|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
Стратев: Потајно се надеваме на добар резултат |
|
28.07.2010. |
Оптимизам за добар настап има кај дебармаалци. На денешната прес-конференција, шефот на струката Зоран Стратев најави отворен фудбал во формација 4-3-3. Ливерпул, вели и тој, е доволна мотивација за секој играч да даде 100% од силите. „Ова е голем успех за клупскиот фудбал во Македонија. Ова е успех на клубот, на стручниот штаб, но најмногу на играчите. Имаме одлична евро-сезона, а дуелот со Ливерпул ни дојде како шлаг на тортата. Можам да ветам дека играчите ќе го остават срцето на теренот и дека сите ќе одиграат на потребното ниво. Потајно се надеваме на позитивен резултат, а за нас позитивен резултат би било и нерешено", изјави на пресот Стратев. Средбата утре почнува од 20:45, а вратите на националната арена ќе се отворат од 18:20, а ќе бидат затворени во 19:45 часот. Комплетниот капацитет на Националната арена е распродаден. |
|
|
Јонуз одбра 18 патници за Малта |
|
28.07.2010. |
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Малта за контролниот меч кој треба да го одиграме на 11 август во Ла Валета. На списокот на Јонуз за последната контрола пред квалификациите за ЕП 2012 се најдоа 18 фудбалери, меѓу кои овој пат ќе биде и нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. „Овој натпревар во Малта ќе ни овозможи да се подготвиме и одиграме добар натпревар во гости, бидејќи првиот натпревар ни е со Словачка во Братислава на 3 септември. Ќе се обидеме да спроведеме игра и тактика како противигра за Словачка, која се покажа како многу зрела и силна репрезентација на СП“, изјави Јонуз за сајтот на ФФМ. Пред натпреварот нашите фудбалери ќе имаат два тренинга. За Малта патуваат фудбалери кои и досега беа во изборот на Јонуз за пријателските средби, па од нив ќе се прави и костурот на селекцијата за следниот квалификациски циклус. Список на репрезентативци на повеќе... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Работнички - Ливерпул, комплетно распродаден! |
|
28.07.2010. |
Комплетно е распродаден капацитетот на националната арена Филип 2 за утрешниот дуел на Работнички со Ливерпул во 3. елиминациско коло од Лигата на Европа. Денеска во Скопје некаде по пладне се очекува пристигнувањето на гостинската екипа, која околу 18 часот треба да го одржи и тренингот на нашиот најголем стадион. Пред нив ќе тренираат и фудбалерите на Работнички, кои за денеска најавија и прес-конференција. Од Ливерпул се уште не се знае со каков тим ќе слетаат во Скопје, но се претпоставува дека добар дел од ѕвездите на тимот ќе дојдат на оваа средба. Работнички се подготвува за вистински фудбалски спектакл. Средбата утре почнува од 20:45, а вратите на националната арена ќе се отворат од 18:20, а ќе бидат затворени во 19:45 часот. |
|
|
Уште малку билети за дуелот на годината |
|
27.07.2010. |
Големиот интерес за билети за дуелот Работнички - Ливерпул од 3. елиминациско коло во Лигата на Европа не стивнува. Само уште околу 10 до 15% од вкупната бројка на карти кои беа пуштени во продажба се уште се достапни за заинтересираните навивачи, кои в четврток од 20:45 ќе го следат дуелот на Националната арена „Филип 2“. Од раководството на „романтичарите“ информираат дека за да се избегнат големите мешаници, вратите на стадионот в четврток ќе бидат отворени од 18:20 часот, но истите ќе бидат затворени во 19:45 часот по што нема да биде дозволен влез на трибините. Дебармаалци предупредуваат, карти да се купуваат само на овластените продажни места во Скопје, за да не дојде до измами со можни фалсификувани билети. Ливерпул во Скопје пристигнува утре. |
|
|
Хоџсон се двоуми со каков тим да дојде во Скопје |
|
25.07.2010. |
Во пресрет на гостувањето во Скопје и првиот дуел со Работнички во 3. коло од елиминациите во Лигата на Европа, менаџерот на Ливерпул, Рој Хоџсон, изјави дека се уште е во дилема со каков тим да допатува во нашата земја. По поразот на тест-дуелот со Кајзерслаутерн одигран вчера, Хоџсон вели дека младиот тим кој го одигра овој меч не е доволно квалитетен за да се прават експерименти во европските купови. „Беше очигледно дека тие не се тимот со кој би сакал да играм в четврток. Заслужуваат пофалба, но ќе мора внимателно да се размисли за конечниот избор. Да се фрли еден ваков тим во Лигата на Европа може само да биде лошо искуство“, изјави Хоџсон за официјалниот клупски сајт. На тест-дуелот со Кајзерслаутерн во тимот на Ливерпул недостасуваше скоро комплетниот прв тим. Од популарните имиња настапија само новото засилување Јовановиќ, капитен беше Лукас Леива, а во нападот се појави и Давид Нгог. |
|
|
Со Ливерпул во вечерен термин и за само 300 денари |
|
23.07.2010. |
Првиот меч од 3. елиминациско коло во Лигата на Европа меѓу Работнички и Ливерпул ќе се одигра в четврток (29 јули) во вечерен термин, 20:45. Гостувањето на фудбалскиот великан Ливерпул во Скопје, македонската фудбалска јавност ќе може да го проследи за 300 денари, цена одредена за билетите за северната трибина. Од таборот на „романтичарите“ најавија дека во соработка со Владата на РМ и со Агенцијата за млади и спорт се прават напори јужната трибина да биде комплетно оспособена и подготвена за спектаклот. Во случај и таа да биде пуштена во употреба, на неа ќе има само домашни навивачи. За гостите од Ливерпул се предвидени 1100 билети, а 500 нема да се продаваат поради формирање на тампон зона меѓу нив и домашните гледачи. Останатите 8.500 билети ќе се најдат во слободна продажба од понеделник по цена од 300 денари. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 31 - 40 од 759 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|