|
Миха: Жал ми е што го победив Интер |
|
13.03.2010. |
Актуелниот тренер на Катанија, Синиша Михајловиќ, изјави дека е истовремено и среќен и тажен по победата од 3:1 која неговата сегашна екипа ја оствари синоќа на средбата со Интер. „Ова е голема победа, во тоа нема сомневање, но истовремено ми е многу тешко кога ќе играм или како сега, да водам друг тим против Интер. И нив им посакувам се најдобро во иднина“, изјавил српскиот стратег. Михајловиќ во коментарот за натпреварот вели дека главниот адут на неговата екипа на синоќешниот дуел со Интер била агресивната и напаѓачка игра. „Видовте дека и Катанија игра со тројца напаѓачи. Немаме респект кон големите на теренот и секогаш сакаме да се надигруваме. Имавме шани и во првото полувреме и бевме казнети за промашувањата. На крајот сепак се радувавме“, дополнил Михаловиќ.
|