуитет ќе бидат дел од европското првенство откако се сместија на списокот на патници за собирот во Литванија во 2011 година. На тој ефект според зборовите искажани на денешниот прес од предводникот од клупата Марин Докузовски, влијаеле повеќе фактори. “Јас кога дојдов на селекторската позиција ветив дека ќе ја однесам Македонија на Европскиот шампионат. Во тоа успеав со помош на кошаркарите и одличната организација во нашата федерација. Минавме тежок период од два месеца со многу пријателски и квалификациски дуели, но на крајот дојдовме до посакуваната цел. Моравме да направиме реконструиран тим во однос на претходното ЕП во Полска и да искомбинираме младост и искуство“, изјави Докузовски. Со пласманот на континеталниот собир е презадоволен и претседателот на КФМ Даниел Димевски, кој изјави: “Го задржуваме трендот на одлични репрезентативни резултати. Мислам дека подршката од навивачите во салата „Борис Трајковски„ од медиумите и од целата јавност го скрои реализираниот голем успех од странана играчите и стручниот штаб“, нагласи на денешната средба со новинарите првиот човек на македонската кошарка. |
|
|
Илиевска со бронза од ОИ во боречки вештини |
|
31.08.2010. |
Македонската каратистка Наташа Илиевска, оствари извонреден успех на Олимписките игри во боречки вештини, чии домаќин е Пекинг. Во конкуренција на осумте најдобри каратистки во светот, Илиевска во Пекинг го освои бронзениот медал. Во борбата за третото место, нашата каратистка беше подобра од Катерина Стрика победувајќи ја со 4:1. Настапот во Пекинг, Илиевска го заврши со две победи, две нерешени борби и еден пораз. Бронзата освоена на овој натпревар за Илиевска, која е вицепрвак на Европа и европска Универзитетска шампионка, е еден од најголемите успеси во нејзината кариера. Наташа Илиевска е првиот преставник на Македонија кој учествувал на овие Олимписки игри. Олимписките игри во боречки вештини се одржуваат на секои четири години. На програмата во Пекинг имаше вкупно 13 дисциплини: Карате, Вушу, Кик-бокс, Бокс, Борење, Аикидо, Џудо, Џиу-џицу, Кендо, Мутаи, Самбо, Сумо и Таеквондо |
|
|
Трансферот на Робињо во Милан зависи од Бориело |
|
31.08.2010. |
Милан е на одличен пат да ангажира уште едно одлично засилување во финишот на трансфер периодот, јавија денеска светските медиуми. Она што се претпоставуваше, дека Робињо е цел на „росонерите“ полека доживува реализација. Ако се е в ред со здраствената состојба на Робињо и доколку тој успешно ги мине лекарските контроли, по Ибрахимовиќ, Милан следнава сезона ќе биде посилен и за бразискиот репрезентативец кој се уште е под договор со Манчестер Сити. Сумата за реализација на трансферот изнесува 15 милиони евра, а Милан и Сити веќе се пружиле рака. Се очекува во скоро време потпретседателот на Милан, Адријано Галијани да се сретне уште еднаш со управата на Сити за да договорат уште некои детали од плажањето. Исто така, се зборува дека трансферот на Робињо е на „стенд-бај“ затоа што не се знае дали Бориело ќе си замине. Ако Бориело остане, тогаш зделаката со Сити пропаѓа. |
|
|
ФИБА ќе направи промени за СП и Олимпијадите |
|
31.08.2010. |
Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Патрик Бауман изјавил дека во иднина кошаркарските Мундијали може да бидат реализирани со 32. селекции идентично како и фудбалските.
Изјавата за медиумите на Бауман доаѓа од вчерашната прес-конференција во Истанбул, реализирана за време на Светското првенство во Турција.што се однесува до Олимпискиот турнир тој треба да биде проширен од 12. на 16. репрезентации со единствена цел да се вклучат многу поактивно и земјите од Африканскиот континент.
Од него на тековниот собир во Турција има само тројца претставници кои се главно со аутсајдерска улога.Тоа се кошаркарите на : Тунис, Брег Слонова Коска и Ангола. |
|
|
Јагер во залезот на кариерата ќе се врати во Кладно |
|
31.08.2010. |
|
Легендата на светскиот хокеј и на селекцијата на Чешка Јаромир Јагер кариерата ќе ја заврши во татковината во редовите на екипата на Кладно.39-годишниот напаѓач кој во Рускиот состав Авангард има да одработи уште една година од договорот изјавил, дека планира да се врати во Чешка.
„Мојот матичен клуб има големи проблеми и тоа влијае на моето расположение.Ќе се обидам да помогнам со надеж дека во наредните 4. години Кладно ќе биде рамо до рамо со најголемите тимови во Чешкиот хокеј.Ако локалните власти напрват нова сала, имам намера да ја прекинам интернационалната кариера и за година или две да се вратам во татковината“-изјавил Јагер. Тој во богатата кариера бил дел од НХЛ составите:Њујорк Ренџерс, Питсбург и Вашингтон.Има одиграно вкупно 1442. средби на кои собрал вкупно 1780. поени по системот гол плус асистенција. |
|
|
Сао Паоло ќе активира два стадиона за СП |
|
31.08.2010. |
На Светското фудбалско првенство во Бразил во 2014. година, Сао Пауло може да има улога на двоен домаќин.Според најавите од земјата на “кариоките„ веќе се планира да се искористат два стадиона.
Градоначланикот на Сао Паоло Жилберто Касааб изјавил, дека покрај стадионот на Коринтијанс на листата ќе биде вметнат и оној на Палмеирас откако ќе биде целосно реновиран.Стадионот „Морумби“ кој првично беше пријавен за Мундијалот во последен миг отпадна поради недостиг на средства.
Се очекува вкупно 64-те средби на интерконтиненталниот собир да бидат реализирани на вкупно 12. терени низ Бразил.Завршниот меч за победничкиот пехар на Светскиот шампионат ќе биде одигран на легендарниот објект „Маракана“ во Рио Де Жанаиро. |
|
|
Трезеге се адаптира на условите во Херкулес |
|
31.08.2010. |
Новото засилување во фудбалскиот тим Херкулес Давид Трезеге изрази големо задоволството од атмосферата и приемот што го имал во екипата од Аликанте.
Актуелниот репрезентативец на Франција кој претходно дејствуваше во нападот на Италијанскиот состав Јувентус, на стадионот “Хозе Рико Перес„ пристигна како слободен фудбалер.„Јас сум секогаш мотивиран.Верувам дека тука ќе бидам среќен и дека ќе ги реализирам најдобрите резултати во мојата кариера.Ова е значаен чекор во спортскиот живот.Една од главните цели ми беше да играм токму во првенството на Шпанија“-изјавил Трезеге.
Напаѓачот на „триколорите„ кој речиси 10. години помина во редовите на “старата дама“ од Торино објаснува дека ќе мора да се адаптира на новите услови.“Знам дека влегувам на непозната територија.Мојата идеја е да му помогнам на тимот и да го пренесам искуството“-заврши поранешниот фудбалер на Јувентус |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 57 - 70 од 12932 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|