|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Ладало со потписот на Федерер продадено за 2,280 Евра |
|
21.03.2007. |
|
Едно ладало на светски познатата страна за аукција, „Ебај“ достигнало вредност од 2,280 евра, а го купил еден англиски државјанин. Лепезата можеби ќе се продала и поефтино доколку на нејзе не бил потписот на тенискиот рекет број 1 Роже Федерер. Во наддавањето, според информацијата учествувале 20 купци, а најистраен бил англичанецот кој засега е анонимен. Инаку, собраните средства ќе бидат дадени во НВО Рожер Федерер, кој самиот тенисер ја отвори за... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Алексеј Федоричев го продаде Динамо Москва |
|
21.03.2007. |
|
Рускиот бизнисмен Алексеј Федоричев својот удел од 71% акции и го продаде на компанијата Динамо, по што тој и неговите содружници останаа без акции во клубот. Според лиферуваната информација, сега 96% од акциите ги поседува фирмата Динамо, а фудбалерите и понатаму остануваат во сопственост на ФК Динамо. Токму таа фирма го изведе комплетното реновирање на стадинот и запечали 25% од клубот, а сега ги докупи и преостанатите 71%. |
|
|
Тенисерите си играат со делфини во Мајами |
|
21.03.2007. |
|
Според информациите кои ги пренесуваат медиумите од САД, а беа објавени и од официјалниот веб сајт на турнирот, Сем Кери, Фернандо Вердаско и Николас Алмагро од машкиот пол играат со специјално обучени делфини и нуркаат под вода. Дека тенисерите имаат романтична душа покажуваат токму овие информации, но и тенисерките не можат да одолеат на делфините, па Шахар Пеер, Марија Сантањело, Каролин Маеш и Северин Бремон им се приклучуваат на нивните колеги од посилниот пол. Според информациите, атрактивните делфини во аквариумот во Ки Бискејн станале уште поатрактивни за сите посетители кои во тој момент се наоѓаат во ова туристичко место во Мајами. |
|
|
Фановите на Шалке 04 најгласни |
|
20.03.2007. |
|
Постигнатиот погодок на Младен Крстајиќ на дербито против Штудгарт донесе очекувана еуфорија на „Велтинс“ арената во Гелзенкирхен, а овој единствен погодок значеше и големи три бода за домашниот тим кој е лидер во фудбалското првенство на Германија. Сепак, радоста на околу 60.000 гледачи е вообичаена, но она што е за одбележување е гласноста на фановите кои возбудата ја искажаа со создавање звук со силина од 129 децибели, што е рекорд во Германија. Треба да се напомене дека ваква силина е постигнат со отворен покрив на стадионот, а може само да се... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Хрватите тренираат во снежни услови |
|
20.03.2007. |
|
Најголем проблем за хрватската фудбалска репрезентација во пресрет на средбата против Македонија е лошото време кое хрватите ги затече во нивната база Чатеж во Словенија, каде традиционално избраниците на Славен Билиќ се подготвуваат за квалификациските средби за ЕП 2008. Снежната покривка во хрватската база надмина неколку сантиметри, а температурата се спушти под нулата, што е голема главоболка за Билиќ и неговите соработници. Веќе се размислува за преселба во хрватскиот град Запрешиќ каде температурата е малку повисока, а на стадионот на Интер има добри услови за тренирање. За разлика од нашиот противник, предводникот на националниот тим на Македонија Среќко Катанец нема вакви проблеми, бидејќи временските услови во Охрид се многу подобри, па Катанец може да се концетрира само на тактичкото воигрување на своите фудбалери. |
|
|
Селта ги позајмува амајлиите на фановитe |
|
20.03.2007. |
|
Несекојдневно барање од челниците на Селта Виго се појави на официјалниот сајт на овој клуб од Шпанија. Тие побараа од своите верни навивачи наредните денови во клубските простории да ги донесат сите среќни предмети во кои веруваат и досега му донеле среќа на нивниот омилен клуб. Во предвид доаѓа лук, зајачко стапало, па дури и зајак, ако веќе тоа е предмет на суеверие на некој навивач. Талисманите на фановите се регрутираат во пресрет на дуелот против Реал Мадрид кој многу значи во борбата за опстанок на овој тим, а челниците на тимот побараа предметите да останат на стадионот „Балаидос“ до завршувањето на средбата. Селта се наоѓа во лоша ситуација и до крајот ќе се бори за опстанок, а токму дуелот против Реал е е еден од позначајните. Селта сезонава победи само еднаш на својот стадион, но сепак успеа да го победи Реал на гостински терен, па тука домаќините ќе ја бараат својата шанса. |
|
|
Лампард за малку ќе настрадаше |
|
20.03.2007. |
|
Капитенот на англискиот шампион Челзи, Френк Лампард за малку избегна физички напад од еден неодговорен навивач на Тотенхем по завршувањето на вчерашниот натпревар од Ф.А купот. Лампард ја прославувал победата со дел од своите соиграчи, кога еден навивач на домашната екипа влетал на теренот и се упатил кон Лампард кого сакал да го удри (фото). За среќа на англискиот репрезентативец неговата брза реакција и избегнатиот прв удар, а потоа и реакцијата на стјуардите кои го фатиле навивачот, значеле избегнување на директниот дуел. Англиската фудбалска федерација најави дека ќе го разгледа случајот, по што сигруно ќе следи и казна за организаторот, односно екипата на Тотенхем. |
|
|
Фудбалерите на Рома со воз до Рим |
|
19.03.2007. |
|
Во многу куриозитетна ситуација се најдоа фудбалерите на Рома, веднаш по зваршувањето на вчерашниот меч со екипата на Фиорентина во 29. коло од италијанската Серија А. Имено, по завршувањето на мечот и излегувањето од стадионот „Артемио Франки“, играчите на Рома само што влегле во клупскиот автобус се соочиле со проблем. Автобисот се расипал. Не можејќи да го поправат, луѓето од клубот побарале од домаќинот друг автобус, но откако не успеале да го добијат морале да бараат алтернативни решенија. Управата на „римската волчица“ се реши да оди на несекојдневен чекор: Пат до Рим со воз! Раководството на тимот успеало да најде еден комплетно празен вагон на редовна линија на италијанската железница, па од Фиренца до Рим фудбалерите патуваа со воз. Некаде половина час по полноќ екипата, преморена стигнала на железничката станица во италијанската престолнина. |
|
|
Договорена размена Адријано – Тони |
|
19.03.2007. |
|
Според италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“, раководствата на Фиорентина и Интер договориле размена на своите напаѓачи. Според весникот, на крајот на оваа сезона, екипата на Фиорентина ќе го испрати во Милано својот најдобар играч, Лука Тони, додека од Милано на „Артенио Франки“ ќе се пресели Бразилецот Адријано. Напаѓачот на „виолетовите“ е посакуван и од бројни други клубови од Европа, но размената со Интер е многу веројатна. И двата тима не сакаа да ја коментираат веста истакнувајќи дека сезоната се уште трае, а за било какви трансфери и размени збор ќе стане дури во јуни, откако ќе се споредат сите понуди, и предлози од клубовите. |
|
| | << Почеток < Претходна 891 892 893 894 895 896 897 898 899 900 Следна > Крај >>
| | Резултати 12461 - 12474 од 12931 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|