|
Портсмут пред нова продажба |
|
8.02.2010. |
Наскоро екипата на Портсмут може да го поздрави својот нов, веќе петти сопственик. Веста денеска ја пласираше весникот „Мирор“ кој вели дека две компании се во трка за сопственичкиот пакет во англискиот премиерлигаш. Извршниот директор Мајк Џејкоб потврдил дека се разгледува можноста за промена на сопственоста, но засега од заинтересираните компании не стигнува потврда за потребните средства за купување на клубот. Прв на листата на потенцијални нови сопственици е бизнисменот од Хонг Конг, Балрам Шаинраи, кој минатата седмица имал состанок со актуелниот сопственик Ал Фарај, кој пак, му ги понудил своите 90% од сопственоста на клубот. Шаинраи досега во еден наврат му позајми на клубот 17 милиони фунти, но не се знае дали истите клубот му ги вратил. Ако тоа не се случило, бизнисменот од Хонг Конг може оваа сума да ја смета за свој влог во сопственоста на популарните „Помпи“. Директорот Џејкоб не сакал да шпекулира со имињата на заинтересираните компании, но изјавил дека доаѓаат од неколку различни страни на светот.
|