|
Кобајаши останува во Заубер до 2011 година |
|
7.09.2010. |
Формула 1 пилотот Камуи Кобајаши ќе продолжи да го вози болидот на Заубер и во наредната сезона откако успеа да се договори за пдроголжување на договорот на уште една година. 23 - годишниот Кобајаши со одличните перформанси во оваа натпреварувачка година ги задоволил критериумите на шефот на Заубер Питер кој истакна дека младиот јапонец со неговата работа во боксот и на патеката во целост ги исполнува критериумите да биде дел од овој Ф1 состав. Од Заубер исто така потврдија дека во вотриот болид ќе остане шпанскиот ветеран Педро Де Ла Роса кој е сеуште во преговори за услувите под кои би останал во Заубер. |
|
|
ФИА нема да го казни Маса |
|
4.09.2010. |
|
Иако Светската автомобилистичка федерација (ФИА) покрена истрага против Филипе Маса поради неправилен старт на трката за Големата награда на Белгија, возачот на Ферари нема да биде казнет бидејќи до прогласувањето на службените резултати немало приговор.
„Грешката на Маса не е забележана од страна на луѓето задолжени за тоа.Бидејќи до вечерните часови немаше приговор од останатите екипи во Формула 1, постигнатите резултати се запишуваат како конечни.Ќе направиме се во иднина да не се случуваат вакви грешки“-пишува во соопштението на ФИА. Спорниот миг не беше забележан од судиите туку од страна на еден посетител на видео камера.Тој подоцна го пуштил материјалот на интернет.Маса на патеката „Спа“ заврши на 4. место и донесе 12. бодови за екипата на Ферари. |
|
|
Хамилтон го симна Вебер од врвот |
|
29.08.2010. |
|
Пилотот на Мекларен Луис Хамилтон е победник на Ф1 трката за големата награда на Белгија. Трката сама по себе преставуваше вистинска приредба за сите присутни но и за сите оние кои ја следеа во континуитет.
На второто место на подиумот се искачи Марк Вебер од Ред Бул кој имаше проблеми со болидот на стартот на трката но во продолжение од трката успеа да ги исконтролира работите онакако како што и посакуваше. Изненадувачки на третото место се најде Роберт Кубица од Рено. Вредно да е напомене е тоа што Хамилтон е првио пилот кој успеа да го симне Вебер од врвот на табелата за генерелан пласман. Во овој момент Хамилтон има 182 поени три повеќе од Вебер додека пак на четвртото место се наоѓа Фетел со 151 освоен поен. |
|
|
Вебер стигна до пол-позиција на „Спа“ |
|
28.08.2010. |
|
Возачот на Ред Бул Австралиецот Марк Вебер ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Формула 1 што ќе биде возена за Големата награда на Белгија.
Тој на денешниот официјален тренинг на патеката ““Спа„ успеа да ги остави: Луис Хамилтон од Велика Британија со возилото на Мекларен и Роберт Кубица од Полска кој е дел од екипата на Рено.Меѓу првите 10. место уште обезбедија: Германецот Себастијан Фетел од Ред Бул, Британецот Џенсон Батон со Мекларен, Бразилците Фелипе Маса со болидот на Ферари и Рубенс Бариќело од Вилијамс.На 8. место на денешните квалификации се смести Адријан Цутил од Германија а зад него остана неговиот сонародник Нико Хилкенберг со Вилијамс.Првата 10. ја затвори Шпанецот Фернандо Алонсо вториот возач на Ферари. В пресрет на утрешната 13. трка од тековната сезона на првото место е Марк Вебер со 161. бод пред Луис Хамилтон со 157 и трето пласираниот Себастијан Фетел со 151. бод.Кај конструкторите на првото место е Ред Бул со 312. бода пред Мекларен со 304. бодови. |
|
|
Мозли најави враќање на Бриаторе во Формула 1 |
|
26.08.2010. |
Поранешниот претседател на ФИА Макс Мозли изјави дека има голема веројатност Флавио Бриаторе да се активира повторно во Формула 1. Италијанецот беше исклучен од така наречениот „циркус на тркала“ по познатата афера.
“Мислам дека Бриаторе дефинитивно ќе се врати во овој спорт но, не верувам дека ќе биде на раководната функција во некој состав.Очекувам да биде менаџер на возачите или да се појавува во улога на промотор.Тој и Барни се добри пријатели и ќе пронајдат начин како се активира Бриаторе„-објаснил како размислува Мозли.
Деновиве се појавиле шпекулации дека Бриаторе откако ќе ја издржи казната до 2013. година ќе се активира во Формула 1 со голема помош на сегашниот прв човек на овој спорт Барни Еклстоун. |
|
|
Кулхард верува во Ред Бул |
|
26.08.2010. |
|
Познатиот Формула 1 возач Дејвид Кулхард изјавил дека неговиот екс состав Ред Бул Рејсинг останува главен кандидат за првото место во тековната сезона заедно со Ферари и Мекларен.
„На кого би вложил пари? Луѓето ќе речат дека сум пристрасен поради контактите со тимот но, мислам дека наредните две трки во Белгија и Италија ќе покажат дека болидот РБ6 ќе биде најбрзиот и дека возачите на Ред Бул ќе влезат како огромни фаворити за трките надвор од Европа„-изјавил Шкотланѓанецот. В пресрет на возбудувањата на патеките во Белгија и Италија кај возачите е лидер членот на Ред Бул Марк Вебер додека вториот возач Себастијан Фетел е на третата позиција. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 10 од 318 |