„Новинарите“ подобри од репрезентацијата |
25.12.2006. |
Селекцијата составена од новинарите беше подобра од селекцијата на Македонија со 109-92 во главниот меч на Ол-Стар викендот кој се одржа во Скопје во салата во Градскиот Парк. Предводени од Кирил Павловски, кој ја доби и МВП наградата по мечот, „новираните“ беа подобри од избраниците на Јорданчо Давитков кои во своите редови го имаа, пак, најефикасниот на паркетот, Перо Антиќ...
...На полувремето на овој дуел, се одржа и финалето во забивање, каде според гласовите на жирито, победи Перо Антиќ, додека пак, КФМ во паузите меѓу четвртините ги врачи и наградите за најдобрите во 2006 година. Најдобар сениор е Тони Симиќ, најдобар интернационалец Тодор Гечевски, најдобра сениорка Лидија Милкова, а најдобар тренер Јорданчо Давитков. Најдобар тренер во странство е Заре Маркоски, додека награди имаше и за најдобрите во младинска конкуренција. Најдобра младинка е Јелена Антиќ, додека кај младинците награди добија тројца: Предраг Самарџиски, Александар Костовски и Дарко Соколов. Ова беше прво издание на Ол-Стар викендот, а од КФМ најавија дека и следната година истиот ќе биде во календарот на активности. |