Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Директорот на АМС Диме Спасовзаедно со Премиерот Никола Груевски и Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, свечено ја пуштија во употреба мултифункционалната сала во основното училиште “Дитурија„.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Џеко и Мисимовиќ вечерва во нападот на Кодро
26.03.2008.

 Босанските медиуми денеска веќе ги објавија можните состави на Босна и Херцеговина и на Македонија за вечерашниот дуел на „Билино Поље“ во Зеница. Според најавите поради повреда Златан Муслимовиќ ќе го нема во првиот избор на босанскиот селектор Кодро, додека вирозниот Саша Папац е најавен како стартер на вечерашниот дуел.

Кај нашата селекција Катанец очигледно нема некои поголеми дилеми за најдобрите 11. Во одбраната стандардно ќе бидат Седлоски, Новески и Митрески, во средниот ред шанса од првите минути ќе добие Гроздановски, а во нападот се враќа Наумоски со Мазнов. Пандев ќе игра зад нив.

Еве ги најавените состави за вечерашната средба во Зеница:


Прочитај повеќе...
 
Јане Ахонен „летна“ во пензија
26.03.2008.

 Легендарниот фински ски-скокач Јане Ахонен, изненадувачки денеска објави дека по завршувањето на националното првенство на Финска и става крај на својата долгогодишна и успешна кариера на скокалниците. 30-годишниот Ахонен, кој пред неколку месеци по петтипат рекордно триумфираше на новогодишната турнеја „4 скокалници“ на прес-конференција изјави дека неколкупати сакал да ја заврши кариерата во моментите кога е најдобар во овој спорт и пресудил дека точно сега е вистинскиот момент за тоа.

Легендата на ски-скокалниците во својата кариера има две титули cо Светскиот куп, како и 36 остварени победи на напреварите низ шампионатите во сите овие години. Во сезоната 2004/05 тој рекордно победи на 12 скокалници распоредени во календарот од Светскиот куп.

Носител е на светската титула од 2005 година, а единствениот трофеј кој не успеа да го освои во својата долгогодишна кариера е олимписки медал. Сепак и самиот вели дека е презадоволен од она што го постигна во годините наназад.

 
БиХ без Муслимовиќ, Папац со температура
26.03.2008.

 Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ослабена ќе настапи на вечерашниов пријателски натпревар против селекцијата на Македонија. Според последните информации од Зеница, селекторот Мехо Кодро на своето деби на селекторската функција нема да смета на можеби најдобриот напаѓач Златан Муслимовиќ, откако членот на Аталанта се вратил во Бергамо поради повредата која што ја има.

Кодро има проблеми има и во дефанзивната линија, затоа што фудбалерот на Глазгов Ренџерс Саша Папац има висока температура и ќе биде неизвесен до последен момент.

Претходно, од составот поради повреди отпаднаа Бајиќ и Круниќ, а Хрговиќ не допатува од Јапонија.

 
Бекам-манијата спласна
26.03.2008.

 Дејвид Бекам предизвика голема еуфорија во САД откако минатата година потпиша мултимилионски договор со екипата на Лос Анџелес Галакси. Клубот ги продаде сеите влезни билети, а интересот за МЛС лигата беше како никогаш досега во светски рамки.

Но новата сезона во 2008 година многу пореално ќе ги отслика случувањата на американската фудбалска сцена, бидејќи според комесарот на лигата Дон Гибсон еуфоријата спласнала и ако приказната била интересна на почетокот, сега е секојдневна и вообичаена. Пред да започне со настапите во новата МЛС сезона, Бекам ќе го има и стотиот настап во дресот на англиската репрезентација.

 
Видиќ и Станковиќ во полиција
26.03.2008.

 Српските фудбалски звезди Немања Видиќ и Дејан Станковиќ биле повикани на информативен разговор во полиција поради нивните трансфери. Видиќ и Станковиќ кои се подготвуваат за пријателскиот натпревар против Украина биле повикани во Министерството за внатрешни работи на Србија за да бидат испрашувани за нивните трансфери од Црвена Звезда остварени во 1998 и 2004 година.

Полицијата се уште се бори против фудбалската мафија во Србија, а трансферите на Станковиќ и Видиќ во Лацио, односно Спартак Москва беа вредни повеќе од 20 милиони евра.

 
Шева сепак не очекува трето дете
26.03.2008.

