|
Хидинк се откажа од „слоновите“ |
|
13.03.2010. |
Холандскиот тренер Гус Хидинк, изјави дека, сепак, нема да седне на кормилото на фудбалската репрезентација на Брегот на слоновата коска. Иако се очекуваше негов договор со Русија за раскинување на тамошниот „дил“ и ангажман на кормилото на „слоновите“ за време на СП 2010, сепак, холандскиот стратег се откажа. „Водевме преговори, разговаравме, но мислам дека во моментов нема начин како да ги водам фудбалерите на Брегот на слоновата коска на СП. Знам дека Дидие Дрогба и претседателот на федерацијата Жак Аноума многу сакаа да бидам со нив на СП, но навистина не ми е лесно и морам да ги одбијам. Сега мора да се свртам кон работата на кормилото на селекцијата на Турција“, изјавил Хидинк. Медиумите претпоставуваат дека Холанѓанецот не добил согласност од Русија за предвремено раскинување на договорот кој е во сила до 30 јуни, а исто така и Турците вршеле притисок кон него затоа што од 1 август треба и официјално да стане селектор на оваа селекција за добра сума на средства.
|