|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
|
Мурињо: Пандев е гладен за игра и за голови! |
|
8.02.2010. |
По уште еден извонреден настап во дресот на Интер, Горан Пандев е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Нов гол, уште една извонредна асистенција и нови одлични 90 минути, веќе го докажаа она што многумина го прогнозираа, дека неговиот трансфер во Интер е најдобриот реализиран трансфер оваа зима. Тренерот на „нероаѕурите“, Жозе Мурињо, по вчерашниот меч со Каљари пред новинарите уште еднаш потенцираше дека Пандев одлично се вклопи во тимот и дека се работи за извонреден фудбалер. Португалецот на прашањето, дали вчерашниот меч е доказ за квалитетите на Пандев вели: „Јас очекував од него напаѓач од таков калибар. Па, Пандев е гладен за игра, за голови. Тоа се чувствува. Без разлика дали тој изгледа тивко, тој едноставно гризе на теренот. Таа глад за игра се виде и на денешниот дуел. Одигра одлично и во подефанзивни задачи во отсуство на Снајдер. Дали тој може да го замени Снајдер? Зависи од ситуацијата. Денеска одигра добро во дефанзива, но тоа порано го правеле и Милито и Ето“, вели Мурињо.
|
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|