Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Директорот на АМС Диме Спасовзаедно со Премиерот Никола Груевски и Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, свечено ја пуштија во употреба мултифункционалната сала во основното училиште “Дитурија„.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Тенис
Азаренка повредена излегла на дуелот со Дулко
2.09.2010.

 Тенисерката од Белорусија Викторија Азаренка објасни, зошто загубила свест за време на вчерашниот меч со Аргентинката Жизел Дулко на терените на САД -Опен.Таа имала несреќа уште во соблекувалната.

 

Додека се загревав се лизнав паднав и ја удрив главата.Пред мечот лекарите ме прегледаа и добив впечаток дека можам да играм. Набрзо потоа почувствував мачнина, главоболка и вртоглавица.По направените лекарски прегледи во болница сега сум многу подобра.Сакам да им се заблагодарам на сите што се грижеа за моето здравје“-изјавила Азаренка.

 

Тенисерката од Белорусија според проценките добила послаб потрес на мозокот што во комбинација со големите температури во Њујорк предизвикале колабирање на теренот.
 
US OPEN дефинитивно без Серена
21.08.2010.
 И дефинитивно, US OPEN ќе помине без најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, Американката објави дека не успеала на време да се опорави од повредата на стапалото за да може подготвена да го дочека стартот на последниот годинешен Грен Слем турнир.

 

По оваа одлука на Серена, сега се отвора голема шанса за останатите тенисерки да се надеваат на успех и освојување на Отвореното првенство на САД. Американката од своите досегашни 13 Грен Слем титули дури три освои токму на домашен терен.

 

Титулата на US OPEN оваа година ја брани Белгијката Ким Клијстерс која е на добар пат да атакува и оваа година на истиот трофеј. Минатата година Клијстерс во финалето беше подобра токму од Серена која ќе ја нема оваа година, поради бизарната повреда која ја заработи во еден американски ресторан.

 
Шарапова за една година инкасирала 24. милиони
20.08.2010.

 Руската тенисерка Марија Шарапова го презеде првото место на листата на нај-богатите во период од една година, составена од списанието „Форбс“.

 

Според тоа што може да се прочита, од јуни во 2009. година до истиот месец во 2010. година, Шарапова заработила 24,5 милиони долари од кои само еден милион од настапите на различни турнири.Остатокот од парите доаѓа од рекламни договори, продажба на правото за користење на името и колекцијата на спортска облека креирана токму по нејзин профил.

 

Шарапова имаше рекордно остварување и во 2008. година кога на своето конто вметна 26. милиони долари.Во моментов на второто и третото место се сестрите Вилијамс.Серена има приход од 20,2 милиона а Венус 15,4 милиони.
 
Мареј ја одржува традицијата во Торонто
16.08.2010.

 Британскиот тенисер Енди Мареј ја одбрани титулата на традиционалниот Роџерс Куп кој се одржа во Торонто а се играше за награден фонд од 2.430.000 долари.

 

Тој во големото финале го совлада доцна синоќа швајцарецот Рожер Федерер со 2:0 по сетови : 7:5, 7:5.Завршниот дуел на турнирот во Канада траеше речиси пет часа бидејќи во неколку наврати беше прекинуван поради дожд.За неговиот 5. пехар освоен на турнирите од Мастерс серијата, Мареј заработи 1.000 АТП бодови и 443.500 долари.

 

Швајцарецот Федерер со самиот пласман во финалето во Торонто заработи 222.000 долари а освоените 600. АТП дефинитивно бодови ќе го вратат на втората позиција во светското рангирање кај професионалните тенисери.  
 
Клијстерс мина триумфално во Синсинати
16.08.2010.

 Тенисерката од Белгија Ким Клaјстерес го освои првото место на турнирот во Синсинати откако во финалето ја совлада Марија Шарапова од Русија со 2:1 по сетови: 2:6:, 7:6, 6:2.

 

За неа тоа е трети трофеј во оваа сезона по победите што ги оствари во силна конкуренција во Бризбејн и Мајами.Во синоќешното финале на теренот во САД во вториот сет, Шарапова имаше три меч топки и беше на чекор до победата но, откако не ги искористи а дуелот беше прекинат поради дожд, белгијката заигра како препородена и се израдува на тешката победа.

 

38-пехар во кариерата на Клaјстерс и донесе 350.000 долари и 900. поени во рангирањето на најдобрите тенисерки.Нејзината противничка од собирот во Синсинати ќе си замине со парична награда од 150.000 долари и нови 620. бодови на ВТА листата.
 
Федерер ќе атакува на 20. Грен Слем трофеји
13.08.2010.

 Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер не ја крие желбата да стигне најмалку до 20-ет Грен Слем титули до крајот на кариерата.Тој со тријумфот на Австралија Опен досега собра 16-ет пехари во својата ризница.

 

„Три пати освојував по толку Грен Слем турнири во една сезона, во одредени период доаѓав до две и мислам дека можат да соберам најмалку 20.Во текот на една година се појавувам на 16. до 20. турнири и сеуште имам голема желба за победа“-изјавил поранешниот најдобар тенисер на светот кој сега се наоѓа на 3. позиција на АТП листата.

 

Федерер го држеше првото место во рангирањето континуирано 237. недели.Тој е еден од 6. тенисери што победиле на сите 4. Големи турнири.Швајцарецот досега има заработено 56. милиони долари и освоено 62. АТП-титули.    
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 311
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

КОШАРКА, СП во ТУРЦИЈА
1/4 финале
Србија - Шпанија 92:89
Турција - Словенија 95:68

 


Флеш вести

07.09.2010

Еден од најдобрите фудаблери на Челзи во оваа натпреварувачка година Флорен Малуда ги одбил Лверпул и Реал Мадрид пред да го реализира трансферот во Челзи. Малуда пристигна во Лондон од екипата на Лион а како пресуден момент за одлуката која ја донел за трансферот во Сините се издвојува што тогаш на левокрлинатата позиција Челзи го имаше само младиот Џо Кол а токму тоа лето си замина Робен.

 

Во текот на зимскиот преоден трансфер рок се очекува италијански Јувентус да се договори со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема во торинскиот клуб пишуваат италијанските медиуми. Јувентус неофицијално се договорил со Реал Бензема да се пресели во Торино оваа зима за трансфер сума од 15 милиони евра.

 

Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Тотенхем неофицијално ја започнале трката по потписот на младиот дефанзивен фудблаер за врска на Барселона Ориол Ромеу. Младинскиот репрезентативец на шпанија посакува да ја напушти барселона отакако ова лето Маскерано се реши да се пресели на Камп Ноу и со тоа се зголеми конкуренцијата токму на таа позиција во Барса.

 

 


Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image