Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Маскерано фрла со “дрва и камења„ кон Ливерпул
2.09.2010.

 Фудбалерот на Барселона Хавиер Маскерано кој за 18. милиони евра потпиша 4. годишен догвор со каталонците, јавно ја критикуваше управата на неговиот претходен клуб Ливерпул.

 

Тој во последните 6. месеци беше во конфликт со раководните луѓе на Англичаните и во неколку наврати потенцираше дека сака да си замине од островото. Медиумите тврдат дека од тие причини дури одбил да се појави на воведниот меч во Премиерлигата против Манчестер Сити.

 

“Лошо се чувствував кога во приказната го вмешаа и моето семејство.Ми ветуваа многу работи цела година но ништо не исполнија.Не е вистина дека семејството ме натерало да се преселиме во Шпанија.Секој ќе се налути кога ќе слушне лага поврзана со неговото име“-изјавил новиот фудбалер на Шпанскиот шампион.

 
Азаренка повредена излегла на дуелот со Дулко
2.09.2010.

 Тенисерката од Белорусија Викторија Азаренка објасни, зошто загубила свест за време на вчерашниот меч со Аргентинката Жизел Дулко на терените на САД -Опен.Таа имала несреќа уште во соблекувалната.

 

Додека се загревав се лизнав паднав и ја удрив главата.Пред мечот лекарите ме прегледаа и добив впечаток дека можам да играм. Набрзо потоа почувствував мачнина, главоболка и вртоглавица.По направените лекарски прегледи во болница сега сум многу подобра.Сакам да им се заблагодарам на сите што се грижеа за моето здравје“-изјавила Азаренка.

 

Тенисерката од Белорусија според проценките добила послаб потрес на мозокот што во комбинација со големите температури во Њујорк предизвикале колабирање на теренот.
 
Корвињо се осврна на трансферите во Милан и Парма
2.09.2010.

 Спортскиот директор на фудбалскиот тим Фиорентина Пантелео Корвињо излезе со пофални зборови за активноста на Милан и Парма во летниот трансфер период.

 

„Некои ангажмани беа навистина одлични.Како пример ќе го издвојам оној на Златан Ибрахимовиќ.Тоа е играч со многу трофеи и заедно со Пато, Роналдињо и Робињо го прават Милан еден од најсилни состави во Италија“-изјавил Корвињо.

 

„Во Парма исто така дојдоа многу добри фудбалери.Овој тим одлично го искористи летниот трансфер период.Сметам дека тоа се две екипи што направија значајни играчки промени за новата сезона во Серија „А““-завршил спортскиот директор на „виолетовите“ од Фиренца.
 
Кедира:направив одличен потег со доаѓањето во Реал
2.09.2010.

 Германскиот фудбалски репрезентативец Сами Кедира кој дојде како засилување во летниот трансфер период во тимот на Реал Мадрид изјавил, дека атмосферата на “Сантијаго Бернабе„ е навистина неверојатна.

 

„Многу се радувам што дојдов во овој состав.Тука сите очекуваат да одиграм на високо ниво.Имам намера да ја одработам најдобрата сеозна во досегашната кариера.Никој од фудбалерите не смее да размислува дека е супер ѕвезда.Тука се на сила сосема други правила“-изјавил Кедира кој во Шпанија дојде во текот на летниот трансфер период.

 

„Јас и Месут Озил на почетокот ќе имаме проблеми со јазикот бидејќи не разбираме Шпански но, тоа ќе се елиминира со тек на времето“-завршил новиот член на “кралскиот клуб„ од Мадрид.  
 
19.мото рели „ Македонија - Независност 2010“.
2.09.2010.

 Во организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), под патронат на Владата на Р. Македонија, а со поддршка од Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортови на Град Скопје, по повод денот на независноста на Република Македонија, од 3 до 5 септември ќе се одржи  19-тото традиционалното меѓународно мото рели „ Македонија - Независност 2010“.

