Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Македонски фудбал
Шумуликоски: Да ја продолжиме серијата
1.06.2010.
 Нашата фудбалска репрезентација вечерва во терминот на одигрувањето на средбата (среда 19 часот) ќе го одработи последниот тренинг во Австрија пред дуелот со селекцијата на Романија. Добрата игра против Азербејџан е мотив повеќе да им се реваншираме на Романците за поразите во досегашните четири пресметки.

 

„Иако сме играле четирипати против Романија, ова е мој прв настап против нив. Овој натпревар за нас ќе биде добар тест да ги видиме нашите квалитети против репрезентција која има големо реноме“, изјавил Новески.

 

Капитенот Величе Шумуликоски вели дека лично посакува и овој меч да биде со позитивен резултат и да ја продолжиме одличната серија на победи во последните пет средби.
 
Романците утре ослабени без дефанзивецот Мафтеи
1.06.2010.
 Македонската фудбалска репрезентација утре на тест со Романија. По победата над Азербејџан од 3-1, избраниците на Мирсад Јонуз утре ќе тестираат против силната Романија. Од таборот на Романците стигнува информација дека поради повреда заработена на последниот тренинг, утрешниот дуел со нашата селекција може да го пропушти Василе Мафтеи.

 

Лекарот на романската селекција денеска објави дека повредата на Мафтеи е сериозна. Станува збор за повреда на коленото и тој му советувал на селекторот Разван Луческу да се откаже од централниот дефанзивец на Униреа, кој досега има само 9 настапи за националниот тим.

 

Поради повредата на Мафтеи, Луческу најверојатно на утрешниот дуел во дефанзивната линија ќе почне со Овидиу Дананае, кому ова треба да му биде втор настап за Романија.
 
Релаксирано ја очекуваме Романија
31.05.2010.
 Нашата фудбалска репрезентација претпладнево го одржа планиран тренинг за денеска во својата база во Вилах-Австрија , а селекторот Мирсад Јонуз одлучи во попладневните часови да не се тренира туку планираниот термин да се искористи за прошетка. Селекторот Јонуз нема проблеми со играчите и најави сериозен пристап кон дуелот со Романците:

 

„Денеска го одржавме првиот тренинг од кои сум многу задоволен и затоа одлучивме попладневниот тренинг да го откажеме и наместо тоа како награда за одличната атмосфера што владее во базата и помеѓу репрезентативците се договоривме да одиме на прошетка и шопинг во Клагенфурт. В среда не очекува голем предизвик за кој многу сериозно се подготвуваме и ќе се обидеме и без нашиот најдобар играч Горан Пандев да му се спротиставиме на романскиот тим кој секогаш досега бил незгоден противник за нас , а против себе ќе имаме и играч кој заедно со Пандев ја освои шампионската лига, извонредниот Кристијан Киву.

 

Добро е што во нашиот тим немаме повредени, единствено Деспотовски, Тодоровски и Грозданоски тренираат со посебен режим бидејќи заработија мали повреди на натпреварот со Азербејџан , но се надевам до среда да бидат сите фит„ изјавил Мирсад Јонуз за веб страната на ФФМ.

 

Прочитај повеќе...
 
Со домашни сили против БиХ
31.05.2010.

Селекторот на националниот тим на Македонија до 21г. Бобан Бабунски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на пријателскиот натпревар со селекцијата на БиХ што ќе се одигра во Кладуша на 5. Јуни со почеток во 17 часот.

 

За овој натпевар ги повикал сите потенцијални кандидати кои настапуваат во домашниот шампионат и кои по се она што се случуваше заслужуваат да добијат вистинска шанса да ги потврдат своите квалитети. Секако со вакви натпревари ќе се оствари континуитет за она што не очекува до крајот на овој циклус и секако по заминувањето на дел од играчите кои ќе го загубат правото на настап за следниот циклус. 

 

Собирот на репрезентативците е денеска  и нашите репрезентативци ќе се подготвуваат наредните неколку денови се до заминувањето за Кладуша на 4-ти Јуни.

 
Тасевски останува во Левски до Нова година
31.05.2010.
 И покрај сите шпекулации за негово заминување од Левски, Дарко Тасевски до нова година би можел да остане во Софија. Раководството на софискиот тим денеска најави дека би сакале да го задржат нашиот повремен репрезентативец во своите редови и на почетокот на следната сезона.

 

Поради настапот на Левски во Лигата на Европа, „сините“ ќе настојуваат да го задржат поголемиот дел од тимот, а со квалитетни засилувања да се обидат да направат и подобри резултати во ова европско натпреварување. Тасевски се уште е на поштеда, откако се повреди во еден од последните контролни дуели на Левски во зимската пауза и од тогаш го нема на фудбалските терени.

 

Минaтиот месец се обиде да одигра еден дуел во бугарското првенство, но повторно ја обнови повредата. И Тасевски за медиумите изјавува дека не би сакал да си оди од Софија.
 
Денеска тестираме со Азербејџан
29.05.2010.
 Фудбалска репрезентација на Македонија попладнево во Бишофсхофен ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари закажани во Австрија. Денеска избраниците на М. Јонуз ќе го одиграат првиот дуел со селекцијата на Азербејџан, а 22. фудбалери повикани за овие две контроли се очекува да добијат шанса да настапат.

 

Сите повикани фудбалери ќе добијат шанса на двата натпревара. Ова ќе биде извонредна можност да се проверат силите, особено што дел од играчите рано ги завршија првенствата“, изјави пред денешниот меч Јонуз.

 

Премиерата на стадионот на Вилах денеска е закажана во 18:30 часот, додека дуелот со Романците в среда ќе се одигра на стадионот во Кернтен. Денеска својот јубилеен 100-ти меч во дресот на нашниот национален тим треба да го одигра долгогодишниот капитен, Гоце Седлоски.
 
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 71 - 80 од 759
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image