|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
Ако Работнички ја мине Мика, Ливерпул доаѓа во Скопје! |
|
16.07.2010. |
„Романтичарите“ ја имаат најдобрата можна мотивација пред реваншот во Ерменија следниот четврток во 2. коло од Лигата на Европа против екипата на МИКА. На денешната ждрепка во Нион, тие како потенцијален ривал во 3. коло го добија славниот англиски тим Ливерпул. „Црвените“ би пристигнале во Скопје за реваншот на 5 август, откако првиот меч би се одиграл на 29 јули на „Енфилд Роуд“. Тетекс, пак, ако успее да го совлада Вентспилс на реваншот во Скопје, во 3. коло ќе оди или во Шведска или во Молдавија. Подобриот од дуелот Елфсборг - Искра Стали е следниот потенцијален ривал за тетовци во нивното дебитантско преставување на евро-сцената. Од екипите во соседството, Црвена Звезда во 3. коло ќе се сретне со екипата на Слован од Братислава, ЦСКА (С) ќе игра против подобриот до двобојот Клифтонвил/Цибалија, додека сплитски Хајдук ќе сочека да заврши реваншот меѓу Динамо Букурешт и Олимпија Балти. Комплетните двојки за 3. коло на повеќе... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Сензација против Омонија, Ренова ја носи до Салцбург |
|
16.07.2010. |
Ако успејат да направат сензација и да го елиминираат тимот на Омонија, фудбалерите на Ренова во 3. елиминациско коло од ЛШ би се сретнале со австриски Салцбург. Вака сакаше денешната ждрепка во Нион, на која беа одредени можните двојки за следното коло од најсилното европско клупско натпреварување. Ренова во премиерниот настап во ЛШ загуби во Кипар од Омонија со 3:0 и малку веројатно е дека може да се надева на дуел со австриски Салцбург. Во 3. коло влегуваат и дел од најсилните европски тимови. Меѓу поатрактивните дуели се и Ајакс - Паок, Брага - Селтик, Униреа - Зенит, Динамо (К) - Гент. Белградски Партизан ако го мине Пјуник во 3. коло ќе игра против Екранас или Хелсинки, додека Динамо (З) во идното коло би играл со Шериф Т. или Динамо Тирана. На повеќе комплетните двојки за 3. елиминациско коло во ЛШ... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Ливерпул и Јуве најатрактивни ривали за мак-тимовите |
|
16.07.2010. |
Денеска во Нион ќе биде направена ждрепка за 3. коло од натпреварите во Лигата на шампионите (12:00) и Лигата на Европа (13:30). Конечно и дел од посилните европски тимови ќе се приклучат во оваа фаза од натпреварите. За третата рунда од натпреварите во Лигата на Европа, УЕФА веќе ги објави и можните ривали на двата македонски преставника. Ако Работнички успее да ја сочува предноста против ерменска Мика и да го мине и ова коло, во следното може да добие еден навистина силен ривал како Ливерпул, но во комбинација се и Одензе, како и подобрите од дуелите, Рапид (В) – Судува, Маритимо – Спортинг Фињал, ВИТ Грузија – Острава. За Тетекс по евентуален успех против Вентспилс, како можни ривали на денешната ждрепка се Јувентус, ЦСКА (С), Темишвар, или подобрите од дуелите Рејкјавик – Карпати, Елфсборг – Искра Стали. |
|
|
Тетекс извлече реми без голови во Летонија |
|
15.07.2010. |
Тетекс остана непоразен на првото европско гостување. Тетовци на теренот на Вентспилс во Летонија одиграа нерешено 0:0 и со солиден резултат се враќаат во нашата земја, па на реванш средбата следната недела ќе се обидат со прва европска победа дома да обезбедат пласман во 3. елиминациско коло од Лигата на Европа. Избраниците на Тони Јакимовски одиграа борбено уште од првата минута на средбата, а домашните иако имаа иницијатива во финишот на средбата не успеаја да постигнат гол и да обезбедат барем минимална предност пред реваншот во Скопје во четврток. Тетекс ќе има можност пред гледачите на стадионот „Филип 2“ во Скопје да се обиде да стигне до резултат кој ќе им обезбеди пласман во следното коло, а со тоа и дуели со еден од поатрактивните противници. Утре е закажана ждрепка по која ќе се знаат можните ривали на тетовци во следната фаза, секако доколку го минат летонскиот преставник. |
|
|
Вандаир му донесе победа и предност на Работнички |
|
15.07.2010. |
Минимална предност за фудбалерите на Работнички пред реванш средбата од 2. елиминациско коло во Лигата на Европа против Мика од Ерменија. Попладнево на националната арена „Филип 2“ „романтичарите“ со голот на Вандаир во 87. минута стигна до победа од 1:0 со која ќе се бори на реваншот следната недела да обезбеди место во следното коло. Голем „пех“ за нашиот преставник беше исклучувањето на Фернандо Лопез уште во 38. минута на средбата, но за среќа гостите немаа сили да направат изненадување и да заминат од Скопје со победа. До пред крајот на средбата одржуваа реми, но Вандаир донесе радост за околу 1500 гледачи кои дојдоа да го проследат дуелот. Реванш средбата во Ерменија се игра следниот четврток. Ако Работнички мине во 3. елиминациско коло ќе го чека уште еденс илен противник. Ждрпката за следното коло ќе биде утре во Нион. |
|
|
Стратев: Задоволен сум со победа од 2:0 во Скопје |
|
14.07.2010. |
Фудбалскиот клуб Работнички веќе утре со почеток од 17-00 часот, на Националната Арена Филип втори во Скопје го очекува мечот со Мика, во второто квалификациско коло од Лига Европа. Стратегот на Романтичарите Зоран Стратев најави дека квалитетите на Мика се далеку подоби од Луситанос и затоа неможе со сигурност да најави пласман во втората рунда. Но сепак според него Работнички има квалитет и се наоѓа во одлична форма, па затоа очекува победа од 2:0 која според него би ги однела во третото коло. Со оглед на промените во клубот и новиот капитен Никола Глигоров повика на претпазливост но исто како и Стратев се надева на победа и добра игра утре во Скопје и победа која ќе им помогне во пресрет на гостувањето во Ерменија пооптимистички да погледнат кон третото коло во Лига Европа. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 41 - 50 од 759 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|