Годинешното мото рели ќе стартува во 10 часот на 3 септември (петок) од Плоштадот Македонија во Скопје. Потоа колоната мотоциклисти преку Велес, Свети Николе, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се упати кон целта на првата етапа во Дојран. За втората етапа на 4 септември (сабота) предвидено е после стартот во Дојран мотоциклистите да минат низ Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Ресен и Галичица кон целта на вториот ден – Охрид.


За последниот, трет ден предвидено е минување низ Кичево, а целта ќе биде на истото место како и стартот на 5 септември (недела) околу 15 часот.
 

  

Прочитај повеќе...
 
Ватерполистите користат ден за одмор
2.09.2010.

 На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Загреб во Хрватска денеска е слободен ден.Македонските најдобри ватерполисти максимално ќе го искористат за полнење на акумулаторите и анализа на последните два противника во рамките на првата фаза.

 

Според распоредот утре ќе се сретнеме со фаворитот Србија додека на  5. септември во последното коло од квалификациските групи ќе играме со селекцијата на Унгарија.Тоа се првите два состава во нашата група „Б“ и воедно најсигурните патници во фазата за елиминации.Досега по 3. кола нашите ватерполисти остварија ефект од една победа и два пораза.На стартот ја совладаа Русија додека во последните два меча беа поразени од Грција и Германија.

 

На табелата в пресрет на утрешното 4. коло, Унгарија е лидер со 7. бодови, Србија и Германија имаат по 6, Грција 4, Македонија 3. а Русија е последна без бод. 
 
Кежман не го напушта „Паркот на принцовите“
2.09.2010.
 Фудбалскиот интернационалец од Србија Матеја Кежман планира да ја одработи и третата година од договорот со Францускиот елитен тим ПСЖ, соопштуваат медиумите во Србија.

Тој иако не успеава да се наметне за првата постава кај тренерот на популарните “светци„ одлучил, да ја одбие понудата од екипа од Обединетите Арапски Емирати и да остане во главниот град на Франција.Кежман според извори во Париз, имал примамлива понуда но, не ја прифатил со објаснување дека нема намера да игра фудбал надвор од Европскиот континент.

Србинот засега може да тренира со другите фудбалери и да се надева на првотимски статус за разлика од Жером Ротен кој дефинитивно е исклучен од екипата и мора да работи индивидуално.
 
 
Сисе имал собраќајка пред тренингот
2.09.2010.

 Џибрил Сисе голгетерот на фудбалскиот тим Панатинаикос доживеал полесна собраќaјна несреќа во текот на вчерашната вечер во Атина.Тој додека се движел кон тренинг кампот на Грците бил удрен од друго возило но, за среќа нема потешко повредени во инцидентот.

 

Според објавата на официјалниот веб-портал на составот од Атина, 29-годишниот интернационалец и покрај собраќајката бил присутен заедно со другите фудбалери на редовниот тренинг.

 

Сисе во шампионскиот тим на Панатинаикос дојде во летото во 2009. година од Англискиот Премиерлигаш Сандерленд.За сегашниот клуб одиграл 45. натпревари и постигнал 29. голови.Во селекцијата на Франција има реализирано 9. погодоци на вкупно 40. мечa.  
 
Торес побара смена на сопствениците
2.09.2010.

 Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул Фернандо Торес апелирал до управата на клубот да пронајде нови сопственици, бидејќи сегашните не ги исполнуваат условите.

„Потребно е да се сменат сопствениците за да станеме многу посилен тим.Во моментов не заостануваме зад конкурентите но, имавме многу лоша сезона во Премиерлигата.Се надевам дека набрзо ќе најдеме конзорциум кој ќе може да не купи.Тогаш финансисики ќе им парираме на Челзи и на Манчестер Јунајтед.Добро е што успеавме да го задржиме капитенот Стивен Жерард.Нашата цел е во оваа сезона да бидеме меѓу првите 4. екипи во Англија“-изјавил, голгетерот на “црвените“ во едно интервју за  шпанско радио.

Сопствениците на Ливерпул Том Хикс и Џорџ Жилет не се во можност да ги отплатат долговите и да го задржат чекор со најсилните клубови на островото

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 29 - 42 од 12932
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image