|
Бентнер: Сите сме заслужни за успехот |
|
10.03.2010. |
Фудбалерот на Арсенал, Никлас Бентнер јавно проговори за чуството за постигнатите три гола на синоќешниот натпревар со Порто кој беше одигран во рамките на реванш дуелите во 1/8 финалето од Лигата на шампионите и заврши со победа на Арсенал од 5:0. „Прекрасно е чуството особено по малата гол пауза која ја имав на последните средби. Благодарение на моите голови за кои морам да кажам заслужна е целата екипа се пласиравме во следната рудба и тоа не прави сите многу среќни и задоволни.“ - изјави Бентнер Напаѓачот на Арсенал беше во центарот на вниманието минатата вечер особено по лошото издание за време на викендот, но младиот фор на крај успеа да ја оправда довербата укажана од Арсен Венгер и со тоа да ја потврди својава фудбалска големина.
|