|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
18-то финале во Македонскиот фудбалски Куп |
|
26.05.2010. |
Екипата на Работнички денес во улога на фаворит на Филип Втори во Скопје ќе го одигра 18 финале во македонскиот фудбалски куп со составот на Тетекс. Со оглед на формата но и фудбалските имиња со кои располагаат и двете екипи во пресрет на средбата и од двата табори јасно беше кажано дека Работнички е голем фаворти додека пак Тетекс е за прв пат во историјата на клубот во финалето од купот. Самиот меч ќе може да го проследните со преност на Спортско радио 90,3 фм фрекфенција на која тековно ги следевте сите фудбалски возбудувања во текот на оваа натпреварувачка фудбалска година од нашата земја. |
|
|
Во Австрија без Пандев и Николовски |
|
25.05.2010. |
|
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе ги започне подготовките за контролните натпревари со Азербејџан и Романија.Дуелите ќе бидат реализирани во Австрија а противниците се со проближни карактеристики на Ерменија и Словачка противници на нашите фудбалери во квалификациите за ЕП 2012. година.
„Ова е добар период во кој треба да се подготвиме за квалификациите и да им дадеме шанса на оние на кој треба да сметаме во иднина.Во наредниот цилкус ќе играат само стандарните во нивите тимови„-нагласи селекторот на нашите фудбалери Мирсад Јонуз.Поради повреди на дуелите под „Алпите“ нема да се појават Наумовски и Стојков. По консултации со лекарот на Интер и самиот Пандев, селекторот реши да го поштеди за контролните дуели.Од таа причина ќе отсуствува и голманот Јане Николовски.Ако биде потребно меѓу патниците ќе се вклучи Кристијан Наумовски.Нови имиља во селекцијата се: Агим Ибраими и Баже Илиоски.
|
|
|
Македонија е подготвена за ЕП за жени до 19.години |
|
23.05.2010. |
|
Од 24. мај до 5. јуни нашава земја ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал за жени.Натпреварите во двете групи ќе бидат реализирани на стадионите во Скопје и Куманово.
Македонија со нескриени амбиции за сензација ќе влезе во пресметките со Шпанија, Франција и Холандија.“Имаме квалитет и тоа ќе го докажеме на теренот. Репрезентацијата постои 7. години и мислам дека можеме да изненадиме.Сите ќе видат дека во наша земја се игра добар женски фудбал.Во минатото сме играле со дел од велесилите но, сега сме многу поискусни“-изјави селекторот на Македонија Добре Димовски. Во првото коло в понеделник во групата „А“. Шкотска ќе игра со Англија а Германија против Италија.Во групата „Б“ од 17.00 на Арената Филип втори Македонија ќе се сретне со Шпанија додека претходно од 13.00 на стадионот “Борис Трајковски„ Холандија ќе ги одмери силите со Франција. |
|
|
Пандев до 6. од „Гардијан’ |
|
23.05.2010. |
|
По вчерашното големо финале во Лигата на фудбалските шампиони и победата на Интер на мечот со Баерн Минхен веќе излегоа и првите анализи од страна на специјализираните медиуми.
Според прикажаното на завршниот меч во сезоната на “Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, нашиот интернационалец Горан Пандев во дресот на Интер е оценет со 6. од страна на англискиот специјализиран весник “Гардијан’. Очекувано со реализираните два гола за убедливата победа, напаѓачот на „нероаѕурите„ Диего Милито ја доби највисоката оценка 9.Меѓу оние што отскокнуваат од другите се уште : Хулио Цезар, Лусио, Валтер Самуел, Весли Снајдер, Хавиер Занети и Естебан Камбијасо. |
|
|
Б-селекцијата ремизираше со Оман |
|
20.05.2010. |
|
Македонската млада фудбалска репрезентација предводена од Бобан Бабунски, денеска во Јемен, одигра без голови (0:0) со селекцијата на Оман во вториот меч на турнирот „4 Нации“.
Нашиот денешен противник, во првото коло минимално со 1:0 го совлада Јемен додека ние бевме поразени од Буркина Фасо со 2:0. Во вториот денешен меч на турнирот Буркина Фасо ќе се сретне со селекцијата на домаќинот, против кого нашата Б-селекција ќе игра в сабота во рамкиет на последното коло. |
|
|
Б-селекцијата денеска игра со Оман |
|
20.05.2010. |
Македонската фудбалска Б-репрезентација предводена од Бобан Бабунски, денеска во Јемен треба да го одигра и вториот меч на турнирот „4 Нации“. Откако на првата пресметка бевме поразени од селекцијата на Буркина Фасо со 2:0, Бабунски верува дека работите ќе се поправат на денешниот дуел со Оман. „Се надевам дека следниот натпревар ќе ја поправиме реализацијата и ќе го добиеме следниот натпревар. Сигурно ќе има измени во составот, иако сите кои играа задоволија со своето залагање и желба за победа“, изјави Бабунски. Нашиот денешен противник, Оман, во првото коло минимално со 1:0 го совлада Јемен. Во вториот денешен меч на турнирот Буркина Фасо ќе се сретне со селекцијата на домаќинот, против кого нашата Б-селекција ќе игра в сабота. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 81 - 90 од 759 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|