|
Фото Вест
Директорот на АМС Диме Спасовзаедно со Премиерот Никола Груевски и Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, свечено ја пуштија во употреба мултифункционалната сала во основното училиште “Дитурија„.
|
|
 |
НБА
|
НБА-лигашите ќе играат во Лондон |
|
10.08.2010. |
|
Комесарот за натпревари во НБА лигата Дејвид Штерн потврди, дека во март во Лондон ќе бидат одиграни два меча од регуларниот дел од сезоната за да се промовира кошарката в пресрет на Олимпијадата во 2012. година.
“Одржувањето на средби во Европа е пресвртница за НБА и обид да се популаризира кошарката.Со ангажирањето на два млади состава во Лондон ќе ги исполниме нашите ветувања дека ќе организираме средби од шампионатот пред Олимписките игри.Тоа е логичен потег по распродадените билети за пријателските мечеви кои претходно сме ги имале во Англија“-изјавил Штерн. Натпреварите ќе бидат реализирани на 4. и 5. март а ќе учествуваат Торонто и Њу Џерси.НБА прв пат надвор од САД организирала меч во 1990. година во Јапонија. |
|
|
ЛА Лејкер со хјустон на стартот |
|
4.08.2010. |
Новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот ќе започне на 26 Октомври каде повотно ќе го видиме сјајот на паркетот во САД. НБА возбудувањето оваа година се очекува да го достигне врвот во последните неколку сезони а како најголем фаворит за освојувањето на титулата во новата натпреварувачка година светските букмејкери сметаат дека тимот на Мајами. Имено токму Мајами се засили со кошаркари од рангот на Леброн Џејмс и Крис Бош. Првиот наторевар во новата сезона ќе го одиграат екипите на ЛА Лејкерс и Хјустон. |
|
|
Операцијата на коленото на Брајант е успешна |
|
24.07.2010. |
Кошаркарската ѕвезда на НБА лигата и на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, претрпе успешна операција на десното колено и според лекарските извештаи до крајот на септември треба да се врати на кошаркарските терени. Операцијата била извршена пред два дена и Коби се чувствува добро. Според најавите, ЛА Лејкерси во септември ќе започнат со главните подготовки за новата сезона, што значи дека Коби нема да пропушти голем дел од тренинг камповите на актуелниот шампион во НБА лигата. Во моментов тој почнал со рехабилитација. Брајант е само еден од многутемина кои го откажаа учество во своите репрезентации на СП во Турција. Американците деновиве се обидуваат да направат компактен тим за Мундијалот, откако од комбинација отпаднаа уште неколку кошаркари кои беа планирани. |
|
|
И Рондо повикан во составот на САД |
|
16.07.2010. |
Плејмејкерот на Бостон Селтикс, Ражон Рондо и официјално е повикан во кошаркарската репрезентација на САД за престојното СП во Турција. Тој со уште двајца други кошаркари, Тајсон Чендлер и Робин Лопез ќе мора да се појават на стартот на следната недела во тренинг кампот на репрезентацијата во Лас Вегас. Покрај нив, во селекцијата на САД за овој тренинг камп се повикани и Ламар Одом (ЛА Лејкерс), Стефен Кари (Голден Стејт), Руди Геј и О’Џеј Мајо (Мемфис), Тајрик Еванс (Сакраменто), Дани Гренџер (Индијана), Андре Игуодала (Филаделфија), Ерик Гордон (ЛА Клиперс), Џералд Волис (Шарлот), Брук Лопез (Њу Џерси), Кевин Лав (Минесота) и Џеф Грин (Оклахома). Во составот на американскиот тим за СП во Турција ќе биде најверојатно и Кевин Дјурант, кој изјави дека е подготвен да му помогне на тимот. |
|
|
Мајами се засили и со тројкашот Мајк Милер |
|
16.07.2010. |
НБА тимот Мајами Хит донесе уште едно ново име во пресрет на новата сезона. По ЛеБрон Џејмс и Крис Бош, тимот го обезбеди потписот и на Мајк Милер, кој синоќа ставил потпис на 5-годишен договор со „жешките“ од Мајами. Вкупната цена на договорот на Милер со Мајами изнесува 25 милиони долари. Мајк доаѓа од Вашингтон каде минатата сезона имаше одличен настап, а особено ќе биде запаметен по шутевите за три поени, кои ги изведуваше со неверојатна успешност од 48%. Просечно во кариерата има по 13,7 поени по меч, 5 скока и 3 асистенции. Милер досега во својата кариера играше и за екипите на Орландо, Мемфис и Минесота, но ниту еднаш не се нашол во вториот круг од плеј-офите во НБА лигата со некој од своите досегашни тимови. |
|
|
Илгаускас во Мајами по примерот на ЛеБрон |
|
14.07.2010. |
Кливленд ќе остане без уште еден кошаркар ова лето. Примерот на првата ѕвезда на екипата ЛеБрон Џејмс, по се изгледа ќе го следи и литванскиот ветеран Жидрунас Илгаускас, кој најави дека најверојатно ќе го следи примерот на ЛеБрон и ќе потпише за Мајами Хит. Центарот на Кливленд кој пристигна во оваа екипа во 1997 година, досега ја нема променето средината, но сега најави дека е подготвен да потпише 2-годишен договор со „жешките“, откако неговиот агент Херб Рудој постигнал договор за финансиските параметри со Мајами. Ова ново заминување на квалитетен кошаркар на Кливленд сигурно повторно ќе предизвика бес кај фановите на тимот, но сигурно не во онаа мера какво што беше по заминувањето на Џејмс. Илгаускас повеќе од една деценија беше дел од Кливленд. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 10 од 209 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
КОШАРКА, СП во ТУРЦИЈА 1/4 финале Србија - Шпанија 92:89 Турција - Словенија 95:68
Флеш вести
07.09.2010 Еден од најдобрите фудаблери на Челзи во оваа натпреварувачка година Флорен Малуда ги одбил Лверпул и Реал Мадрид пред да го реализира трансферот во Челзи. Малуда пристигна во Лондон од екипата на Лион а како пресуден момент за одлуката која ја донел за трансферот во Сините се издвојува што тогаш на левокрлинатата позиција Челзи го имаше само младиот Џо Кол а токму тоа лето си замина Робен. Во текот на зимскиот преоден трансфер рок се очекува италијански Јувентус да се договори со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема во торинскиот клуб пишуваат италијанските медиуми. Јувентус неофицијално се договорил со Реал Бензема да се пресели во Торино оваа зима за трансфер сума од 15 милиони евра. Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Тотенхем неофицијално ја започнале трката по потписот на младиот дефанзивен фудблаер за врска на Барселона Ориол Ромеу. Младинскиот репрезентативец на шпанија посакува да ја напушти барселона отакако ова лето Маскерано се реши да се пресели на Камп Ноу и со тоа се зголеми конкуренцијата токму на таа позиција во Барса.
|
|
|