Фото Галерија

Галерија

Фото Вест



Исланд на Евро 2016 денеска ќе игра против Португалија а на социјалните мрежи се појави слика како Теодор Елмар им чита детска бајка на соиграчите Емил Халфредсон и Биркир Бјарнасон.Тројцата беа сместени во еден кревет и под една прекривката.

Маркетинг

 

Пријатели

  

No Image
Меѓународен спорт
Лејди Гага ќе ја пее химната на САД
3.02.2016.

 Поп ѕвездата Лејди Гага ќе ја исполни химната на САД пред почетокот на Супер Бол, на 7 февруари во Санта Клара (Калифорнија). Слична чест пред неа имале Витни Хјустон и Кристина Агилера.

 

Минатата година пејачката Идина Мензел ја исполни химната пред почетокот на финалето. Добитничката на "Оскар" со оштетен слух, Марли Матлин, ќе и се приклучи на Лејди Гага за да ја претстави со знакови химната.

За доброто расположение на публиката во паузата меѓу двете полувремиња на Супер Болот ќе се погрижи британската група "Колдплеј", на која на сцената ќе и се приклучат Бијонсе и Бруно Марс. 
 
Екипите ја продолжуваат битката во СЕХА
3.02.2016.

 По речиси четириесетина дена пауза продолжуваат возбудувањата во ракометната СЕХА-лигата и за македонските екипи.

 

Во ова натпреварување останаа да се доиграат последните четири кола од регуларниот дел, како и неколку засотанати мечеви пред се поради обврските на клубовите во Лигата на шампионите.

 

Денеска од 19.30 часот Мешков Брест ќе му биде домаќин на нашиот состав Макс Струмица. На 5 февруари Вардар ќе гостува кај Борац Бања Лука, еден ден потоа Макс Струмица ќе одигра на теренот на Веспрем а Татран Прешов ќе го пречека Мешков Брест.
 
Германија ја покори ракометна Европа
31.01.2016.
 Ракометната репрезентација на Германија е новиот европски ракометен шампион. Во извонредно одиграно финале во Краков, Германците ја поразија фаворизираната селекција на Шпанија со 24-17 и со тоа се искачија на европскиот трон по пауза од 12 години.

 

Единствен пат, Германија беше европски првак во 2004 година кога во финалето на континенталниот собир во Словенија ја совлада Словенија со 30-25. Оттогаш, „панцирите“ имаа неколкку обиди да ја вратат круната, но доминацијата на Франција и Данска ги оддалечуваше сите овие години.

 

Во малото финале и битката за 3. место, Хрватска беше подобра од Норвешка со 31:24. За Хрватите ова беше втората бронза од европските првенства, а во свој посед имаат и две сребрени одличја од 2008 и 2010 година.
 
Одложен велеслаломот во Гармиш
31.01.2016.

 Проблемите за организаторите на трките од Светскиот куп во алпско скијање продолжуваат. Поради лошото време и дождот кој паѓаше во текот на ноќта во Гармиш Партенкирхен, откажан е велеслаломот кој требаше да се одржи во рамките на Светскиот Куп.

 

Дождот комплетно ја уништи патеката, па и покрај работата на вредните организатори во текот на ноќта, сепак патеката не доби зелено светло за натпреварување.

 

ФИС сега треба да одлучи дали оваа трка ќе биде пополнета во некој друг термин и на друго место, или воопшто нема да биде возена. Претходно беше донесена одлука откажаниот слалом во Леви да не  биде надополнет во друг скијачки центар заради немање на термини. 
 
Словенечки хет-трик во Сапоро
30.01.2016.

 Словенечките ски-скокачи ја потврдија својата одлична сезона со тројна победа на скокалницата во јапонски Сапоро утринава. Лидерот во генералниот пласман, Петер Превц го освои првото место со скокови од 131.5 и 136.5 метри (вкупно 299 поени), додека на победничкиот пиедестал имаше место уште за двајца негови сонародници.

Второто место му припадна на тинејџерот и помлад брат на Петер, Домен Превц, додека третото место го освои Роберт Крањец. Петер Превц е водечки во генералниот пласман за Светскиот куп со 1.184 бода, пред Германецот Фројнд кој собра 805 бода. 

Утре во Сапоро следува уште еден натпревар од Светскиот Куп, па останува да се види каков настап ќе имаат словенечките ски-скокачи на големата скокалница.

 
Норвежаните ја повлекоа жалбата
30.01.2016.

 Норвешка ја повлече жалбата што претходно ја достави за судиска грешка во финишот од полуфиналниот натпревар против Германија. Тоа и официјално значи дека Македонија ќе биде дел од квалификациите за пласман на ЛОИ во Рио оваа година.

Германците синоќа предвреме почнаа да ја слават победата, па во последните секунди имаа повеќе ракометари на теренот, нешто што не смее да се случи до последната секунда од регуларниот тек. Норвежаните беа бесни бидејќи судиите не реагираа и упатија жалба надевајќи се на некаква промена, иако шансите им беа речиси никакви.

Потоа брзо се премислија и ја повлекоа жалбата од ЕХФ, па Македонија и дефинитивно ќе биде дел од олимписките квалификации. Натпреварите од олимписките квалификации се играат во април, а Македонија ќе биде во група со Чиле, Полска и со една африканска репрезентација, Египет или Тунис.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 81 - 90 од 2237
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903077 145 903
 
Следете не на:
 
 
 
 
   

ФОТО - 11. РОДЕНДЕН

Партнери


 
     
 
 
 

        

    

 


Nogomet

No Image
© 2017 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image