Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

    

Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.

Маркетинг


    
    
    
    
    
    

          

           

    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
     
    

    

             

       

    

No Image
Македонски фудбал
Работнички е поразен на „Енфилд“
5.08.2010.

 Фудбалерите на Ливерпул го совладаа нашиот состав Работнички со 2:0 во реваншот од 3. елиминациско коло во Лига Европа и со вкупен резултат од 4:0 продолжија во наредната рунда.

 

На „Енфилд домаќинот имаше тотална иницијатива во првиот дел и ја круниса со два гола.Во 22. минута по прекрасен центаршут на Џо Кол, црномурестиот француски напаѓач Нгог со глава успеа да го матира нашиот голман Богатинов.Во 39. минута по дуелот на Фернандо и стрелецот на првиот гол за англичаните, главниот судија покажа на белата точка а Стивен Жерард биеше неодбранливо за зголемено водство од 2:0.

 

Во второто полувреме „црвените“ притискаа а скопјани знаеја како да се одбранат.Во неколку наврати „романтичарите“ дојдоа и во поволна позиција да бијат кон голот на Кавалери но, безуспешно.
 
Тетекс е елиминиран од лига Европа
5.08.2010.

 Фудбалерите на Тетекс со два пораза од Елфсборг ја завршија дебитанската сезона во Лига Европа.Тие и во денешниот реванш од 3. елиминациско коло на Националната Арена Филип Втори во Скопје, беа совладани од швеѓаните со 2:1.

 

Во првото полувреме со актвина игра во 31. минута Стојановски обезбеди водство за тимот под Шара но, гостите успеаа да изедначат во 43. минута со погодокот на Курбегович.Во второто полувреме во изедначена игра, скандинавците, успеаја да реализираат по втор пат преку Јаво во 57. минута и да стигнат до победа од 2:1 или вкупен резултат во нивна корист од 7:1.

 

Покрај Тетекс до крајот на денов и Работнички ќе го одигра реванш мешот во оваа конкуренција и тоа нагости кај Ливерпул. 
 
Шкендија и Тетекс чекаат казни
4.08.2010.

 По немилите настани на вчерашниот прволигашки фудбалски меч во Тетово меѓу Шкендија и Тетекс кога имаше серија инциденти и подолг прекин од 10. минути, денеска и првата реакција на соодветните тела во Фудбалската Федерација на Македонија.

 

Против домаќинот ФК Шкендија се поведува дисциплинска постапка поради влегување на неслужбени лица на теренот, слаба организација и недолично и вулгарно однесување на нејзините навивачи.На тапет ќе се најде и комесарот за безбедноста на Шкендија Азизи Беким поради несовесно извршување на функцијата и неспортско однесување на теренот.

 

Покрај Шкендија дисциплинска постапка е поведена и против Тетекс поради вулгарно навивање на неговите симпатизери.
 
Бабунски го соопшти списокот за во Целје
4.08.2010.
 Селекторот на младата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Бобан Бабунски го соопшти списокот на 19 фудбалери со кои ќе го одигра пријателскиот меч со Словенија на 10 август во Цеље.

„Повикани се играчи кои досега настапувале во оваа селекција, освен Цветановски. Недостасуваат неколку стандардни играчи од оваа генерација како Димитровски, Георгиевски. Што се однесува до Стефан Ристовски тој е ослободен за потребите на селекцијата до 19 години. Очекувам во Цеље да одиграме добро, бидејќи ова е генерална проверка пред настапот со Грција и она што навистина го покажавме оваа година би сакале не само да го задржиме како квалитет туку и да го поправиме - изјави Бабунски.

Селекцијата ќе се собере на 8 август, но само фудбалерите од домашното првенство, додека „странците“ ќе дојдат директно во Словенија.
Прочитај повеќе...
 
Мирко Ивановски ја засили Арка
2.08.2010.
 Македонскиот репрезентативен напаѓач во младинската селекција на нашата земја Мирко Ивановски е најновото засилување на послкиот фудбалски клуб Арка.

 

Дваесет годишниот напаѓач потпишал двегодишен договор со составот од Госип стадионот. На неговиот грб ќе го носи бројот 27 и се очекува да биде прва замена за првотимската напаѓачка двојка.

 

Ивановски потекнува од фудбалската школа на Пелистер, во својата кариера ги носеше уште дресовите на Македонија Ѓорче Петров, Славиа Прага каде настапи во една полусезона како позајмен играч за сега да успее да ги убеди челниците на Арка да го ангажираат во своите редови.
 
Роберт Попов потпиша за Керкира
30.07.2010.
 Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Роберт Попов кариерата ќе ја продолжи во Грција. Како што објавија медиумите, Попов се договорил со екипата на Керкира и кариерата ќе ја продолжи во нашето јужно соседство, откако не успеа да се докаже во француски Оксер.

 

Керкира е новајлија оваа година во насилната грчка фудбалска лига, откако минатата успеа да се избори за пласман во фудбалската елита на Грција. 28-годишниот Попов потпишал договор само на една година, откако претходно три сезони беше во Оксер.

 

Своите најдобри фудбалски денови, Попов ги помина во екипата на Литекс од Бугарија. Останува да се види дали ќе се врати во посакуваната форма во грчкиот тим, од што зависи и неговиот натамошен статус во нашата репрезентација.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 21 - 30 од 759
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
Спортско радио 90.3 фм
 
 
 
 
 

Викенд ТИП 1 Х 2


Резултати

 ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб
5. коло
Србија - Германија 17:3
Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија
18.00 Романија - Црна Гора
20.40 Италија - Хрватска
 
РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М)
3. коло (Порто)
16.00 Металург - Запорожје
18.00 Динамо Минск - Порто
 


Флеш вести

05.09.2010

Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. 

Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4.

Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект.

Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот.

Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.

Анкета

Кој ќе биде новиот светски првак во кошарка?
 
No Image
© 2010 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image