Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Македонски фудбал
Роберт Петров назад во Локо Пл.
14.06.2010.
 Поранешниот македонски репрезентатвец, Роберт Петров е на пат да потпише договор со бугарскиот прволигаш Локомотив од Пловдив. Откако сезоната ја заврши во дресот на Славија, Петров сега е во предговори со Локо Пловдив, тим кој е еден од заинтересираните за услугите на нашиот лев бек.

 

Петров добил одврзани раце од Славија да преговара со Локо Пловдив, откако тренерот на Славија изјавил дека нема да смета на него следната сезона. За Петров интерес има и кај неколку клуба од Азербејџан, но засега е многу поблиску до останување во Бугарија.

 

Ако трансферот на Петров се реализира, од 21 јуни тој ќе ги почне подготовките со Локо Пловдив. Во Бугарија, петров досега има настапувано и за ЦСКА од Софија со која стана шампион во 2008 година.
 
Попов: Ги одбив ВБА и Салцбург
10.06.2010.
 Во првото интервју за украинските весници по потпишувањето на договорот со Динамо Киев, нашиот фудбалски репрезентативец Горан Попов истакнува дека неколку поголеми европски екипи биле во контакт со него и се обидувале да го ангажираат ова лето. Попов открива дека Динамо доставил најдобра понуда и затоа изборот паднал на украинскиот гигант.

 

„Моите менаџери беа во контакт и со Вест Бромвич Албион и со австриски Салцбург. Но немаше гаранции какви што јас и мојот менаџер баравме. Исто така, ако заминев во Австрија не верувам дека ќе можам да направам поголем напредок во кариерата. Динамо е клуб со реноме и секогаш присутен во европските натпревари. Затоа го одбрав овој клуб“, изјавил Попов.

 

Попов исто така потврди дека нема вистина во гласините дека најпрво се договорил со Шахтјор, а потоа потпишал за Динамо (К). Тој побарал следната сезона во Динамо да го носи дресот со број 40.
 
Горан Попов нов играч на Динамо Киев
9.06.2010.

 Македонскиот дефанзивец Горан Попов стана играч на Динамо Киев, на официјалниот сајт на клубот беше објавена оваа информација.

 

По успешно поминатите лекарски прегледи , нашиот 25 годишен репрезентативец го потпишал договорот кој е со важност од 5 години. Износот на трансферот е повеќе од два милиони евра. Во Динамо се задоволни од овој трансфер пред се поради фактот дека за овој наш репрезентативец беше заинтересиран и Шахтјор од Доњецкно сепак се одлучил кариерата да ја продолжи во Динамо од Киев.

 

Последните две сезони Попов ги помина во холандскиот Херенвен каде одигра околу 50-тина натпревари, а за нашата репрезентација има одиграно 31 атпревар и постигнато два гола.
 
Положани пристигна на проба во Крилја Советов
8.06.2010.
 Артим Положани пристигна на проба во рускиот клуб Крилја Советов. Според руските медиуми, тој денеска им се приклучил на фудбалерите на овој руски прволигаш и во наредните денови ќе се обиде да ги задоволи вкусовите на шефовите на стручниот штаб на клубот од Самара.

 

27-годишниот Положани минатата сезона ја заврши како член на скопски Вардар, каде се врати по неколку ангажмани во странство. Тој зад себе има и 12 настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а се обидува во добра форма да се врати и следната сезона.

 

Од Крилја Советов потврдија дека покрај Положани на проба се дојдени и еден 21-годишен дефанзивец од бразилски Ботафого, како и 22-годишниот црногорски напаѓач Милиќ. По 11 кола во новата сезона во Русија, тимот од Самара е на 14 место.
 
Јонуз: сите ја исполнија задачата
4.06.2010.

 Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Мирсад Јонуз не го криеше задоволството по успешната турнеја во Австрија и двете победи против Азербејџан и Романија.

 

„Јас сум на кормилото веќе една година и презадоволен сум од играта и промените во нашата фудбалска филозофија.Репрезентативците што ги повикав ги извршија максимално поставените задачи.Со враќањето на Пандев и Наумовски нашата селекција ќе биде посилна но, во истовреме ми е мило што успеавме да одиграме добро во нападот и без овие две фудбалски имиња„-изјави селекторот на нашите фудбалери.

 

Македонија во наредниот период ќе нема активности се до мечот во август против Малта кој ќе биде и последен филтер в пресрет на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2012 година. 
 
Марио Ѓуровски заминува во Висла Краков
4.06.2010.
 Новопечениот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски, кој имаше извонредно деби за нашата селекција на контролните средби со Азербејџан и Романија, е на мета на полскиот тим Висла од Краков, кој е сериозно заинтересиран да го донесе Ѓуровски ова лето во своите редови.

 

„Имаше неколку клубови во контактите, но мислам дека Висла беше најконкретна. Спортскиот директор го гледаше мојот настап и мислам дека беше задоволен. За неколку дена треба да продолжиме со разговорите“, изјавил Ѓуровски за српските весници.

 

Се уште актуелниот член на Војводина не можеше да го скрие задоволството од дебито за нашата селекција.

 

„Презадоволен сум од играта на двете средби. Со нетрпение го чекам стартот на квалификациите, не сонував дека ќе имам одлично деби за националаната селекција“, потенцирал Ѓуровски.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 61 - 70 од 759
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image