 Фудбалерот на Челзи Андриј Шевченко ги демантираше информациите на англиските таблоиди дека неговата сопруга Кристин Пажик повторно е бремена и ќе очекува трето дете. Украинецот вели дека тој и неговата сопруга донеле одлука да направат пауза по двете деца кои ги добија изминатиот период, затоа што како што призна Шева и сега неможат да спијат од своите потомци.

Иако се појавија шпекулации дека Шевченко ќе се врати во екипата на Милан, тој вели дека е среќен во Лондон и не планира да ја напушти англиската престолнина. На крајот на своето последно интервју, Шева призна дека сака да ја заврши кариерата во неговиот матичен клуб Динамо Киев.

 
Шекил волонтер во полицијата
26.03.2008.

 Звездата на НБА лигата Шекил О`Нил се пријавил како волонтер во полицијата во Феникс, инаку градот каде што настапува во дресот на Феникс Санс.

Претставници на полицијата потврдија дека по сопствена иницијатива, О`Нил ќе биде дел од полицијата иако се работи за премногу зафатен човек кој речиси во текот на целата година има обврски.

Од полицијата велат дека се свесни за неговата пребукираност, но кога веќе се пријавил нема да се откажат од неговите услуги, па тој ќе работи со раздавање на рекламен материјал за кампањите на полицијата и составување на одредени записници во администрацијата.

 
Зампарини: Мојот тим е најслаб во Италија
26.03.2008.

 Контроверзниот претседател на Палермо Маурицио Зампарини уште еднаш јавно ги критикуваше фудбалерите на својот тим велејќи дека Палермо во моментов е најслб тим во Серија А и што е најлошо, очекува лоши резултати до крајот на сезоната.

Откако тренерот Франческо Гвидолин му откажа послушност на Зампарини, на неговото место беше поставен Стефано Колантуано што се случува вторпат сезонава. Сицилијанскиот бос вели дека следниот натпревар на Палермо е против Наполи, а според атмосферата тој со 80 процентна сигурност очекува мечот да биде загубен.

 
Чавиќ мета за спонзорите
26.03.2008.

 Српскиот пливач Милорад Чавиќ стана мета на компаниите кај нашиот северен сосед откако предизвика голем публицитет со инцидентот предизвикан за време на ЕП во пливање во Ајндховен, Холандија. Чавиќ за време на церемонијата на доделување на медали се појави со маица на која пишуваше „Косово е Србија“, по што организаторот и Европската пливачка федерација (ЛЕН) го суспендираа и не му дозволија да се појави на следните натпревари, а го казнија и со 3000 евра.

Здружението на српските банки одлучи да му додели месечна стипендија од 3000 евра на Чавиќ со што ќе му помогне во подготовките за ОИ во Пекинг, каде овој пливач кој е роден во САД ќе биде еден од главните адути на Србија.

Се очекува и други спонзори да го наградат Чавиќ за патриотскиот потег за време на ЕП во Ајндховен со тоа што финансиски ќе го подржуваат во наредниот период.

 
<< Почеток < Претходна 721 722 723 724 725 726 727 728 729 730 Следна > Крај >>

Резултати 10165 - 10178 од 12966
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

КОШАРКА, СП во ТУРЦИЈА
1/4 финале
Србија - Шпанија 92:89
Турција - Словенија 95:68

 


Флеш вести

07.09.2010

Еден од најдобрите фудаблери на Челзи во оваа натпреварувачка година Флорен Малуда ги одбил Лверпул и Реал Мадрид пред да го реализира трансферот во Челзи. Малуда пристигна во Лондон од екипата на Лион а како пресуден момент за одлуката која ја донел за трансферот во Сините се издвојува што тогаш на левокрлинатата позиција Челзи го имаше само младиот Џо Кол а токму тоа лето си замина Робен.

 

Во текот на зимскиот преоден трансфер рок се очекува италијански Јувентус да се договори со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема во торинскиот клуб пишуваат италијанските медиуми. Јувентус неофицијално се договорил со Реал Бензема да се пресели во Торино оваа зима за трансфер сума од 15 милиони евра.

 

Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Тотенхем неофицијално ја започнале трката по потписот на младиот дефанзивен фудблаер за врска на Барселона Ориол Ромеу. Младинскиот репрезентативец на шпанија посакува да ја напушти барселона отакако ова лето Маскерано се реши да се пресели на Камп Ноу и со тоа се зголеми конкуренцијата токму на таа позиција во Барса.

 

 


Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image