|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Болт: Да истрчам 9,4 секунди, па станувам фудбалер |
|
5.09.2010. |
Светскиот рекордер на 100 метри, Јамајчанецот Јусеин Болт, изјави дека наскоро ќе стане професионален фудбалер, откако ќе заврши со целта поставена во светската атлетика, а таа е да истрча 9,4 секунди на 100 метри. „Имам уште 4 години да тренирам напорно, а птоа може уште две годни активно и професионално да заиграм фудбал. секогаш кога гледам фудбал на ТВ мислам дека време е и јас да се најдам на терените“, изјавил Болт за ВВС. Болт не крие дека најголема желба и цел во кариерата е да стане единствениот атлетичар кој границата на 100 метри може да ја спушти до 9,4 секунди. Болт во својата автобиографија напиша дека посакува да го наследи Рајан Гигс во дресот на Манчестер Ј. откако Велшанецот ќе реши да замине во пензија. |
|
|
Рејес испратен на блиц-лекување во Мадрид |
|
5.09.2010. |
Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Фелипе Рејес веднаш по синоќешната победа над Грција на Мундобаскетот во Турција и пласманот во 1/4 финалето, замина во Шпанија да ја лекува новата повреда. Како што објавија од селекцијата на светскиот шампион, Рејес два дена ќе помине во Мадрид и пак ќе се врати во Турција. „По разговорите меѓу Шпанската федерација и неговиот клуб Реал Мадрид беше донесено решение Рејес да се врати во главниот град и да помине два дена под третман на клупските лекари. Тој не е првиот кој добил ваков третман, затоа што за време на СП беше прекинато неговото лекување на старата повреда“ објавија од Федерацијата. Рејес би требало да се врати во Истанбул в понеделник попладне и да и се приклучи на репрезентацијата. В среда Шпанците имаат исклучително тежок меч во 1/4 финалето против одличната селекцијата на Србија. |
|
|
Трагедија на ГП на Сан Марино |
|
5.09.2010. |
Јапонскиот мотоциклист Шоја Томизава почина од повредите кои ги доби откако претрпе тежок пад за време на трката од Мото 2 серијата (250 ссм) за големата награда на Сан Марино. Веста ја објави италијанската телевизија. Возачот на Зутер падна во една кривина со полна брзина и се удри во моторите на Алесандре Анџелис и Скот Рединг. Од болницата во Мизано објавија дека кај нив е донесен Томизава кој се наоѓал во исклучително лоша состојба. И покрај тешката несреќа трката во оваа втора класа продолжи, а победата му припадна на Тони Елијас. Во текот на целата трка телевизиските коментатори бараа трката да биде прекината. Мото 2 е новото име за поранешната класа до 250 ссм. Натпшреварите се дел од капелнадот на Мото ГП. За Тони Елијас денешниот успех е всушност 6-та победа оваа сезона во оваа класа. |
|
|
„Стиви Џи“ нападнат од пијан гостин во хотел |
|
5.09.2010. |
Капитенот на Ливерпул и англиската репрезентација Стивен Џерард бил нападнат, објави „Сандеј Мирор“. Фудбалерот бил нападнат на забавата по повод 30-от роденден на сопругата на неговиот клупски колега Џејми Карагер од еден од гостите на роденденот. Како што објави таблоидот, Џерард бил удрен од еден од гостите кој бил пијан, додека капитенот на Ливерпул разговарал со сопругата на Џејми, Никол, и со неколку нејзини пријатели. Роденденот се одржал во хотел во Ливерпул, а шокираните гости едвај успеале да ги раздвојат двајцата. ,„Стивен разговараше, кога тоа момче почна да го напаѓа. Очигледно се беше без причина. Му се нафрли и почна да го пцуе и да го навредува. Пред да сфатиме што се случи тој замавна и го удри. Среќа што ударот не беше силен, затоа што човекот беше многу пијан. И Стивен се шокираше, како и сите останати“, изјавил очевидец на настанот. |
|
|
Харгривс и Бебе не се во списокот на Сер Алекс за ЛШ |
|
5.09.2010. |
Манчестер Ј. не го пријави поранешниот англиски репрезентативец Овен Харгривс, како и новото португалско засилување Тиаго Маниел Кореја - Бебе, во списокот на фудалери за групната фаза од Лигата на шампионите. 29-годишниот Харгривс се опоравува од операциите на двете колена уште од 2008 година, а ги пропушти и подготовките во предсезоната. Тој се уште не е подготвен за игра, иако лекарите прогнозираат дека за неколку месеци може да се врати на фудбалските терени. Во списокот на оние кои ќе играат во ЛШ оваа сезона за Манчестер Ј. го нема и младиот 20-годишен Португалец, Бебе, кој за сума од 7,4 милиони фунти дојде од Виторија Гимараеш ова лето. Тој очигледно не е во конкретните планови на Сер Алекс за новата европската фудбалска сезона. Интересно е тоа што менаџерот на „ѓаволите“ пријави само 24 фудбалери за групната фаза, еден помалку од бројката дозволена од УЕФА. Во составот на Манчестер Ј. се најде и Димитар Бербатов, кој беше мета на многу шпекулации околу довербата која ја има во тимот. |
