Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Вардарци сеуште ја чекаат првата победа
27.08.2010.

 На турнирот на ракометните шампиони што се одржува во Добој нашиот претставник Вардар Про денеска од 17.15 часот ќе го одигра последниот меч од квалификациите со домаќинот Босна.

„Црвено-црните“ на стартот претрпеа пораз од Монпеље, во второто коло беа слободни додека во третото загубија од рускиот состав Чеховски Медведи. Покрај мечот меѓу нашиот тим и екипата на Босна во денешната програма се вклучени и натпреварите: Колубара против Слога и Сиудат Реал предводен од нашиот интернационалец Кире Лазаров против Цеље.

Според однапред предвидената натпреварувачка шема во текот на утрешниот ден ќе бидат реализирани натпреварите за конечен пласман почнувајќи од битката за 7. место па до онаа за победничкиот пехар.  
 
Петров: ни треба вистински тренер
27.08.2010.
 Капитенот на фудбалскиот состав Астон Вила Стилијан Петров го повика претсдателот на клубот ренди Лернор што побргу да назначи нов менаџер.

Причина за неговата изјава е елиминацијата на Англичаните од меѓународната конкуренција во Евро Лигата.„Мислам дека неизвесноста околу тренерската позиција влијае и на нашите настапи и на расположението меѓу играчите.На мечот со Рапид Виена имавме многу шанси но не ги искористивме.Тоа е големо разочарување за нас бидејќи сме елиминирани од меѓународната сцена„-изјавил бугарскиот интернационалец.

На само неколку денови пред почетокот на новата сезона на островото менаџерот Мартин О Ниил неочекува се повлече од менаџерската функција во Астон Вила незадоволен од политиката на клубот да ги продаде најдобрите фудбалери.
 
Хаман ќе го подржи Блатер
27.08.2010.

 Мохамед бин Хаман првиот човек на Фудбалската Конфедерација на Азија изјавил дека нема да се кандидира за претседател на ФИФА на изборите кои се закажани за наредната година.

“Јас ќе бидам многу јасен.Нема да се кандидирам на изборите на ФИФА.Ќе му ја дадам мојата подршка на сегашниот претседател Сеп Блатер“-изјави Хаман и на некој начин му ја отвори вратат за новите 4. години на сегашниот прв човек на светскиот фудбал.

За оваа позиција беше заинтересиран и французинот Мишел Платини но, се откажа во последне миг откако проценил дека е подобро да конкурира за нов мандат во Европската фудбалска асоцијација.На швеѓанецот Блатер сегашниот мандат му истекува на 11. јуни наредната година

 
Маскерано „раскрсти“ со Ливерпул
27.08.2010.

 Англискиот фудбалски состав Ливерпул потврди дека склучил договор со Барселона и дека неговиот фудбалер Хавиер Маскерано дефинитивно ќе замине во Шпанија.

 

“Ливерпул склучи договор околу трансферната цена на Маскерано и самиот фудбалер веќе има одврзани раце да преговара за личните услови со Шпанскиот состав„-стои на официјалниот веб-портал на тимот од „Енфилд Роуд„

 

Според дел од медиумите во Шпанија, каталонците ќе платат 16. милиони и дополнителни уште 6. милиони.Тоа зависи од различните услови.Најавениот трансфер треба да се реализира уште во текот на денов.   
 
Филаделфија го „повлече“ Ночиони
27.08.2010.

 Селекторот  на кошаркарската репрезентација на Аргентина Серхио Ернандес сепак нема да може да смета на услугите на Андрес Ночиони на претстојното Светско првенство во Турција.

 

Искусниот играч беше на списокот на „гаучосите“ но, во меѓувреме пристигнала забрана од тимот на Филаделфија во кој настапува Аргентинецот.Лекарите на НБА составот процениле дека поради актуелната повреда ќе биде ризично нивниот кошаркар да се појави на собирот во Турција и ја искористиле клаузулата со која може да му забранат да настапи ако проценат дека не е максимално фит.

 

Според најавата од раководството на Аргентина, на местото на Ночиони ќе биде активиран Маркос Мата кој претходно во последен миг отпадна од списокот на селектоrот Ернандес. 
 
