Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Англичаните ја продолжија серијата на Вембли
4.09.2010.

 Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Фабио Капело изјави дека е пресреќен што неговите избраници ја остварија 10. јубилејна победа во серија на легендарниот стадион Вембли.„Гордиот Албион“ синоќа славеше против Бугарија со 4:0.

 

„Знаев како ќе играат Бугарите и целата шема им ја објаснив на фудбалерите.Разговарав со Руни пред мечот.Му нагласив да стои меѓу двајцата централни дефанзивци и од таа позиција да ја развие нашата игра.Требаше да ги разигра останатите во нападот.Оваа вечер не размислував за критиките што беа упатувани до мене.Вниманието ми беше насочено само кон дуелот“-изјави италијанскиот стратег на клупата на Островјаните.

 

Во новата напаѓачка формација на Англичаните одлично се вклопија Вејн Руни и брзоногиот Џермејн Дефо кој реализираше и хет-трик.
 
Стојков повреден, Тричковски повторно првотимец.
3.09.2010.
 Македонската фудбалска репрезентација претпладнево одржа лесен тренинг со кој конечно ги заокружи подготовките за вечерашниот дуел со селекцијата на Словачка,  кој ќе се одигра стадион Пасиенски.

 

Дефинитивно поради повреда од тимот отпадна Стојков а вечерва натпреварот од трибините ке го проследат уште и Тофилоски, Алими и Тодоровски. Во првата постава се најавени 1.Нурединовски 2.Шиков 3.Попов 8.Шумуликоски 5.И.Митрески 4.Новевски 7.Тричковски 13.Деспотовски 11.Наумовски 10. Пандев 6.Георгиевски, и на клуипата за резерви 12.Богатинов 17.Лазевски 16.Ибраими 18.Ристиќ 14.Илијоски 15.Грнчаров 18.Ѓуровски.

 

Сите случувања, возбудувања ќе имате можност да ги следите во живо од Братислава на Спортско Радио 90,3 ФМ кои продолжува да ги следи настапитена нашите најдобри фудбалери во пресрет на новиот Европски собир во 2012 година.
 
Македонија ги започнува квалификациие за ЕП 2012
3.09.2010.

 Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Братислава во Словачка ги започнува квалификациите за ЕП во Полска и Украина во 2012 година. Нашите репрезентативци имаа можност неколку денови да се подготвуваат во Братислава и да ја почувствуваат атмосферата пред да го одиграат својот премиерен натпревар во овие квалификации.

 

Со голем респект кон противникот но и со доза на оптимизам нашите фудбалери го очекуваат овој натпревар. Го респектираат противникот поради квалитетот на играчите но и поради одличните резултати на последното СП во Ј.Африка, но се оптимисти поради последните резултати кои ги постигнаа во рамките на подготовките за овие квалификации. Одигравме неколку контролни средби во кои покажавме дека можеме да играме ефикасно но и дека кога е потребно и на резултат.

 

Токму вечерва очекуваме да одиграме мудро, стрпливо и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни биде укажана. Натпреварот меѓу Словачка и Македонија се игра во Братислава од 20.30 часот, а за се што ќе се случува на оваа средба ќе бидете информирани и низ нашата програма.
 
Србија премногу силна за Македонија
3.09.2010.

 Ватерполо репрезентацијата на Македонија е поразена во натпреварот кој денес го одигра против селекцијата на Србија. Како што се очекуваше репрезентацијата на Србија одигра рационално и онолку колку што беше потребно за да се забележи победа и да се освојат планираните бодови.

 

Уште на самиот старт со максимално залагање Србија дојде до предност од 4:0 со кој резултат заврши првиот период, а во вториот нешто по рамноправна игра на Македонија и на полувреме се отиде со резултат 6:1. На стартот на третата четвртина успеавме да намалиме на 6:2 но потоа тргна „машината“ на Србија и го завршија тој период со предност од 13:3.

 

Во последната четвртина се играше без одбрана и беа постигнати многу голови, за на крајот да заврши средбата со 19:9. Во нашата селекција Делаш постигна 3, Латковиќ и Бениќ по 2 и Вуксановиќ и Рачуница по 1 гол. Во недела од 16.30 часот, Макеоднија игра против уште еден фаворит, Унгарија.
 
Жерард: Дајте му шанса на Капело
3.09.2010.

 Една од ѕвездите на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација Стивен Жерард застанал во одбрана на селекторот Фабио Капело. Капитенот на Ливерпул кој ќе биде со капотенската лента и на следните натпревари за Англија  смета дека ниту еден англиски тренер не може да се споредува со Фабио Капело и не е подобар од италијанецот.

