|
Фото Вест
Легендата на Реал (М), Раул, и официјално е преставен како нов фудбалер на Шалке, на АУФ ШАЛКЕ арената.
|
|
 |
Македонски фудбал
|
Ливерпул дојде во Скопје и победи |
|
29.07.2010. |
|
Фудбалерите на Ливерпул рутинирано стигнаа до очекуваната победа против Работнички во првиот натпревар од Лига Европа на УЕФА. Уште во првото полувреме гостинските фудбалери покажаа дека и покрај тоа што не се со најсилниот состав ќе бидат премногу силни за нашиот преставник во ова натпреварување.
Во 17 минута Н‘Гог искористи грешка на нашата одбрана и го отвори резултатот со кој Ливерпул ја тргна секоја надеж кај домашната публика дека може да се стигне до нерешен резултат. Истиот играч ја завери победата на Ливерпул во 58-та минута и со тоа го постави конечниот резултат на овој натпревар кој го очекуваа сите во нашата земја и тоа како фудбалски спектакл, но потајно се надеваа дека можеме да постигнеме и големо изненадување против ослабенио тим на Ливерпул. Сега останува реваншот н „Енфилд“ да биде само уште едно искуство на игралите на Работнички во нивната кариера. |
|
|
Тетовци не издржаа во Шведска |
|
29.07.2010. |
|
Вториот македонски претставник во 3. елиминациско коло од Лигата на Европа, Тетекс, гостуваше во Шведска, кај Елфсборг. Тетовци не успеаја да го издржат притисокот на домашниот тим и се поразени на првиот натпревар од двомеќот со екипата ан Елфсборг која е голем фаворит во дуелот со нашата екипа.
Конечниот резултат од 5:0 сам по себе зборува каков беше однодот на силите на оваа средба. Домакините успеале да го скршат отпортот на Тетекс во 29 минута преку Ишизаки, додека по одморот веќе во 50-та минута Елфсборг поведе и со 2:0 со голот на Свенсон. по овој гол, работите тргнаа во надолна линијаи домакините само ја зголемуваа предноста со головите на Авдиќ во 58-та ,Нордмарк во 66-та. и Кини во 77-та. Реванш средбата е на програмата следната недела во Скопје. Елфсборг си ја заврши својата работа уште на првата средба, па овој натпревар ќе биде само можност тетекс достојно да се прости од настапите во ова натпреварување. |
|
|
„Филип 2“ ја очекува пресметката на годината! |
|
29.07.2010. |
Време е за спектакл!. Вечерва во Скопје на Националната Арена „Филип 2“, Работнички го пречекува прославениот англиски фудбалски тим Ливерпул. Љубителите на фудбалот во Македонија, кои во изминатите години беа лишени од задоволството да гледаат квалитетен клупски фудбал, со нетрпение го очекуваат почетокот, бидејќи Ливерпул е несомнено најславниот клуб, кој некогаш гостувал во Македонија. На вечерашниот спектакл и официјално ќе биде пуштена во употреба реновираната Јужна трибина, а од управата на Работнички информира дека сите отпечатени 22.000 влезници, беа распродадени за еден ден. „Романтичарите“ најавија жестока борба за секоја топка, но и искажаа оптимизам за конечниот епилог на средбата. „Ќе започнеме отворено со формација 4-4-3 со Вандаир, Зе Карлос и Фабио Силва во нападот, но двајца од нив ќе мора да помагаат и во средината. Ќе се обидеме да не загубиме, но ова е фудбал и се е можно“, изјави Стратев на пресот пред средбата. Натпреварот започнува во 20.45 часот. |
|
|
Тетовци ќе се обидат да не загубат во Шведска |
|
29.07.2010. |
Вториот македонски претставник во 3. елиминациско коло од Лигата на Европа, Тетекс, денеска гостува во Шведска, каде го очекува пресметка со домаќинот Елфсборг. Тетовци најавија нова добра партија и уште еден добар резултат од гостувањата. Основна цел за нашиот преставник и на денешниот натпревар ќе биде да не прими гол, а својата шанса ќе ја бараат во брзи контранапади и евентуалено еден погодок во противничката мрежа. Според најавите, тетовци на „Борас Арената“ ќе имаат поддршка и од околу 200 македонски иселеници. Реванш средбата е на програмата следната недела во Скопје. Елфсборг во предигра на овој меч во понеделникот катастрофално загуби на гостувањето во Еребро со 3:0, што му дава отворен пат и на Тетекс кон добар резултат на денешниот меч. |
