Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Директорот на АМС Диме Спасовзаедно со Премиерот Никола Груевски и Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, свечено ја пуштија во употреба мултифункционалната сала во основното училиште “Дитурија„.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Ветераните ќе играат на игралиштето на ФК Работнички
5.02.2008.

 Во пресрет на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија, голем интерес меѓу љубителите на фудбалот предизвикува и дуелот меѓу ветераните на овие две земји кој на програмата е утре од 13:30. Овој фудбалски спектакл наместо на стадионот во населбата Чаир ќе се одигра на игралиштето на ФК Работнички К. во Градскиот парк, а љубителите на фудбалот ќе може да се потсетат на фудбалските квалитети на легендарните фудбалери кои ќе настапат за двете репрезентации.

За Србија на Чаир треба да истрчаат Петрановиќ, Мирковиќ, Говедарица, Банковиќ, Живковиќ, Сакиќ и уште неколку познати имиња на фудбалот кај нашиот северен сосед. Боите на Македонија на оваа средба ќе ги бранат Ј. Џипунов, С. Јанев, Т. Мицевски, Д. Главевски, Шабани, Т. Наумовски, Љ. Марковски, М. Стојановски, В. Љушев и уште неколку други познати наши имиња.

На средбата ќе бидат поканети и постари имиња на македонскиот и српскиот фудбал кој треба да ја зголемат атрактивноста на настанот, на кој се очекува и добра посетеност. Медиумски спонзор на настанот е Спортското радио 90.3 фм.

 
Кака сака да остане во Милан до пензија
5.02.2008.

 Бразилецот Кака според најновата верзија во своите изјави посакува да стане капитен и до крајот на кариерата да остане во екипата на Милан. Бразилецот во изјава за магазинот „Публико“ вели дека сака да го следи примерот на Паоло Малдини кој по завршувањето на сезоната заминува во пензија, а тогаш ќе биде познат и новиот капитен на „росонерите“.

Кака вели дека го разбира интересот на другите клубови и тој интерес му годи, но сепак тој секогаш бил убеден дека сака да остане на „Сан Сиро„ со надеж дека нема да се остварат најавите дека тренерот Карло Анчелоти ќе си замине ова лето, затоа што со него има одлична соработка.

 
Хицфилд ќе ја превземе Швајцарија
5.02.2008.

 Тренерот на Баерн Минхен Отмар Хицфилд постигнал договор со челниците на фудбалската федерација на Швајцарија за превземање на селекторското место по завршувањето на ЕП во Австрија и Швајцарија. Актуелниот тренер на баварскиот тим ќе биде заменет од Јирген Клинсман, а во текот на вчерашниот ден тој конечно ги услогласил условите со челниците на швајцарската федерација.

Според шпекулациите, Хицфилд ќе стане најскапоплатениот швајцарски селектор откако неговата актуелна плата во Баерн е осумпати поголема од онаа на актуелниот селектор на Швајцарија Коби Кун. 

 
Србија во Скопје без Станковиќ
5.02.2008.

 Фудбалската репрезентација на Србија денеска ќе пристигне во Скопје каде утре

Ќе одигра пријателски натпревар против нашата фудбалска репрезентација. Како и нашиот национален тим, најдобрите фудбалери на северниот сосед првиот собир го имаа вчера, а првиот тренинг го одработија во нецелосен состав.

Според информациите кои се потврдени од Србија, иако Дејан Станковиќ дошол во базата на репрезентацијата, тој денеска нема да допатува во нашата земја, односно нема да настапи на утрешниот натпревар.

Натпреварот Македонија-Србија ќе се игра утре на „Градски“ од 17 часот, а ова ќе биде деби на клупата на Србија за селекторот Мирослав Ѓукиќ.

 
Киган хит во обложувалниците
5.02.2008.

 Новиот менаџер на Њукасл Кевин Киган е многу популарен кај англиските букмејкери откако фановите на оваа екипа масовно се обложуваат дека тој наскоро ќе заработи отказ. Според англиските медиуми, откако тимот предводен од Киган освои само два бода на четири натпревари при што беше постигнат само еден гол, фановите се убедени дека неговиот камбек на клупата на Њукасл нема да трае уште долго.

Дел од букмејкерите понудија однос 4/1 за Киган да биде следниот отпуштен тренер во Англија, а фаворит и понатаму е Рафа Бенитез откако понудата за него е 6/4, по што следуваат Киган и Стив Копел од Ридинг со 4/1.

