Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
СП 2010 - Ј. АФРИКА
ФИФА убаво заработи од СП во ЈАР
13.07.2010.

 3,2 милијарди долари се вкупните приходи кои ги оствари ФИФА од светското првенство кое заврши пред неколку дена. 1,2 милијарди долари од спонзори и 2 милијарди долари од тв права и VIP билети се главните полначи на касата на ФИФА.

 

Од друга страна ФИФА соопштила дека за организацијата на СП во ЈАР се потрошени 1 милијарда долари што значи дека вкупната заработувачка која ја остврила ФИФА од ова СП е 2,2 милијарди долари. Ова на некој начин значи дека ФИФА си го обезбеди својот буџет за наредните 4 години одосно до новото СП во Бразил во 2014 година.

 

„Буџетот за наредните 4 години ни е обезбеден околу 95%“ изјавил портпаролот на ФИФА Николас Мењо. - 75% од овие средства ќе бидат искористени за развојот на фудбалот додаваат од ФИФА.
 
Пол се откажа од типувањето
13.07.2010.
 По завршувањето на Мундијалот во Јужна Африка и точната прогноза на осум средби во континуитет октоподот Пол заслужи да се пензионира од спортскиот ангажман или дејност по која стана светски популарен.

 

„Тој и во иднина ќе биде нашата гордост. Но веќе нема да биде дел од насловните страници на светските спортски весници. Ќе продолжи да си ја работи неговата работа, т.е да не забавува нас и децата кои го посетуваат.“ - изјави преставник од аквариумот во Оберхаузен.

 

Пол ќе остане запаметен во мундијалската историја со неговото типување на сите средби во кои настапи Германија како и типот за победата на Шпанија во финалето со Холандија.
 
Чави истрча два маратона за време на СП 2010
12.07.2010.
 Моторната сила на шпанската фудбалска репрезентација Чави Ернандез, претрча преку 80 километри на седумте средби за шпанската фудбалска репрезентација на Мундијалот во Ј. Африка. Според статистиката и преметките на ФИФА, тој е фудбалерот со најмногу километри во нозете за време на натпреварите на СП.

 

На второто место на листата на фудбалери кои претрчаа најмногу на средбите на СП е Бастијан Швајнштајгер кој според пресметките претрча 79,80 километри. Максимилојано Переира од Уругвај е трет со претрчани 78,60 километри.

 

Во петорката која имаше најмногу работа на теренот, а вложи и најмногу сили се најдоа и Сами Кедира со претрчани 78,57 километри и Аревало Риос од Уругвај со 74,80 километри во своите нозе.
 
Милер е прогласен за најдобар млад играч во Јужна Афри
12.07.2010.
 Германскиот репрезентативец Томас Милер очекувано е прогласен за најдобар млад фудбалер на реализираниот Мундијал во Јужна Африка.

Актуелниот фудбалер на германскиот Баерн Минхен на најголемиот планетарен фудбалски собир успеа да постигне 5. голови, имаше реализирани три асистенции а во два наврата беше избран и за најкорисен фудбалер на натпревар.

Дваесетгодишниот Милер кој ја освои наградата и за најдобар голгетер на Светското првенство во Јужна Африка, зад себе во рангирањето ги остави: Андре Ајуа од селекцијата на Гана и репрезентативецот на Мексико Џовани Дос Сантош.
 
 
Форлан е најдобриот играч во изборот на ФИФА
12.07.2010.

 Напаѓачот на селекцијата на Уругвај Диего Форлан е избран од старна на ФИФА за најдобар фудбалер на штотуку завршениот Мундијал во Јужна Африка.

 

Голгетерот на Уругвај наградата од Адидас „Златна топка“ ја освои благодарение на постигнатите 5. погодоци и проценката дека е најзаслужен за неочекуваниот висок пласман на јужноамериканскиот состав на Светското првенство во Јужна Африка.

 

За најдобар чувар на мрежата на собирот на Црниот континент е прогласен репрезентативецот на Шпаниј Икер Касиљас кој на вкупно одиграни седум натпревари прими само два гола и тоа во првата фаза од Мундијалот.  
 
Шпанците први низ целта во Јужна Африка
11.07.2010.
 Во финалето на фудбалскиот Мундијал во Јужна Африка селекцијата на Шпанија по продолжение ја совлада Холандија со 1:0, откако во регуларниот дел резултатот остана 0:0.

Во величествен амбиент на стадионот Сокер Сити во изедначен и на моменти возбудлив дуел, ниту “лилињата„ ниту шпанците, за 90. минути не успеаа да наметнат темпо и да дојдат до опиплива иницијатива.Повремените блесоци на холанѓанецот Ариен Робен  и на спротивната страна на првиот стрелец на „црвената фурија“Давид Виља, не вродија со плод во речиси и 100. настотни позиции.За разлика од нив, голманите на двата состава Икер Касиљас кај новиот Светски шампион и Мартин Стекеленбург на голот на „портокаловите“ имаа неколку бравурозни одбрани.

Премиерната титулата Светски првак на шпанците им ја донесе Андрес Иниеста во 116. минута кога искористи невнимание на противникот и шутираше недобранливо од 6-7. метри. Шпанија е втората селекција од Европа што во период за 4. години успева да ги обедини Европската и Светската круна.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 293
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image