Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Јонуз одбра 18 патници за Малта
28.07.2010.
 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Малта за контролниот меч кој треба да го одиграме на 11 август во Ла Валета. На списокот на Јонуз за последната контрола пред квалификациите за ЕП 2012 се најдоа 18 фудбалери, меѓу кои овој пат ќе биде и нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев.

 

„Овој натпревар во Малта ќе ни овозможи да се подготвиме и одиграме добар натпревар во гости, бидејќи првиот натпревар ни е со Словачка во Братислава на 3 септември. Ќе се обидеме да спроведеме игра и тактика како противигра за Словачка, која се покажа како многу зрела и силна репрезентација на СП“, изјави Јонуз за сајтот на ФФМ.

 

Пред натпреварот нашите фудбалери ќе имаат два тренинга. За Малта патуваат фудбалери кои и досега беа во изборот на Јонуз за пријателските средби, па од нив ќе се прави и костурот на селекцијата за следниот квалификациски циклус.

 

Список на репрезентативци на повеќе...

ГОЛМАНИ:

Томе Пачовски

Един Нурединовски 

ОДБРАНА:

Ванче Шиков

Бобан Грнчаров

Игор Митрески

Николче Новески

Владе Лазаревски

Горан Попов 

СРЕДИНА:

Арменд Алими

Славчо Георгиевски

Величе Шумуликоски

Марио Ѓуровски 

НАПАД:

Горан Пандев

Бесарт Ибраими

Иван Тричковски

Илчо Наумоски

Ацо Стојков

 
< Претходно   Следно >
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image