ALL-STAR викенд во Градски Парк |
23.12.2006. |
В сабота и в недела од 18.30 часот во салата во Градскиот парк во Скопје, КФМ организира вистинско баскет-шоу. Првото издание на Ол-Стар викендот кој трае два дена и кој ќе ги собере најголемите кошаркарски имиња од земјава на манифестацијата по повод 60-годишнината од кошарката во Македонија...
... Во саботната програма на програмата беше јуниорскиот дуел на кој најголемите кошаркарски надежи во нашата земја одиграа натпревар во кој имаше многу атрактивни потези, а резултатот беше во втор план. За МВП на дуелот беше избран Дамјан Стојановски од Вардар Осигурување, додека на турнирот во забивање победи Александат Стефановски од АМАК. Во вечерниот термин одбележан 60-годишниот јубилеј на КК Работнички со дуелот помеѓу актуелната екипа на овој клуб и селекцијата на Космофон лигата, на кој Работнички победи убедливо со 99:81, а Диме Тасовски беше избран за МВП на овој натпревар. На турнирот во шутирање тројки за ветерани победи Драган Василов
В недела од 18.30 часот почнува дуелот Ол-Стар женската селекција и селекцијата на Македонија до 18 години. Во 20.30 следува главниот дуел меѓу Македонија и Селекција на медиуми. На Ол-Стар викендот ќе има и натпревар во забивање и натпревар во шутирање тројки и во машка и во женска конкуренција. Официјален медиумски спонзор на настанот е СПОРТСКОТО РАДИО 90.3 ФМ. |