|
|
Барса ќе му понуди нов „дил“ на Дани Алвеш |
|
5.09.2010. |
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека управата на актуелниот шпански шампиони, Барселона, се подготвува да му понуди нов договор на десниот бек Дани Алвеш. Бразилецот кој во 2008 година пристигна од Севиља одигра две фантастични сезони, па Пеп Гвардиола и раководството сакаат да го задржат што подолго во својот тим. 27-годишниот Алвеш има договор со Барселона кој завршува во 2012 година, а каталонците најверојатно ќе му понудат нов на дополнителни две години заклучно со јуни 2014 година. Претседателот на Барса, Сандро Росел изразил елба да го осигура престојот на бразилскиот бек и наскоро најавил старт на преговорите околу новиот договор. Интерес за услугите на Дани Алвеш има од екипата на Манчестер Сити која ова лето се обидела да преговара со управата на каталонците за овој играч. Барселона во старт ги одбила разговорите, но ако Алвеш одигра уште една сјајна сезона, јасно е дека следното лето врз него ќе се прави голем притисок да замине во некој друг европски гигант. |
|
|
Руни ќе игра со Швајцарците и покрај секс-скандалот |
|
5.09.2010. |
Англискиот репрезентативец Вејн Руни ќе патува заедно со репрезентацијата за Швајцарија, каде Англичаните ги очекува нов меч во квалификациите за ЕП 2012 година во вторник. Покрај проблемите во приватниот живот и секс-скандалот во кој беше замешан деновиве, преставници од ФА велат дека тој потврдил дека ќе игра за Англија во вторник. Денеска весникот „Сандеј Мирор“ објави материјал кој покажува дека Руни ја изневерува својата жена. Напаѓачот бил фатен во друштво на една проститутка додека неговата сопруга Колин била бремена со синот Каи. Веднаш по објавениот материјал во весникот се појавија информации дека Руни нема да патува со репрезентацијата за Швајцарија. Преставници на ФА веднаш излегоа со дематн на пишувањата дополнувајчќи дека стручниот штаб го очекува и на денешниот закажан тренинг. Руни во последните 11 меча за Англија нема постигнато гол. |
|
|
Бориело ќе дебитира в сабота против Каљари |
|
5.09.2010. |
Новиот напаѓач на Рома, Марко Бориело, речиси сигурно ќе дебитира за својот нов тим на натпреварот против Каљари, кој ќе се одигра в сабота. Клаудио Раниери бил разочаран од играта на Мирко Вучиниќ против Чезена во првото коло и сигурно ќе побара промена во нападот. Бориело одлично се претставил на првите тренинзи на „Олимпико“ и веќе го импресионирал својот нов тренер. Голгетерот постигна два гола на последниот тренинг на „волќицата“, а со него во тимот бил и ветеранот Франческо Тоти. Фановите на Рома исто така посакаа да го видат Марко во првиот тим за следната средба, особено по лошата реализација на нивниот тим на премиерата во новата сезона. Фановите бараат да се врати ефикасноста на тимот од минатата сезона. |
|
|
Хоџсон го сака Хонда на “Енфилд„ |
|
4.09.2010. |
|
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул Рој Хоџсон има намера да ја активира во своите редови голeмата ѕвезда на јапонскиот фудбал Кејсуке Хонда.
По продажбата на Хавиер Маскерано, Јуси Бенајун и Алберт Риеира, искусниот стратег добил ветување од раководството на “црвените„ дека ќе може да искористи дел од парите за да го добие потписот на јапонскиот репрезентативец.Според проценките на трасфер пазарот, вредноста на Хонда е околу 12. милиона фунти.Напаѓачот на „самураите“ одигра одлично на последното Светско првенство во Јужна Африка и го привлече вниманието на повеќето елитни состави од Европа. Според пишувањата низ весниците се тврди, дека тој не е сигурен дали сака и натаму да остане во редовите на рускиот состав ЦСКА Москва или има намера да се активира во Премиерлигата и таму да ја продолжи кариерата. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 14 од 12934 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|