 

Со тоа Жерард само навува дека Капело не би можел да биде сменет од англиски тренер, нешто што го бараат англиските фанови."Важно е Капело да добие уште една шанса“ изјавил Жерард на прес конференцијата пред денешниот стартен натпревар со Бугарија на „Вембли“ во ранките на квалификациите за ЕП 2012 година.

 

„Да, логично е да се смени тренерот по лош настап на СП, како што имавме ние. Но што понатаму, мислите дека нешто ќе се промени ?, Ако Капело си отиде мислите дека ќе ни биде розева ситуацијата и ќе го освоиме ЕП во 2012 година. Тоа е лудост, ние фудбалерите веруваме во Капело и затоа треба да му се даде уште една шанса“ додал Жерард.
 
Занети сака на СП во 2014 година
3.09.2010.

 Ветеранот  во екипата на Интер и аргенстинската фудбалска репрезентација Хавиер Занети  и понатаму сака да настапува за репрезентацијата на Аргентина. Негова голема желба е да настапи за својата селекција на следното СП во 2014 година кое ќе се одржи во Бразил.

 

На последното СП тој и покрај одличната сезона со својот тим, и фантастичните игри во дресот на Интер не се најде на списокот на играчи кој го правеше селекторот Марадона. 37-годишниот Занети изјавил дека ќе направи се што е до него да биде во селекцијата на Аргентина на следното СП во 2014 година и покрај тоа што тогаш ќе има 41 година но Занети годините е ми пречат.

 

Како што е познато Занети е повикан од новиот селектор на Аргентина Серхио Батиста за пријателскиот натпревар со Светскиот и Европскиот шампион Шпанија кој ќе се игра во вторник на 7-ми септември.
 
Бекам се враќа на теренот наредната недела
3.09.2010.

 Ѕвездата на Лос Анџелес Галакси Дејвид Бекам може да ја изненади јавноста со негово враќање на теренот веќе по само една недела. Во моментов англискиот репрезентативец ја санира тешката повреда која ја заработи во март додека настапуваше за Милан и со тоа не успеа да настапи на СП во Јужна Африка.

 

Сега според последните најави тој продолжил со тренинзи со својата еипа и има голема шанса да биде во составот на својата екипа за натпреварот кој Галакси го играат на 11-ти септември со Колумбос. Најнапред лекарите на екипата предвидувале дека Бекам нема да може да се врати на теренот до почетокот на октомври, но сега состојбата му е многу подобра и тој ќе може да игра веќе следната недела.

 

Доколку се биде во ред Бекам би бил на клупата за резервни фудбалери и ќе влезе во игра 15-20 минути, додале од клубот.
 
Мурињо задоволен што Ибра отиде во Милан
3.09.2010.

 Тренерот на Реал Мадрид , Жозе Мурињо изјавил дека е задоволен од трансферот на Златан Ибрахимовиќ од Барселона во Милан.

 

Португалскиот фудбалски стручњак одлично ги познава квалитетите на Ибрахимовиќ додека му беше тренер во Интер и не би сакал да му биде директен противник на неговите играчи но и да биде дел од екипата на Барселона која е главен конкурент за освојување на титулата во Шпанија. Од друга страна против Милан ќе играат во Лигата на Шампионите каде се во иста група и каде Ибрахимовиќ ќе му биде еден од фудбалереите против кого ќе мора да се сретне.

 

„Повеќе сакам Ибрахимовиќ да е во Милан отколку во Барселона. Против него ќе се сретнеме само двапати во Лигата на Шампионите, додека ако останеше во Барселона против него ќе бевме цела сезона. Тој е одличен играч“ изјавил Мурињо.
 
Алегри не верувал за доаѓањето на Робињо
3.09.2010.

 Првиот човек на клупата на Милан, Масимилиано Алегри изјавил дека останал изненаден од фактот што раководството на неговата екипа узпеало да го донесе о нивниот тим бразилецот Робињо.

 

Во последните денови од преодниот рок Милан направи неколку одлични потези и донесе мега ѕвезди како што се Златан Ибрахимовиќ од Барселона и Робињо од Манчестер Сити. "Не очекувад дека ќе го земеме Робињо. Тој е играч од голем калибар“ изјавил Алегри за клупската телевизија.

 

Тоа е еден прекрасен подарок од сопственикот Силвио Берлускони, на кого уште еднаш му благодарам“ додал Алегри кој може да биде презадоволен од фондот на играчи со кои располага оваа сезона.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 15 - 28 од 12933
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image