Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
„Ѕвездите“ му даваат подршка на Блан
2.09.2010.

 Легендарниот фудбалер на Франција Зинедин Зидан го посетил кампот на “триколорите„ во Клерфонтен за да ја изрази неговата подршка за новиот селектор Лоран Блан.

Искусниот стратег на клупата на „галските петли“ заедно со фудбалерите се подготвува за новиот циклус квалификации за Европското првенство во 2012. година во Полска и Украина.Пред Зидан кампот на репрезентативците го посетил и поранешниот прв чувар на мрежата Фабијан Бартез. Блан
заедно со Популарниот Зизу и Бартез беше дел од селекцијата на Франција која во 1988. година ја освои титулата Светски шампион а две години потоа го зеде и победничкиот пехар на Евро-собирот.

Блан на селекторската позиција го замени Рајмон Доменек кој доживеа дебакл на Мундијалот во Јужна Африка со елиминацијата уште во првата фаза. Франција на 3. септември ќе биде домаќин на Белорусија.

 
Билетите донесоа планиран профит во М.Ј.
1.09.2010.

 Извршниот директор на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед Дејвид Жил изјавил дека клубот во текот на летото не го продал планираниот број  на сезонски билети но, дека состојбата на финансиски план е стабилна.

 

„Целта ни беше да продадеме 54.000 годишни влезници а моравме да застанеме на бројката од 51.800. Тоа е прилично добро имајќи ја в предвид целокупната состојба во економијата.Ние продадовме повеќе билети отколку што е капацитетот на некои од стадионите во Англија на кои играат Премиерлигашите.Клубот е во одлична финансиска позиција’-изјавил Жил.

 

„Билетите за дуелите со Њукасл и Вест Хем се распродадени но, ние сакаме на секој меч да биде максимално исполнет стадионот.Затоа мораме да играме атрактивен и допадлив фудбал“-завршил директорот на “црвените ѓаволи„.
 
Ван Дер Варт го напушти Реал Мадрид
1.09.2010.

 Холандскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Ван Дер Варт како што беше најавено го напушти Реал Мадрид и се пресели во екипата на Тотенхем.

 

За овој трансфер Англискиот елитен тим мораше да добие посебна дозвола од Фудбалската Асоцијација на Англија бидејќи трансферот е комплетиран во текот на денов а крајниот рок за пријавување на фудбалерите заврши на полноќ.Информацијата за доаѓањето на Ван Дер Варт на “Вајт Харт Лејн„ е потврдена и на официјалниот веб-портал на островјаните.

 

Тренерот на Лондончани Хари Реднап изјавил, дека неговиот тим му исплатил на Реал Мадрид 8. милиони фунти или 9,65. милиони евра.Холанѓанецот кој има 27. години треба да биде засилување за средниот ред на “спарси„.Тој за „лалињата“ има одиграно 73. меча и постигнато 16. голови.   
 
Виган го купи Ди санто од Челзи
1.09.2010.

 Аргентинскиот фудбалски интернационалец Франк ди Санто дефинитивно го напушти Лондонскиот состав на Челзи и се пресели во екипата на Виган.

 

Тој во изминатата сезона како позајмен фудбалер настапуваше за Блекбурн а во наредните три години со официјален договор ќе ги брани боите на Виган.Детали околу трансферот и сумата што е платена за  21-годишниот напаѓач во овој момент не се истакнуваат.“

 

Ди Санто во нашиот тим ќе има можност да го докаже големиот потенцијал и во истовреме да ни помогне со техничките квалитети и напорната работа“-изјавил менаџерот на Премиерлигашот Роберто Мартинез.Ди Санто кон финишот во изминатиот шампионат не доби голема минутажа во Блекбурн бидејќи раководството не беше задоволно со неговата реализација.   
 
Луковиќ посакува максимално 6. бодови
1.09.2010.

 Фудбалскиот репрезентативец на Србија Александар Луковиќ потенцирал, дека главна цел на стартот на квалификациите за Европското првенство во 20112. година ќе биде максимален ефект против Фарските Острови и Словенија.