Скилачи ја засили одбраната на Венгер
27.08.2010.

 Англискиот фудбалски состав Арсенал успеа да ја засили одбраната откако се договори со Себастијан Скилачи за негов ангажман на островото.Новиот член на „топчиите“ во претходните две сезони настапуваше за Шпанската Севиља.

 

За него раководството на Арсенал издвои 4. милиони евра.Дефанзивецот ќе може да настапува во новата сезона во Лигата на шампионите бидејќи не беше дел од плеј-офф квалификациите што Севиља ги одигра со тимот на Брага.„Имавме желба да купиме квалитетен центархалф, искусен и да не вреди премногу на трансфер пазарот.Тој се вклопува во оваа шема.Одличен  е во дуелите еден на еден, знае да постигне гол и мислма дека брзо ќе се адаптира на терените во Англија„-изјавил тренерто на Арсенал Арсен Венгер.

 

Скилачи во дефанзивната линија ќе треба да ги пополни празнините по заминувањето на Вилијам галас, Микаел Силвестре, Сол Кемпбел и Филип Сендерос. 
 
Платини е против технологијата
27.08.2010.

 Претседателот на Европската фудбалска федерација Мишел Платини потенцирал дека денеска технологијата не е потребна бидејќи 5. судија ќе биде доволен да се забележи секое играње со рака, дали има пенал или да се процени дали топката ја минала гол-линијата.

 

Неколкуте големи судиски грешки на Мундијалот во Јужна Африка ги изреволтираа навивачите и на некој начи ја наметнаа идејата за воведување на технологијата на фудбалските терени.

 

На ова првиот човек на Европскиот фудбал одговори со добро познатиот став дека 5. судии се единственото решение.„Ќе сочекаме да видиме како ќе помине овој начин со повеќе судии а потоа ќе одлучиме дали ќе воведеме технологија на гол-линијата“-изјавил претседателот на ФИФА.
 
Срна: тешка група, опасни противници
27.08.2010.
 Капитенот на фудбалската селекција на Хрватска и воедно најдобар играч на Украинскиот шампион Шахтјор Дарио Срна проценува дека групата во Лигата на шампионите со Партизан, Арсенал и Брага е навистина тешка.

„Многумина се лажат ако мислат дека ова е истиот тим на Партизан што ние го победивме дома со 4:1 во Лига Европа.Новите талентирани фудбалери се изборија за место во првиот тим на „црно-белите“.Ова е Лига на шампионите и никој не смее да очекува лесни победи“-изјавил Срна.

Хрватскиот репрезентативец ги анализирал и екипите од Португалија и Англија.“Брага го демонстрираше високиот квалитет против Севиља а Арсенал е секогаш опасен ривал.Ќе мора многу да се намачиме за да ги радуваме фановите„-истакнал Срна. 
 
 
Пандев и Интер против Вердер, Тотенхем и Твенте
26.08.2010.
 Европскиот шампион Интер на нашиот Горан Пандев се најде во група со Вердер, Тотенхем и Твенте во групната фаза од Лигата на шампионите за новата сезона 2010/11. „Нероаѕурите“ како носители се најдоа на првото место во групата „А“, а за ривали добија сосема квалитетни состави.

 

Од останатите 7 групи по денешната ждрепка во Монако, за издвојување се и групите „Г“ и „Ц“, каде конкуренцијата за нијанса ќе биде поголема од останатите пет. Во групата „Г“ во сито друштво се најдоа Милан, Реал (М), Ајакс и Оксер, додека групата „Ц“ ја пополнија Манчестер Ј., Валенсија, Глазгов Р. и Бурса.

 

Натпреварите од новата сезона во лигата на шампионите почнуваат на 14 и 15 септември. Интересно, на денешната церемонија во Монако, УЕФА ги прогласи најдобрите од минатата сезона. Најдобар голман беше Сезар, најдобар дефанзивец Маикон, наградата за најдобар играч за врска ја доби Снајдер, а најдобар напаѓач беше избран Милито, сите од Интер.

 

 

Комплетната ждрепка на повеќе...
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 113 - 126 од 12934
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image