|
Фото Вест
Нов срам за Франција на “Паркот на принцовите„ во Париз.Белорусија славеше сензационално 1:0.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
Работнички елиминиран во Купот! |
|
18.08.2010. |
Фудбалерите на Миравци го елиминираа минатогодишниот финалист во Купот на Македонија, Работнички, во 1/16-финалето на Националниот фудбалски куп. На денешните попладневни средби второлигашот Миравци со 1:0 пред своите гледачи го совлада големиот фаворит и му нанесе уште еден тежок пораз по оние 3:0 на гостувањето во Тетово во неделата против Шкендија. Подобри не беа и тетовци. Тие на пенали испаднаа од Влазними, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 3:3. Останатите фаворити успеаја да ги избегнат поставените „замки“. Вардар се провлече во Новаци славејќи со 3:2, Пелистер со 3:1 беше подобар од Баир Кркардаш, Силекс минимално со 1:0 подобар од Охрид 2004. Металург ја прегази Преспа со 7:0, а актуелниот носител на куп-трофејот, Тетекс, минимално со 2:1 на гости ја совлада Саса, а Хоризонт Турново беше подобар од Карбинци со 5:0. Од купот испадна и прволигашот Скопје, кој загуби во Прилеп од 11 Октомври со 2:1. Комплетни резултати од 1/16-финалето на повеќе... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Железарец подготвен за добра организација |
|
18.08.2010. |
|
Македонскиот футсал шампион Железарец од Скопје , утре ги започнува своите настапи на прелиминарнот турнир во Футсал купот на Уефа или Лигата на шампионите. Железарец е домакин и организатор на овој турнир кој ќе се игра во СРЦ Кале од 19-22 август и на кој треба да настапа шампионите на Македонија, Црна Гора, Норвешка и Турција.
Првиот ден односно во четврток во терминот од 18 часот ќе играат Даниловград (Црна Гора) и Футсал Осло (Норвешка) додека во 20 часот Железарец ќе игра против Истанбул Универзитеси (Турција). Во второто коло кое е на програма во петок од 18 часот играатИстанбул и Даниловград ,додека Железарец за противник ќе ја има екипата на Футсал Осло. Последното коло ќе биде на програмата во недела кога можеби и ќе се решава прашањето на екипата која би го освоила првото место во оваа група кое води во натамошните натпревари од Футсал купот. Во неделниот термин од 18 часот играат Футсал осло и Истанбул, додека Железарец против нај големиот конкурент Даниловград од 20 часот. За во четврток од 12 часот е закажана и прес конференција на која треба да бидат присутни преставниците на сите екипи учесници на овој турнир.
|
|
|
Пандев: ќе бидеме подобри во квалификациите |
|
12.08.2010. |
|
Македонскиот фудбалски репрезентативец и воедно член на италијанскиот Интер Горан Пандев, изјави, дека на вчерашниот пријателски меч во Ла Валета со Малта (1:1) шансата за победа е пропуштена во првото полувреме.
“ Доминиравме во тој дел од мечот а покрај водството не искористивме уште две-три ситуации за гол.Во вториот дел Малта беше можеби подобар противник, постигна гол на самиот почеток и потоа беше тешко да се пробие нивната одбрана. Овој период е многу непријатен за натпревари бидејќи сите играчи се во фаза на подготовки и кондицијата не е на највисоко ниво.Секако дека натпреварите со Словачка и Ерменија се друга приказна и тука ќе влеземе максимално подготвени да направиме добар резултат“-изјави нашиот најдобар фудбалер. Македонија квалификациите за Европското првенство во 2012. година ќе ги отвори со гостувањето на 3. септември во Братислава.против домаќинот Словачка. |
|
|
Ќе учиме на грешките од Малта |
|
12.08.2010. |
|
Репрезентацијата на Македонија не успеа да ја оствари посакуваната и планирана победа во контролната средба со Малта која се одигра синоќа во Ла Валета со резултат 1-1.
