Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Директорот на АМС Диме Спасовзаедно со Премиерот Никола Груевски и Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, свечено ја пуштија во употреба мултифункционалната сала во основното училиште “Дитурија„.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Сер Алекс: Аман, ставете нова трева!
30.01.2008.

 Менаџерот на Манчестер Ј., Сер Алекс Фергусон, имал сериозен разговор со управата на тимот и побарал, конечно, да се реши проблемот со теренот на Олд Трафорд. Како што пишува весникот САН, Фергусон, бил бесен и покрај победата над екипата на Тотенхем во ФА купот во неделата, откако во текот на целиот меч, нерамниот терен и лошата трева, само дополнително го усложнуваа текот на дуелот. Сер Алекс побарал од управата на „црвените ѓаволи“ под итно да се најдат средства во висина од 250.000 фунти и да се постави нов тревник на „Театарот на соништата“.

Според стручњаците, незадоволството на Сер Алекс е сосема оправдано, затоа што теренот веќе подолго време  откако беше проширен, нема доволно светлина и тревата не ја абсорбира влагата. Овие проблеми не се никаква новост за Олд Трафорд, ако се знае дека се случува и по 4 пати во текот на една година да се менува тревата на стадионот на Манчестер Ј.

 
Обиди за местење средби на КАФ?
30.01.2008.

 Моментно централното светско фудбалско репрезентативно натпреварување, Купот на Африканските нации, го тресат скандали! Според пишувањата на африканските весници, полицијата во Гана добила материјали за да го разгледа случајот на наводен обид за местење на натпревари на актуелното натпреварување.

На селекциите на Бенин и Намибија, минатата недела им биле понудени поголеми парични средства за да ги загубат средбите во групата. Парите им ги понудил непознат човек. Според соопштението на локалните власти во Гана, инцидентот го пријавил селекторот на Бенин, Рајнхард Фабиш, како и фудбалерите на репрезентацијата на Намибија. Генералниот секретар на АФЦ, Мустафа Фами, изјави дека досието е доставено до полицијата, која го разгледува случајот.

На селекцијата на Намибија и биле понудени 30.000 долари по фудбалер за да го загубат дуелот со Гвинеја. Фабиш ги открил сите...

Прочитај повеќе...
 
Кол доби ултиматум од сопругата во 5 точки!
30.01.2008.

 Откако се најде до гуша во проблеми по објавувањето на аферата со фризерката Ејми Волтон, фудбалерот на Челзи, Ешли Кол, на секој начин се обидува да си го спаси бракот со својата сопруга Черил, со која во брачните води „пливаат“ едвај 18 месеци. Како што пренесоа англиските весници, Ешли вчера добил ултиматум во 5 точки од својата сопруга, кој доколку не го исполнува во иднина ќе добие „директен црвен картон“.

Ултиматумот ги има следните барања од Черил Кол: 1. На секој две недели да измислува по еден романтичен гест, 2. Да поминува повеќе време со сопругата, а помалку со компјутерот, 3. Да ги прекине дружењата со пријателите кои сакаат да го разведат, 4. Да оддржува постојан контакт со неа и да не се обидува да се скрие од нејзините...

Прочитај повеќе...
 
Селекторските места на Савевски и Темелковски висат
29.01.2008.

 Ќе се распише конкурс за избор на селектори на машката и женската ракометна репрезентација. Ова, е еден од заклучоците донесени на затворената седница на Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Присутните на состанокот, покрај конкурсот, како дел од следните активности формираа неколку комисии кои ќе треба да го разгледаат досегашното работење на федерацијата и клубовите.

 

На состанокот беше формирана и посебна комисија која ќе преговара со Владата за помагање во организација на престојното, Светското ракометно првенство за јуниорки и Европскиот шампионат кај сениорките. Во комисијата која ќе треба да разговара со Владата меѓу другото и за даночните олеснувања, како и за плаќањето на термините во салите, членови ќе бидат, Претседателот Трифун Костовски, потпретседателите, Михајло Михајловски и Спире Мавровски, како и членот на УО Минчо Јорданов. Покрај ова, УО донесе одлука Биљана Клопчевска да биде нов член во УО на местото на Стојан Клопчевски.
 
Шумуликоски засилување за Ипсвич
29.01.2008.

 Македонскиот фудбалски репрезенативец Величе Шумуликоски ќе биде нов член на англискиот второлигаш Ипсвич. Шумуликоски ги задоволил вкусовите на менаџерот Џим Магилтон, а откако ги договори личните услови, денеска е постигнат договор и меѓу Ипсвич и неговиот досегашен клуб Бурса.

Пред да биде официјално промовиран, Величе треба да ги помине медицинските прегледи и да добие работна дозвола.

За да биде постигнат договорот, Шумуликоски беше на неколкудневна проба на „Портман роуд“ и со одличните игри го заслужи трансферот во англискиот клуб.

 
Палермо бара преигрување на натпревар
29.01.2008.

 Претседателот на италијанскиот клуб Палермо, Мауро Зампарини денеска најави дека по консултацијата со своите адвокати решил да побара службена победа или најмалку преигрување на натпреварот против Рома од 20-то коло на Серија А лигата.