|
|
Стратев: Потајно се надеваме на добар резултат |
|
28.07.2010. |
Оптимизам за добар настап има кај дебармаалци. На денешната прес-конференција, шефот на струката Зоран Стратев најави отворен фудбал во формација 4-3-3. Ливерпул, вели и тој, е доволна мотивација за секој играч да даде 100% од силите. „Ова е голем успех за клупскиот фудбал во Македонија. Ова е успех на клубот, на стручниот штаб, но најмногу на играчите. Имаме одлична евро-сезона, а дуелот со Ливерпул ни дојде како шлаг на тортата. Можам да ветам дека играчите ќе го остават срцето на теренот и дека сите ќе одиграат на потребното ниво. Потајно се надеваме на позитивен резултат, а за нас позитивен резултат би било и нерешено", изјави на пресот Стратев. Средбата утре почнува од 20:45, а вратите на националната арена ќе се отворат од 18:20, а ќе бидат затворени во 19:45 часот. Комплетниот капацитет на Националната арена е распродаден. |
|
|
Јонуз одбра 18 патници за Малта |
|
28.07.2010. |
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Малта за контролниот меч кој треба да го одиграме на 11 август во Ла Валета. На списокот на Јонуз за последната контрола пред квалификациите за ЕП 2012 се најдоа 18 фудбалери, меѓу кои овој пат ќе биде и нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. „Овој натпревар во Малта ќе ни овозможи да се подготвиме и одиграме добар натпревар во гости, бидејќи првиот натпревар ни е со Словачка во Братислава на 3 септември. Ќе се обидеме да спроведеме игра и тактика како противигра за Словачка, која се покажа како многу зрела и силна репрезентација на СП“, изјави Јонуз за сајтот на ФФМ. Пред натпреварот нашите фудбалери ќе имаат два тренинга. За Малта патуваат фудбалери кои и досега беа во изборот на Јонуз за пријателските средби, па од нив ќе се прави и костурот на селекцијата за следниот квалификациски циклус. Список на репрезентативци на повеќе... |
|
Прочитај повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 10 од 733 |
|
 |
 |
 |
 |
|
Лична Карта
Адреса: бул. 8 Септември ББ, сала: Б. Трајковски Тел/факс: 02/31 21 903 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903 Биди наш пријател
Спортско радио 90.3 фм
Резултати
ФУДБАЛ, ЛЕ - 3. коло први средби: 18:30 Елфсборг - Тетекс 20:45 Работнички - Ливерпул
Флеш вести
29.07.2010 Австралија е единствениот сериозен кандидат за организација на 16. Азиски фудбалски куп во 2015 година. Првиот човек на Азиската асоцијација, Мохамед Бин Амам, изјави дека Австралија има одлична кандидатура со која дополнително ќе се подобри развојот на фудбалот во регионот. Фудбалерот од средината на теренот на руски Зенит, Игор Денисов, синоќа се договорил за ново продолжување на договорот со својот досегашен тим. Денисов останува во Ст. Петерсбург до 2015 година. Капитенот на мексиканската фудбалска репрезентација, Рафаел маркез, и покрај шпекулациите во медиумите, сепак, потврди дека не размислува се уште за завршување на репрезентативната кариера. Тој изјавил дека и во наредните две години ќе им се стави на располагање на селекторите на Мексико. Џош Хауард денеска се согласил да потпише нов едногодишен договор со НБА тимот, Вашингтон Визардс. 30-годишниот Хауард кој првата половина од минатата сезона ја помина во Далас, изјави дека е задоволен од престојот во Вашингтон. Реиналдо Руеда од синоќа повеќе не е селектор на репрезентацијата на Хондурас. Откако на СП во Ј. Африка Хондурас не успеа под негово раководство да ја мине првата фаза, Руеда решил да се повлече од селекторското место, каде беше активен дури од 2007 година. Швајцарецот Рето Циглер деновиве ќе потпише нов договор со екипата на Сампдорија. Според италијанските медиуми, дефанзивецот добил одлична понуда од тимот од Џенова со подобрени финансиски услови и најверојатно ќе се реши за нов договор.
|
|
|