|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Домашен спорт
|
Србија премногу силна за Македонија |
|
3.09.2010. |
|
Ватерполо репрезентацијата на Македонија е поразена во натпреварот кој денес го одигра против селекцијата на Србија. Како што се очекуваше репрезентацијата на Србија одигра рационално и онолку колку што беше потребно за да се забележи победа и да се освојат планираните бодови.
Уште на самиот старт со максимално залагање Србија дојде до предност од 4:0 со кој резултат заврши првиот период, а во вториот нешто по рамноправна игра на Македонија и на полувреме се отиде со резултат 6:1. На стартот на третата четвртина успеавме да намалиме на 6:2 но потоа тргна „машината“ на Србија и го завршија тој период со предност од 13:3. Во последната четвртина се играше без одбрана и беа постигнати многу голови, за на крајот да заврши средбата со 19:9. Во нашата селекција Делаш постигна 3, Латковиќ и Бениќ по 2 и Вуксановиќ и Рачуница по 1 гол. Во недела од 16.30 часот, Макеоднија игра против уште еден фаворит, Унгарија. |
|
|
19.мото рели „ Македонија - Независност 2010“. |
|
2.09.2010. |
|
Во организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), под патронат на Владата на Р. Македонија, а со поддршка од Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортови на Град Скопје, по повод денот на независноста на Република Македонија, од 3 до 5 септември ќе се одржи 19-тото традиционалното меѓународно мото рели „ Македонија - Независност 2010“.
Годинешното мото рели ќе стартува во 10 часот на 3 септември (петок) од Плоштадот Македонија во Скопје. Потоа колоната мотоциклисти преку Велес, Свети Николе, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се упати кон целта на првата етапа во Дојран. За втората етапа на 4 септември (сабота) предвидено е после стартот во Дојран мотоциклистите да минат низ Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Ресен и Галичица кон целта на вториот ден – Охрид. За последниот, трет ден предвидено е минување низ Кичево, а целта ќе биде на истото место како и стартот на 5 септември (недела) околу 15 часот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Ватерполистите користат ден за одмор |
|
2.09.2010. |
|
На Европското првенство во ватерполо што се одржува во Загреб во Хрватска денеска е слободен ден.Македонските најдобри ватерполисти максимално ќе го искористат за полнење на акумулаторите и анализа на последните два противника во рамките на првата фаза.
Според распоредот утре ќе се сретнеме со фаворитот Србија додека на 5. септември во последното коло од квалификациските групи ќе играме со селекцијата на Унгарија.Тоа се првите два состава во нашата група „Б“ и воедно најсигурните патници во фазата за елиминации.Досега по 3. кола нашите ватерполисти остварија ефект од една победа и два пораза.На стартот ја совладаа Русија додека во последните два меча беа поразени од Грција и Германија. На табелата в пресрет на утрешното 4. коло, Унгарија е лидер со 7. бодови, Србија и Германија имаат по 6, Грција 4, Македонија 3. а Русија е последна без бод. |
|
|
Ватерполистите испуштија реми против Германија |
|
1.09.2010. |
Македонската ватерполо репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП во ватерполо во Загреб. Денеска во интересен меч со селекцијата на Германија, нашите ватерполисти беа поразени со 8:7, откако Бениќ промаши од идеална позиција во последната секунда на средбата. Германците направија одлична предност на полувремето од 6:2 која ветуваше нивни сигурен успех и на денешниот меч. По лошиот старт нашите репрезентативци заиграа многу подобро во вториот дел од средбата и на двапати успевавме да се доближиме на еден гол разлика, ноо не и да израмниме. По поразот од Грција и овој денеска од Германија нашите ватерполисти веќе ги загубија шансите за добар пласман во групата. Останува во следните две кола да се сретнеме со Србија и Унгарија кои се апсолутни фаворити и против кои имаме само теоретски шанси за добар резултат. |
|
|
Насмеани лица, задоволство од ефектот... |
|
31.08.2010. |
Најдобрите македонски кошаркари по вторпат во континуитет ќе бидат дел од европското првенство откако се сместија на списокот на патници за собирот во Литванија во 2011 година. На тој ефект според зборовите искажани на денешниот прес од предводникот од клупата Марин Докузовски, влијаеле повеќе фактори. “Јас кога дојдов на селекторската позиција ветив дека ќе ја однесам Македонија на Европскиот шампионат. Во тоа успеав со помош на кошаркарите и одличната организација во нашата федерација. Минавме тежок период од два месеца со многу пријателски и квалификациски дуели, но на крајот дојдовме до посакуваната цел. Моравме да направиме реконструиран тим во однос на претходното ЕП во Полска и да искомбинираме младост и искуство“, изјави Докузовски. Со пласманот на континеталниот собир е презадоволен и претседателот на КФМ Даниел Димевски, кој изјави: “Го задржуваме трендот на одлични репрезентативни резултати. Мислам дека подршката од навивачите во салата „Борис Трајковски„ од медиумите и од целата јавност го скрои реализираниот голем успех од странана играчите и стручниот штаб“, нагласи на денешната средба со новинарите првиот човек на македонската кошарка. |
|
|
Илиевска со бронза од ОИ во боречки вештини |
|
31.08.2010. |
Македонската каратистка Наташа Илиевска, оствари извонреден успех на Олимписките игри во боречки вештини, чии домаќин е Пекинг. Во конкуренција на осумте најдобри каратистки во светот, Илиевска во Пекинг го освои бронзениот медал. Во борбата за третото место, нашата каратистка беше подобра од Катерина Стрика победувајќи ја со 4:1. Настапот во Пекинг, Илиевска го заврши со две победи, две нерешени борби и еден пораз. Бронзата освоена на овој натпревар за Илиевска, која е вицепрвак на Европа и европска Универзитетска шампионка, е еден од најголемите успеси во нејзината кариера. Наташа Илиевска е првиот преставник на Македонија кој учествувал на овие Олимписки игри. Олимписките игри во боречки вештини се одржуваат на секои четири години. На програмата во Пекинг имаше вкупно 13 дисциплини: Карате, Вушу, Кик-бокс, Бокс, Борење, Аикидо, Џудо, Џиу-џицу, Кендо, Мутаи, Самбо, Сумо и Таеквондо |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 10 од 963 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|