„Пониските температури се добредојдени бидејќи ќе патуваме на Фарските Острови а таму времето е прилично студено.Главна обврска ни се две победи на стартните дуели.До нив ќе дојдеме само со максимално ангажирање и пристап кон противниците.Така треба да одиграме и против Фарските Острови бидејќи нема повеќе лесни противници во квалификациите“-изјавил Луковиќ.

Новиот фудбалер на Рускиот Зенит потенцирал дека не е максимално подготвен за мечот и дека атмосферата во репрезентацијата е добра: бидејќи одиграв само еден меч не сум 100. насто подготвен.Сега сме насочени само кон дуелите пред нас.

 
Семења разочара на трката во Италија
1.09.2010.
 Атлетичарката од Јужна Африка Кастер Семења инаку светска шампионка на патеката од 800. метри, оствари разочарувачки резултат на последниот митинг во Роверта (Италија).

Во пет
тиот настап во тековната сезона а по 11. месеци откако изби скандалот околу нејзинот пол, таа забележа разочарувачко време зад победничката од Италија Елис Кузма Пичионе.Семења на крајот на трката оствари две минути, седум секунди и шеснаесет стотинки.Менаџерот на црномурестата атлетичарка изјавил, дека нејзиното катастрофално време на трката во Италија може да се објасни само со замореност и болест.

За разлика од него директорот на собирот во Роверта Луиџи ди Онофрио не бил
задоволен со објаснувањето и потенцирал дека не може да разбере зошто Семења остварила така слаб резултат.  
 
ПСЖ ја засили одбраната
1.09.2010.
 Репрезентативецот на Брег Слонова Коска Сијака Тијене потпишал договор за наредните три години со фудбалски состав ПСЖ, соопштуваат медиумите во Франција.

Тој е третото засилување за популарните „светци“ откако во нивните редови се сместија двајца играчи кој дејствуваат на средината на теренот тоа се: Метју Бодмер и Нене.Посебни детали околу ангажманот на најновото засилување за тимот од „Паркот на принцовите“ кое пристигна од екипата на валенсијен засега не се издвојуваат.

28-годишниот црномурест фудбалер во текот на летото одигра два меча за селекцијата на Брег Слонова Коска на Светското првенство во Јужна Африка а досега во кариерата бил активен на вкупно 57. репрезентативни средби.ПСЖ во новиот шампионат на Франција по 4. кола освои само 4. бодови а прими дури 10. голови.  
 
Ватерполистите испуштија реми против Германија
1.09.2010.
 Македонската ватерполо репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП во ватерполо во Загреб. Денеска во интересен меч со селекцијата на Германија, нашите ватерполисти беа поразени со 8:7, откако Бениќ промаши од идеална позиција во последната секунда на средбата.

 

Германците направија одлична предност на полувремето од 6:2 која ветуваше нивни сигурен успех и на денешниот меч. По лошиот старт нашите репрезентативци заиграа многу подобро во вториот дел од средбата и на двапати успевавме да се доближиме на еден гол разлика, ноо не и да израмниме.

 

По поразот од Грција и овој денеска од Германија нашите ватерполисти веќе ги загубија шансите за добар пласман во групата. Останува во следните две кола да се сретнеме со Србија и Унгарија кои се апсолутни фаворити и против кои имаме само теоретски шанси за добар резултат.
 
Малезани е новиот тренер на Болоња
1.09.2010.
 По успехот и ремито со шампионот Интер, првите луѓе на Болоња го решија проблемот со тренерската позиција. Денеска од италијанскиот прволигаш објавија дека нов предводник на тимот ќе биде Алберто Малезани, познато фудбалско име на Апенините.

 

Поранешниот тренер на Сиена денеска потпиша едногодишен договор со Болоња и се обврза да го донесе клубот до златната средина во лигата. Болоња на ден пред стартот на новата сезона во Серија А лигата го отпушти Франко Коломба, кој изјави во медиумите дека нема екипа која може да се бори за добар пласман.

 

Покрај Малезани во конкуренција за нов стратег на Болоња беа и Барета и Балардини. Останува да се почека дебито на Малезани кој ќе се обиде од Болоња да извлече максимум оваа сезона.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 43 - 56 од 12934
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image