|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Меѓународен спорт
|
Болт: Да истрчам 9,4 секунди, па станувам фудбалер |
|
5.09.2010. |
Светскиот рекордер на 100 метри, Јамајчанецот Јусеин Болт, изјави дека наскоро ќе стане професионален фудбалер, откако ќе заврши со целта поставена во светската атлетика, а таа е да истрча 9,4 секунди на 100 метри. „Имам уште 4 години да тренирам напорно, а птоа може уште две годни активно и професионално да заиграм фудбал. секогаш кога гледам фудбал на ТВ мислам дека време е и јас да се најдам на терените“, изјавил Болт за ВВС. Болт не крие дека најголема желба и цел во кариерата е да стане единствениот атлетичар кој границата на 100 метри може да ја спушти до 9,4 секунди. Болт во својата автобиографија напиша дека посакува да го наследи Рајан Гигс во дресот на Манчестер Ј. откако Велшанецот ќе реши да замине во пензија. |
|
|
Рејес испратен на блиц-лекување во Мадрид |
|
5.09.2010. |
Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Фелипе Рејес веднаш по синоќешната победа над Грција на Мундобаскетот во Турција и пласманот во 1/4 финалето, замина во Шпанија да ја лекува новата повреда. Како што објавија од селекцијата на светскиот шампион, Рејес два дена ќе помине во Мадрид и пак ќе се врати во Турција. „По разговорите меѓу Шпанската федерација и неговиот клуб Реал Мадрид беше донесено решение Рејес да се врати во главниот град и да помине два дена под третман на клупските лекари. Тој не е првиот кој добил ваков третман, затоа што за време на СП беше прекинато неговото лекување на старата повреда“ објавија од Федерацијата. Рејес би требало да се врати во Истанбул в понеделник попладне и да и се приклучи на репрезентацијата. В среда Шпанците имаат исклучително тежок меч во 1/4 финалето против одличната селекцијата на Србија. |
|
|
Трагедија на ГП на Сан Марино |
|
5.09.2010. |
Јапонскиот мотоциклист Шоја Томизава почина од повредите кои ги доби откако претрпе тежок пад за време на трката од Мото 2 серијата (250 ссм) за големата награда на Сан Марино. Веста ја објави италијанската телевизија. Возачот на Зутер падна во една кривина со полна брзина и се удри во моторите на Алесандре Анџелис и Скот Рединг. Од болницата во Мизано објавија дека кај нив е донесен Томизава кој се наоѓал во исклучително лоша состојба. И покрај тешката несреќа трката во оваа втора класа продолжи, а победата му припадна на Тони Елијас. Во текот на целата трка телевизиските коментатори бараа трката да биде прекината. Мото 2 е новото име за поранешната класа до 250 ссм. Натпшреварите се дел од капелнадот на Мото ГП. За Тони Елијас денешниот успех е всушност 6-та победа оваа сезона во оваа класа. |
|
|
Семења разочара на трката во Италија |
|
1.09.2010. |
Атлетичарката од Јужна Африка Кастер Семења инаку светска шампионка на патеката од 800. метри, оствари разочарувачки резултат на последниот митинг во Роверта (Италија).
Во петтиот настап во тековната сезона а по 11. месеци откако изби скандалот околу нејзинот пол, таа забележа разочарувачко време зад победничката од Италија Елис Кузма Пичионе.Семења на крајот на трката оствари две минути, седум секунди и шеснаесет стотинки.Менаџерот на црномурестата атлетичарка изјавил, дека нејзиното катастрофално време на трката во Италија може да се објасни само со замореност и болест.
За разлика од него директорот на собирот во Роверта Луиџи ди Онофрио не бил задоволен со објаснувањето и потенцирал дека не може да разбере зошто Семења остварила така слаб резултат. |
|
|
ФИБА ќе направи промени за СП и Олимпијадите |
|
31.08.2010. |
Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Патрик Бауман изјавил дека во иднина кошаркарските Мундијали може да бидат реализирани со 32. селекции идентично како и фудбалските.
Изјавата за медиумите на Бауман доаѓа од вчерашната прес-конференција во Истанбул, реализирана за време на Светското првенство во Турција.што се однесува до Олимпискиот турнир тој треба да биде проширен од 12. на 16. репрезентации со единствена цел да се вклучат многу поактивно и земјите од Африканскиот континент.
Од него на тековниот собир во Турција има само тројца претставници кои се главно со аутсајдерска улога.Тоа се кошаркарите на : Тунис, Брег Слонова Коска и Ангола. |
|
|
Јагер во залезот на кариерата ќе се врати во Кладно |
|
31.08.2010. |
|
Легендата на светскиот хокеј и на селекцијата на Чешка Јаромир Јагер кариерата ќе ја заврши во татковината во редовите на екипата на Кладно.39-годишниот напаѓач кој во Рускиот состав Авангард има да одработи уште една година од договорот изјавил, дека планира да се врати во Чешка.
„Мојот матичен клуб има големи проблеми и тоа влијае на моето расположение.Ќе се обидам да помогнам со надеж дека во наредните 4. години Кладно ќе биде рамо до рамо со најголемите тимови во Чешкиот хокеј.Ако локалните власти напрват нова сала, имам намера да ја прекинам интернационалната кариера и за година или две да се вратам во татковината“-изјавил Јагер. Тој во богатата кариера бил дел од НХЛ составите:Њујорк Ренџерс, Питсбург и Вашингтон.Има одиграно вкупно 1442. средби на кои собрал вкупно 1780. поени по системот гол плус асистенција. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 10 од 796 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|