Голот беше постигнат од корнер откако претходно едно од момчињата кои ги додаваат топките многу брзо ја намести топката за изведување на корнерот, а одбраната на Палермо не беше добро поставена, а Мансини казни.

Сега Зампарини вели дека според правила момчињата задолжени за топките треба да стојат позади рекламните паноа и да ја додадат топката на најблискиот играч, а случајот на Олимпико бил поинаков.

 
Сисоко потпиша за Јувентус
29.01.2008.

 Репрезентативецот на Мали Мохамед Сисоко денеска конечно стави потпис на договорот со најтрофејниот италијански тим Јувентус.

Сисоко го напушти Ливерпул во трансфер вреден 11 милиони евра и потпиша петгодишен договор со „Старата дама“.

Интересно е тоа што фудбалерот со специјален лет пристигна од Гана во Торино, ги помина медицинските прегледи и го потпиша договорот со Јуве, по што веднаш се врати на африканскиот континент каде неговата репрезентација ја очекува последниот натпревар во првата фаза од африканскиот куп на нации.

„Среќен сум што потпишав за голем клуб каков што е Јувентус и тоа сигурно е напредок во мојата кариера“, изјави Сисоко на официјалната промоција, надополнувајќи дека ќе му биде голема чест да игра покрај легенди како Буфон и Дел Пјеро и да биде тренирани од Раниери.

 
Ветераните на Македонија и Србија ќе играат на Чаир
29.01.2008.

 На денот на одигрувањето на сениорскиот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија на Градски во Скопје, на стадионот во Чаир пријателски натпревар ќе одиграат и ветераните на овие две земји. Средбата е договорена на 6 февруари од 13:30 часот како увертира за она што потоа (17 ч.) ќе се случува на Градскиот стадион.

Според најавата, во Скопје за овој дуел на ветераните, Србија ќе допатува со познати имиња на бившо-југословенскиот фудбал. За Србија на Чаир треба да истрчаат Петрановиќ, Мирковиќ, Говедарица, Банковиќ, Живковиќ, Сакиќ и уште неколку познати имиња на фудбалот кај нашиот северен сосед. Боите на Македонија на оваа средба ќе ги бранат Ј. Џипунов, С. Јанев, Т. Мицевски, Д. Главевски, Шабани, Т. Наумовски, Љ. Марковски, М. Стојановски, В. Љушев и уште неколку други познати наши имиња.

На средбата ќе бидат поканети и постари имиња на македонскиот и српскиот фудбал кој треба да ја зголемат атрактивноста на настанот, на кој се очекува и добра посетеност. Медиумски спонзор на настанот е Спортското радио 90.3 фм.

 
Рамазанов очекува злато на ЛОИ во Пекинг
29.01.2008.

 Македонскиот борач Мурат Рамазанов, очекува златен медал на ЛОИ во Пекинг. Тој денеска на прес-конференција во МОК изјави дека е задоволен од ангажманот и работата на МОК и Боречката федерација, кои му овозможија одлична програма на подготвителни настапи пред Олимпијадата. Рамазанов ќе настапи на два силни боречки турнири во Минск и Киев следните два месеци, а во април ќе настапи и на ЕП во Тампере.

„Им благодарам на МОК и на Боречката федерација за се што направија досега. Очекувам златен медал на ЛОИ, прво за мене, а потоа и за Македонија“, изјави Рамазанов.

Тој засега е единствениот борач кој е сигурен учесник на ЛОИ во Пекинг. Покрај него, потенцијални патници во Кина се и Дејан Богданов и Љуљзим Вранези, кои ќе се борат за олимписка норма.

 
<< Почеток < Претходна 751 752 753 754 755 756 757 758 759 760 Следна > Крај >>

Резултати 10613 - 10626 од 12966
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

КОШАРКА, СП во ТУРЦИЈА
1/4 финале
Србија - Шпанија 92:89
Турција - Словенија 95:68

 


Флеш вести

07.09.2010

Еден од најдобрите фудаблери на Челзи во оваа натпреварувачка година Флорен Малуда ги одбил Лверпул и Реал Мадрид пред да го реализира трансферот во Челзи. Малуда пристигна во Лондон од екипата на Лион а како пресуден момент за одлуката која ја донел за трансферот во Сините се издвојува што тогаш на левокрлинатата позиција Челзи го имаше само младиот Џо Кол а токму тоа лето си замина Робен.

 

Во текот на зимскиот преоден трансфер рок се очекува италијански Јувентус да се договори со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема во торинскиот клуб пишуваат италијанските медиуми. Јувентус неофицијално се договорил со Реал Бензема да се пресели во Торино оваа зима за трансфер сума од 15 милиони евра.

 

Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Тотенхем неофицијално ја започнале трката по потписот на младиот дефанзивен фудблаер за врска на Барселона Ориол Ромеу. Младинскиот репрезентативец на шпанија посакува да ја напушти барселона отакако ова лето Маскерано се реши да се пресели на Камп Ноу и со тоа се зголеми конкуренцијата токму на таа позиција во Барса.

 

 


Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image