 
Прандели, тренер на годината во Италија
4.02.2008.
 Тренерот на Фиорентина Чезаре Прандели е прогласенз за најдобар тренер во 2007-та година во Италијанската Серија А. Признанието „Златна клупа“ му припадна на Прандели втора година по ред што е големо признание за овој стручњак кој има солидни резултати со тимот на виолетовите.

Гласовите за оваа награда ги даваат тренерите, па според Прандели голема чест е две години по ред да се добие ова признание од своите колеги, инаку големи ривали на теренот. Прандели ја загуби својата сопруга која почина по долго боледување, но сепак фудбалерите на Фиорентина се уште имаат шанси да бидат дел од четворката која обезбедува пласман во ЛШ.

Прочитај повеќе...
 
Металург го освои турнирот во Рума
4.02.2008.

Македонскиот ракометен вицешампион Металург триумфираше на турнирот „Нови Сад“ кој синоќа заврши во Рума. Металург во финалето славеше против екипата на Борац од Бања Лука со 23:21 и со тоа го освои првото место на подготвителниот турнир на кој учествуваа 10 екипи.

Третото место го освои Пролетер кој во малото финале славеше против екипата на Црвена Звезда со 35:30.

Признанието за МВП на турнирот, односно специјалната награда „Богдан Родиќ“ ја доби членот на Металург и наш репрезентативец Филип Миркуловски.

 
Рекреативо го смени тренерот
4.02.2008.

 Шпанскиот прволигаш Рекреативо Хуелва направи смена на тренерското место, откако клубот има очајна серија, а последниот натпревар со локалниот ривал Севиља го загуби со 2:1 пред своите фанови.

Виктор Муњоз мораше да си замине од функцијата, а неделниот дуел беше седми по ред на кој Рекреативо не знае за победа.

Наследник на Муњоз ќе биде досегашниот тренер на вториот тим Маноло Замбрано.

Рекреативо по ова коло се наоѓа на 19-то место од вкупно 20 екипи.

 
Прогласени 50-те највлијателни
4.02.2008.

 По повод прославувањето на 50-годишнината од стартот на европските кошаркарски купови, Евролигата ги прогласи највлијателните педесет европски кошаркарски личности во историјата. Комисијата на стручњаци кои гласале биле предводени од легендарниор Бора Станковиќ, а признанијата ќе бидат доделени на претстојната Фајнал фор завршница во Мадрид.

На списокот на кошаркари се најдоа: Алвертис, Берковиќ, Брабендер, Ќосиќ, Далипагиќ, Делибашиќ, Ѓорѓевиќ, Џинобили, Кораќ, Лујк, Макаду, Морс, Папалукас, Петровиќ, Раџа, Родригез, Сан Епифанио, Јанакис, Белов, Бодирога, Корбалан, Д’Антони, Даниловиќ, Дивац, Галис, Јасикевичијус, Кукоч, Марцорати, Менегин, Осола, Паркер, Рива, Сабонис и Шчербијак.

На листата на највлијателните тренери се: Фернандиз, Гомељски, Маљковиќ, Николиќ, Петерсон, Гершон, Ивковиќ, Месина, Обрадовиќ и Саинц.

 
<< Почеток < Претходна 751 752 753 754 755 756 757 758 759 760 Следна > Крај >>

Резултати 10557 - 10570 од 12966
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

КОШАРКА, СП во ТУРЦИЈА
1/4 финале
Србија - Шпанија 92:89
Турција - Словенија 95:68

 


Флеш вести

07.09.2010

Еден од најдобрите фудаблери на Челзи во оваа натпреварувачка година Флорен Малуда ги одбил Лверпул и Реал Мадрид пред да го реализира трансферот во Челзи. Малуда пристигна во Лондон од екипата на Лион а како пресуден момент за одлуката која ја донел за трансферот во Сините се издвојува што тогаш на левокрлинатата позиција Челзи го имаше само младиот Џо Кол а токму тоа лето си замина Робен.

 

Во текот на зимскиот преоден трансфер рок се очекува италијански Јувентус да се договори со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема во торинскиот клуб пишуваат италијанските медиуми. Јувентус неофицијално се договорил со Реал Бензема да се пресели во Торино оваа зима за трансфер сума од 15 милиони евра.

 

Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Тотенхем неофицијално ја започнале трката по потписот на младиот дефанзивен фудблаер за врска на Барселона Ориол Ромеу. Младинскиот репрезентативец на шпанија посакува да ја напушти барселона отакако ова лето Маскерано се реши да се пресели на Камп Ноу и со тоа се зголеми конкуренцијата токму на таа позиција во Барса.

 

 


Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image