|
Нов фудбалски рекорд за во „Гинис“ |
|
8.09.2010. |
|
Гинисовата книга на рекорди доби уште еден фудбалски рекорд кој бил соборен и сега има нов сопственик. Се работи за фудбалери, аматери од Лидс и од Ворвикшир кои играле фудбал и тоа доста долго, цели 57 часа и на крајот натпреварот завршил со резултат 425:354.
Интересно е тоа што оваа средба била одиграна на универзитетт „Ворвик“ , а двете екипи броеле по 18 играчи и имале право да одмараат по 5 минути на секој час. Претходбиот рекорд бил соборен за цели 15 часа. Овој натпревар имал и хуманитарен карактер од целиот меч биле собрани 5000 фунти кои биле наменети за организација која се бори против менингитисот. |
|
|
Венгер нема среќа, Волкот се повреди |
|
8.09.2010. |
|
Менаџерот на екипата на Арсенал ја има една од најмалерозните сезони, барем според стартот на оваа сезона која ја почнаа добро резултатски но не и според состојбата со неговите напаѓачи.
По повредата на Никлас Бендтнер и Робин Ван Перси сега повреден е и уште еден напаѓач, Тео Волкот. Младиот играч на Арсенал на натпреварот кој го запчна против Швајцарија, за својата репрезентација играше само 10 минути п што го повредил скочниот зглоб и морал да ја напушти играта. Според првичните сознанија, Волкот го очекува пауза од 10-15 дена, но потребни се дополнителни прегледи за да се знае прецизно колку ќе биде надвор од теренот. |
|
|
Мертезакер го пропушта Баерн Минхен |
|
8.09.2010. |
|
Дефанзивецот на Вердер Бремен, Пер Мертезакер поради повредата која ја заработил и тоа на окото ќе мора да го пропусти натпреварот кој неговиот тим го игра против бранителот на титулата , актуелниот шампион Баерн Минхен.
Мертезакер заработил повреда на главата на средбата која неговата репрезентација Германија ја играше против Азербејџан и која ја добија со 6:1. Клубот од Бремен исто така соопштил дека мечот со Баерн Минхен го пропушта Налдо, уште еден играч од одбраната. По две кола одиграни во Бундеслигата тимот на Вердер се наоѓа на десетото место, а Баерн е 12-ти, овој натпревар се игра во сабота и тоа на „Алианц Арената“ во Минхен. |
|
|
Реал Мадрид со најголем буџет во историјата на фудбало |
|
8.09.2010. |
|
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид денес во јавноста ја објави сумата која ќе им биде на располагање за оваа сезона.
Флорентино Перез како претседател на екипата на Реал Мадрид најавил дека тој и неговите соработници планираат буџетот на екипата за оваа сезона да изнесува 450 милиони евра, што преставува апсолутер рекорд во историјата на фудбалот. Профитот до јуни оваа година бил 23,9 милиони евра. Долгот на „кралскиот клуб“ до 30 -ти јуни 2010 година е намален за 25%, од 327 милиони евра на 245 милиони евра,а се очекува профит за уште нови 19 милиони евра до наредниот јуни. Ова се само финансиски показатели дека во некои клубови бизнисот „цвета“ ,а која е причината ? останува тајна за раководтсвото на екипата која раководи со Реал Мадрид. |
|
|
Хлеб ќе паузира една недела |
|
8.09.2010. |
|
Фудбалерот од средниот ред на премиерлигашот Бирмингем Александар Клеб ќе го пропушшти следниот натпревар од Премиер лигата против Ливерпул.
Белорускиот интернационалец се повредил за време на квалификацискиот натпревар кој Белорусија го играше против Романија. „Повредата не е многу сериозна но Александар ми рече дека со сигурност нема да може да игра во недела. Би требало да биде подготвен за следната недела, кога ќе се одмори и ќе заврши со терапијата“ изјавил селекторот на Белорусија Бернд Станге. Хлеб дојде во Бирмингем со позајмица од Барселона и тоа з апериод од една година. |
|
|
Дел Боске очекувал пад во играта на Шпанија |
|
8.09.2010. |
|
Селекторот на актуелниот светски и европски шампиона Шпанија, Висенте Дел Боске по вчерашниот пораз на неговата селекција од Аргентина и тоа со убедливи 4:1 изјавил дека го очекувал овој пад во играта на неговата репрезентација и з анего било нормално да се случи тоа.
"Големиот пораз не одговара на она што се случуваше на теренот. Аргентина беше подобра тим, особено во првото полувреме“ признал Дел Боске. "Имавме храброст во второто полувреме д аизлеземе на теренот и да се обидеме да поправиме нешто во резултатот. Ми се допаѓа тоа што играчите имаат карактер. На почетокот сме на сезоната инормално е дека не се во врвна форма“ додал Дел Боске. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 10 од 9413 |