Селекторот Мирсад Јонуз смета дека и овој резултат, заедно со настаните на теренот можат да бидат корисни за стартот на квалификациите кога се ќе се анализира.„Одигравме две различни полувремиња. Во првото доминиравме и пропуштивме неколку убави прилики да го решиме натпреварот. На почетокот на вториот дел се случи она од што најмногу се плашев, направивме грешка во одбраната и тоа резултираше со израмнување на резултат“-изјавил Јонуз. Селекторот најавува дека нема повеќе врема за нови фудбалери и експериментирање.“ Во овој момент сум сигурен дека 2-3 играчи нема да бидат во списокот за Словачка кој ќе го објавиме на 18. Август.- заврши нашиот селектор. |
|
|
Младите на мегдан со Словенија |
|
10.08.2010. |
|
Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Цеље со почетокот во 18.00 часот ќе одигра контролен меч со соодветната селекција на домаќинот Словенија.
Нашите надежи во почетокот на септември ги очекуваат два натпревара од квалификациите за Европското првенство против составите на Грција и Португалија. Соочен со неколку откажувања и без дел од стандардните репрезентативци селекторот Бобан Бабунски ќе се обиде да испроба неколку пред се дефанзивни фудбалери кои се наметнуваат за во иднина за првотимскиот статус. Kај домаќинот според тамошните медиуми ќе недостасува единствено Рене Крхин кој игра во Болоња додека останатите репрезентативци ќе му бидат на располагање на селекторот Томаж Кавчиќ. |
|
|
Репрезентативците се адаптираа во Ла Валета |
|
10.08.2010. |
|
Доцна синоќа со доаѓањето на напаѓачот Марио Ѓуровски во Ла Валета се комплетираше нашата најдобра фудбалска репрезентација в пресрет на утрешниот пријателски дуел со домаќинот Малта.
За селекторот Мирсад Јонуз и неговите избраници, ова е последна контрола пред натпреварот со Словачка нагости на 8. септември на стартот на квалификациите за Европското првенство што во 2012. година ќе биде одржано во Полска и Украина.Според планот нашите фудбалери вчера одржаа тренинг на стадионот „Та Квали„ а денеска ќе бидат активни само на на помошните игралишта. Досега Македонија и Малта одиграа 5 средби од кои три пријателски и две квалификациски. На сите мечеви славеше нашата селекција со гол разлика 14-1.Натпреварот в среда , 11. Август се игра на Националниот стадион Та Квали со почеток во 20ч. |
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 11 - 20 од 759 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ВАТЕРПОЛО, ЕП во Загреб 5. коло Србија - Германија 17:3 Русија - Грција 7:6
Турција - Шпанија 6:12
16.30 Унгарија - Македонија 18.00 Романија - Црна Гора 20.40 Италија - Хрватска РАКОМЕТ, Кв. за ЛШ (М) 3. коло (Порто) 16.00 Металург - Запорожје 18.00 Динамо Минск - Порто
Флеш вести
05.09.2010 Според најавите на шпанскиот печат, новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо, се подготвува во јануари во екипата да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Герет Беил. Барса не се откажала од Фабрегас како ново име во тимот. Ако каталонците не успеаја да го ангажираат капитенот на Арсенал ова лето, се позасилени се шпекулациите дека следната сезона шпанскиот репрезентативец сигурно се сели на „Камп Ноу“. За таа цел, од Барса веќе му ветиле на Фабрегас дека ќе му го чуваат дресот со број 4. Пато е воодушевен од ангажманот на Робињо во дресот на Милан. Тој изјавил дека воопшто не се плаши од конкуренција во нападот и очекува годинава Милан да се впушти во трка за Скудетото, затоа што конечно направи тим за респект. Актуелниот тренер на екипата на Шалке, Феликс Магат, изјави дека нема да оди со „главата низ ѕид“ само за да стигне до титулата во Бунделсигата. Тој ги уверувал новинарите дека има добар план за развој на клубот и напад на водечките позиции на табелата и покрај очајниот старт на сезоната и покрај многубројните нови имиња во тимот. Иако фановите на Интер не се пресреќни што Бенитез го замени Мурињо, нивното мислење не го дели Камерунецот Ето. Тој во медиумите истакна дека Бенитез е фантастичен тренер кој че ја продолжи серијата успеси на миланскиот тим.
|
|
|