|
Рибери: Направивме важен чекор напред |
|
10.03.2010. |
Еден од најдобрите во редовите на Баерн Минхен на Френк Рибери по поразот од Фиорентина од 3-2 реши да ги пофали своите соиграчи кои и покрај поразот во Италија сепак на крајот со вкупниот резултат од двете средби успеаа да се пласираат во 14 финалето од Лигата на Шампионите. „Пласманот во следната рунда е многу важен чекор за нас оваа сезона. Знаевме дека нема да биде лесно, а и лошото време не ни беше од помош но сепак на крајот успеавме да оствариме онолку колку и ни беше потребно.“ - изјави Рибери. Пласманот на Баерн Минхен ќе остане запаметен по нерегуларниот гол кој го постигна Клосе на првата пресметка во Германија за кој Италијанците и официјално доставија приговор но истиот беше одбиен со образложение дека сепак судиската одлука е последната која може да влијае над конечниот исход.
|