Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Македонски фудбал
Ренова го „зграпчи“ шампионскиот пехар
15.05.2010.

 Со натпреварите од 31. коло денеска се спушти и завесата во првата фудбалска лига на нашава земја.

 

Во Тетово, Работнички ја расипа славеничката атмосфера на новиот шампион Ренова и победи со 1-0.Вардар на Филип Втори арената го совлада Силекс со 2-0, Пелистер беше подобар Турново против Хоризонт со 1-0 а Тетекс и Металург одиграа без погодоци 0-0.На крајот на сезоната 2009/10, фудбалерите на Ренова ја освоија тутулата и ќе ја претставуваат Македонија во Квалификациите за Лигата на шампионите.Работнички како втор и Металург од третото место обезбедија евро-виза и ќе бидат дел од Лига Европа додека Милано ќе игра бараж за опстанок.

 

Во текот на шампионатот, екипите на Македонија Ѓорче Петров и Слога Југомагнат беа дисквалификувани од Првата лига додека прилепска Победа е суспендирана од сите рангови.
 
Шумуликоски го раскина договорот со Престон
11.05.2010.
 Македонскиот фудбалски репрезентативец Величе Шумуликоски се договори со својот досегашен тим Престон за прекинување на соработката. Како што објавија англиските медиуми, двете страни се договориле спогодбено за раскинување на договорот, што практично значи дека од денеска Шумуликоски е слободен фудбалер и може да бара нов клуб.

 

Долго време нашиот репрезентативец беше во немилост на тренерите во Престон. По доаѓањето на Дарен Фергусон тој ретко беше во првиот тим, а последен пат настапи како резерва на средбата со Колчестер во ФА купот на Англија во јануари.

 

Засега нема информации за можната следна дестинација на Шумуликоски. И тој најверојатно ќе го почека стартот на преодниот рок додека одлучи за својата иднина.
 
Финалето на Купот на 26. мај
8.05.2010.

 УО на ФФМ на денешната 5. седница одржана во Прилеп донесе одлука со која поради стартот на ЕП за жени (19г) што ќе се одржи во Македонија од 24.Мај до 05.Јуни финалето на националниот куп, помеѓу екипите на Тетекс и Работнички да се одигра на 26. Мај на Националната арена Филип Втори Македонски со почеток во 16ч.

 

УО ги утврди критериумите за лиценцирање на судиски контролори и воедно ја прифати и оставката на досегашниот претседател на Судискиот одбор при ФФМ, Боро Мадиќ и на негово место го назначи Раско Мишковски од Скопје.

 

УО ги потврди одлуките на Комитетот за итност донесени помеѓу две седници, и го разгледа предлогот за проширување на Втората МФЛ и воведување котизација за учество во првенствата на Македонија во Првата, Втората и Третата МФЛ во согласност со спроведувањето на националното лиценцирање.

Прочитај повеќе...
 
Тетекс и Работнички во куп-финалето
5.05.2010.
 Фудбалерите на Тетекс и Работнички ќе се сретнат во финалето на македонскиот фудбалски куп. Попладнево, Тетекс на реваншот во Автокоманда го надомести она што не успеа да го направи на првиот меч на домашен терен (0-0) и успеа со 2-1 да го совлада второлигашот и да си обезбеди историско финале во домашниот куп.

 

Во вториот меч од полуфиналето, Работнички дури по изведувањето на пеналите успеа да си обезбеди место во финалниот меч и шанса за одбрана на куп-трофејот освоен лани. Со голот на Бојовиќ од 38. минута Работнички ја анулираше предноста на битолчани, но до крајот не успеа да постигне и втор гол.

 

Пеналите решаваа за вториот финалист, а во нив „романтичарите“ беа поуспешни со 6:5 и на крајот му се израдуваа на новото куп-финале. На 24 мај на Националната арена „Филип 2“, овие два тима ќе се борат за еден од насловите во домашниот фудбал сезонава.
 
8-годишна суспензија за Победа и во нашата лига!
3.05.2010.
 Македонската фудбалска федерација денеска соопшти дека ги имплементираше одлуките на ФИФА, по кои ФК Победа од Прилеп заработи 8-годишна суспензија од настап и на домашните фудбалски терени. Тетовска Шкендија, остана без 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.

 

Во одлуката на комесарот за натпревари, Миле Спирковски, се вели дека по потврдата од Арбитражниот Суд во Лозана за осум годишна суспензија на Победа од европските натпреварувања, ФИФА донесе одлука македонскиот клуб да се суспендира и од домашните натпреварувања. Истата сега само се имплементира, па Победа во последните три кола од домашното првенство ќе ги загуби средбите со службен резултат 3:0.

 

Казната за Шкендија е поради неподмирени обврски за фудбалерите Папа Јусу Сол, Папа Бираме Фал и Мустафа Мухамаду Диоп. По оваа казна, Шкендија од првото паѓа на третото место на табелата во втората македонска лига.
 
Ѓоре Јовановски ќе стане нов тренер на ЦСКА (С)?
30.04.2010.
 Нашиот фудбалски стратег Ѓоре Јовановски, според бугарските весници, е кандидат за нов тренер на софиска ЦСКА. Имено, Јовановски бил дел од гостите на средбата меѓу ЦСКА и Литекс (1:0) одиграна во минатото коло, па медиумите почнаа со шпекулација дека се подготвува негов ангажман на кормилото на тимот.

 

„Имам добра слика за квалитетите на бугарскиот фудбал. Од она што го видов и она што го покажаа двата тима, можам да бидам задоволен. Никој од раководството на ЦСКА досега не ми предложил работа во клубот. Искрено, немам предвидено наскоро нова посета на Софија“, им одговорил Јовановски на бугарските новинари.

 

Последниот ангажман на Јовановски беше на кормилото на Металург. Претходно тој со успех го водеше Работнички и Милано. Јовановски, според информациите од Бугарија, од менаџери на ЦСКА бил предложен како тренерско решение за софиските „црвени“.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 91 - 100 од 759
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image