Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Жрепката за ЛШ
26.08.2010.

 Извлекувањето на групите за првата фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи попладне во Монако, со почеток во 18 часот.

 

Прв шешир: Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Баерн Минхен, Милан и Олимпик Лион.Втор шешир: Вердер, Реал Мадрид, Рома, Шахтјор, Бенфика, Валенсија, Олимпик  Марсеј и ОксерТрет шешир: Панатинаикос, Тотенхем , Ренџерс, Ајакс, Шалке, Базел, Брага, Копенхаген Четврти шешир: Спартак Москва, Хапоел, Жилина, Твенте, Рубин, Клуж, Партизан, Бурса.

 

Фазата по групи во Лигата на шампионите ќе стартува на 14 и 15 септември 
 
Србите го дефинираа списокот
26.08.2010.

 Селекторот на кошаркарите на Србија Душан Ивковиќ го одреди списокот на играчи кои ќе бидат активни на Светското првенство во Турција.Од него во последен миг отпадна Милосављевиќ.

 

„Тој како и останатите играчи работеше одлично во текот на подготовките.Покажа голем напредок и јас му заблагодарувам.На него ќе сметаме во иднина посебно што го очекува богата сезона во Евролигата во дресот на Партизан“-изјавил Ивковиќ.

 

За Србија на Мундијалот во Турција ќе  настапат:Тепиќ, Бјелица, Величковиќ, Перовиќ, Теодосиќ, Пауниќ, Марковиќ, Савановиќ, Радуљица, Крстиќ, Кешељ, Мачван и Рашиќ.  
 
Баптиста останува на кормилото на Аргентина
26.08.2010.

 Претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина Хулио Грондон изјавил дека времениот селектор Серхио Баптиста најверојатно ќе биде и официјален предводник од клупата на “гаучосите“.

 

Грондон во интервју објаснил дека треба да се случи нешто невообичаено за да не се остварат неговите прогнози.Баптиста дојде на селекторската позиција веднаш по заминувањето на Диего Армандо Марадона по Светското првенство во Јужна Африка на кое Аргентина стигна скромно само до 1/4-финалето.

 

Баптиста дебитираше на пријателскиот меч со Северна Ирска а до крајот на годинава го очекуваат уште неколку контролни дуели.На 7. септември со Шпанија, на 8. октомври со Јапонија и на 17. ноември и 19. декември два меча со Бразил.  
 
Клео на “крилјата на славата„
26.08.2010.
 Голгетерот на фудбалскиот тим Партизан Клеверсон Габријел Кордоба или попознат како Клео изјавил, дека направил вистински потег со доаѓањето кај “црно-белите„.

Партизан во квалификациите во Лигата на шампионите успеа на пенали во реваншот да го елиминира Белгијскиот Андерлех а херој на вечерта беше токму Клео.„Се чувствувам величенствено но, не сум херој.Сите се подеднакво значајни, сите мои соиграчи се фантастични.Одиграа беспрекорен меч“-изјавил Клео.

Тој упатил посебна благодарност и до навивачите кои беа присутни на стадионот во Брисел.„Посебна благодарност им должиме на фановите кои допатуваа во Брисел да ни дадат подршка но, и на сите оние што не пречекаа во Белград“-нагласил луцидниот голгетер на Партизан.
 
Нова афера во францускиот фудбал??
26.08.2010.

 Жан Пјер Пакле поранешниот лекар во стручниот штаб на Фудбалската федерација на Франција во неговата книга открил, дека репрезентативците на Мундијалот во 1998. година кои дошле од Серија „А“ имале одредени “неправилности„.

 

Токму оваа вест која беше објавена на државното радио може да предизвика лавина на реакции во медиумите и соодветните институции посебно што французите таа титула ја сметаат како најголемо достигнување во светот на спортот.

 

Во тие години во шампионатот во Италија настапуваа: Зидан, Турам, Дешамп, Кандела, Џоркаеф и Богосјан.
 
Кулхард верува во Ред Бул
26.08.2010.

 Познатиот Формула 1 возач Дејвид Кулхард изјавил дека неговиот екс состав Ред Бул Рејсинг останува главен кандидат за првото место во тековната сезона заедно со Ферари и Мекларен.

 

„На кого би вложил пари? Луѓето ќе речат дека сум пристрасен поради контактите со тимот но, мислам дека наредните две трки во Белгија и Италија ќе покажат дека болидот РБ6 ќе биде најбрзиот и дека возачите на Ред Бул ќе влезат како огромни фаворити за трките надвор од Европа„-изјавил Шкотланѓанецот.

 

В пресрет на возбудувањата на патеките во Белгија и Италија кај возачите е лидер членот на Ред Бул Марк Вебер додека вториот возач Себастијан Фетел е на третата позиција.
 
Ливерпул ќе биде десеткуван на теренот на Трабзон
25.08.2010.

 Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Рој Хоџсон се соочува со големи проблеми в пресрет на реваншот со Трабзон во последното коло од квалификациите во Лига Европа.

„Црвените“ стартуваа лошо во Премиерлигата и по две кола немаат победа.Што се однесува до играчкиот состав, Маскерано одбива да игра и сака да си замине а напаѓачот Фернандо Торес и капитенот Стивен Жерард се соочуваат со повреди.За Турција не отпатуваа и :Даниел Агер и Макси Родригез.Сето ова му создава грижи на искусниот стратег бидејќи на првиот меч неговите избраници остварија само минимална победа од 1:0.

“Пред моите фудбалери е компликувана задача и тоа на тешко гостување.Трабзон е еден од трите најдобри состава во Турција а секој што играл на тие терени знае каква е атмосферата и што го очекува од страна на домашните фанови“-изјавил тренерот на Англичаните.  

 
Блат е во дилема околу последното име
25.08.2010.

 Дејвид Блат селекторот на кошаркарите на Русија одлучи во Турција да однесе 13. играчи и дури утре да реши кое име ќе го отстрани од официјалниот список за да остане на предвидената бројка од 12. кошаркари.

 

Познатиот стратег во моментов на располагње ги има: сергеј биков, Алексеј Швед, Виталиј Фридзон, Дмиртиј Хвост, Евгениј Воронов, Антон Понкрашов, Евгениј Колесников, Виктор Храпа, Андреј Ворончевич, Тимофеј Мозговај и Александар Каун.

 

„Зборнаја“ на Светското кошаркарско првенство во Турција ќе биде на стартот во групата „Ц“ заедно со репрезентациите на Грција, Турција, Порторико, Кина и Брег Слонова Коска  
 
Несекојдневен инцидент во Грција
25.08.2010.

 Фановите на фудбалскиот тим Паниониос го оштетиле теренот на кој настапуваат нивните миленици само за да го спречат градскиот ривал од Атина  составот на АЕК да се појави на реваншот со Данди Јунајтед.

 

Полицијата во Грција соопштила дека група од околу 30. навивачи на Паниониос влетала на стадионот „Неа Смирни“ ги срушила головите, ги запалила клупите за резервни фудбалери, ископала големи дупки на делови од теренот и испишала навредливи слогани на сметка на АЕК и на Европската фудбалска унија-УЕФА.

 

По овој инцидент, портпаролот на АЕК излегол со предлог до УЕФА, реваншот од Лига Европа со шкотите да биде реализиран на друг терен во Атина, поточно на оној на кој настапува тимот на Олимпијакос.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 127 - 140 од 12932
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image