|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
Реми и крај на евро-сезоната за Металург |
|
8.07.2010. |
Фудбалерите на Металург го завршија своето дебитантско евро-преставување уште по првото елиминациско коло во Лигата на Европа. По убедливиот пораз од 4-1 на првиот дуел во Баку, попладнево на Националната арена „Филип 2“ во Скопје одиграа само реми, 1-1, со гостинот од Азербејџан. Во релативно слаба фудбалска партија, двата тима на одмор по првите 45 минути завршија без постигнат гол, а резултатот беше отворен дури во 69. минута, кога гостите преку Имамалиев поведоа. Со голот на Крстев во 78. минута Металург успеа да израмни, а до крајот на мечот иако гостите се повлекоа не успеа да постигне и втор гол за победа. Првото европско искуство за „металурзите“ не им донесе радост, па сега им преостанува да мислат на стартот на новата фудбалска сезона во нашата земја. |
|
|
Ренова ќе ја брани титулата |
|
7.07.2010. |
|
Денеска со жрепка беа извлечени натпреварувачките двојки за новата сезона во Првата фудбалска лига на нашава земја.
Актуелниот шампион Ренова одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен против Пелистер додека вицешампионот Работнички ќе му гостува на новиот прволигаш Скопје.На другите стадиони: Турново ќе биде домаќин на Силекс, Вардар ќе го пречека Металург, Напредок во Кичево ќе ги одмери силите со Брегалница додека во градското дерби под Шара, Шкендија ќе игра против Тетекс. Според претходно најавениот календар за новата сезона 2010/11, фудбалскиот шампиона ќе започне на 31 јули во 17.00 часот. |
|
|
Внимателно кон позитивен резултат |
|
7.07.2010. |
|
Фудбалскиот клуб Металург пред натпреварот со екипата на Карабах од Азербејџан во рамките на квалификациите од Лига Европа најавува напад на оној резултат од пред седум дена кога Карабах славеше со 4:1.
И покрај тоа што имаат резултат кој мора да го анулираа со најмалку три гола разлиак сепак од Металург најавувата дека нема да тргнат безгалво во напад затоа што мора да бидат внимателни и во одбраната затоа што секој примен гол ќе биде и оддалечување на можноста за анулирање на предноста на тимот на Карабах. Металург има проблем со реализацијата во нападот поради тоа што има мал број на напаѓачи но сепак подготвувата тактика со која ќе може да му парирата на противникот и да постигнат гол во првото полувреме но без да примат, па потоа во второто полувреме да ризикувата повеќе и да тргнат по отворено кон голот ма Карабах. Мечот межу Металург и Карабах же се игра во четврток од 17 часот на Националната арена Филип 2. |
|
|
Со Словаците ќе играме во Братислава на 3 септември |
|
6.07.2010. |
Македонската фудбалска репрезентација новиот квалификациски циклус за европското првенство во 2012 година ќе го започне од Братислава. Веста ја потврдија денеска од националната федерација на нашиот прв противник во квалификациите за ЕП 2012, кој имаше одличен настап на се уште актуелното СП во Ј. Африка. Словачка ќе ги дочека избраниците на селекторот Мирсад Јонуз на стадионот „Пасиенски“ на 3 септември (петок) со почеток од 20:30 часот. Македонија досега во двата претходни меча на гостувањата во Словачка, играше во Братислава, но еднаш и во Жилина. Покрај Словачка, во групата со Македонија во овие квалификации се и Р. Ирска, Русија, Ерменија и Андора. |
|
|
Работнички со „петарда“ започна во Европа |
|
1.07.2010. |
|
Фудбалерите на Работнички со убедливи 5:0 го совладаа составот на Луситанос од Андора и веќе со едната нога зачекорија кон вториот елиминациски круг во Лига Европа.
Во воведот од новата Евро-сезона на Националната Арена Филип Втори во Скопје, “романтичарите„ немаа проблеми против аматерите од Андора и уште во првиот дел со головите на Зе Карлос (24) и Вандаир (35) обезбедија сигурна предност од 2:0. Добрата партија во вториот дел донесе уште три гола во мрежата на противникот, Силва погоди на два пати во 55 и 56. минута а Муарем во 60. стави точка на голеадата. Супериорното издание на Работнички веќе ги реши сите дилеми околу конечниот епилог по двомечот иако реваншот ќе биде одигран на теренот на Луситанос.
|
|
|
Стратев: Мораме сериозно против Андорците |
|
30.06.2010. |
Работнички и Металург утре ја почнуваат својата евро-одисеја. Од 1. елиминациско коло во Лигата на Европа, ќе се обидат да не израдуваат со добри резултати. Работнички во Скопје како екстра-фаворит влегува во дуел со Луситанос од Андора, но во таборот на „романтичарите“ се внимателни. „Ние и пред ждрепката посакувавме ваков противник. Важиме за фаворити, но и на СП видовме дека фаворити има само на хартија. Максимално сериозно приоѓаме кон противникот, пред се, бидејќи немаме доволно информации за овој тим. Се работи за тим кој 99% е составен од португалски фудбалери. Исто така и стручниот штаб е поругалски. Јас и стручниот штаб одржавме неколку состаноци со фудбалерите, за да се избегнат какви било потценувања. Фудбалерите сфатија дека мора да играат максимално ако сакаме да одиме во 2. коло“, изјави Зоран Страев на денешната прес-конференција. Средбата утре се игра на Националната Арена „Филип 2“ во Скопје со почеток од 17 часот. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 51 - 60 од 759 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|