Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

   

Снежната бура во Барселона може да одложи дел од фудбалските мечеви закажани за овој викенд

Маркетинг


Пријатели


No Image
Дербито му припадна на МЗТ Скопје
4.02.2012.

 Дерби средбата меѓу Работнички и МЗТ Скопје му припадна на гостинскиот тим кој успеа во финишот на натпреварот да ја искористи подолгата клупа и да забечежи убедлива победа од 69:88.

 

Натпреварот беше поделен во два дела, во првиот доминираше екипата на Работнички, а во вториот тимот на МЗТ Скопј екој успеа да направи пресврт и да на крајот се радва на победа против лутиот ривал и тоа убедлив триумф кој секако дополнително ја подигра атмосферата во екипата од Аеродром. Работнички во вторите 20 минути имаше голем пад во играта што максимално го искористи МЗТ Скопје и направи недостижна разлика.

 

Најефикасни во победничкиот тим беше Игор Мијаиловиќ со 23 поени, седум асистенции, додека Тодор Гечевски забележа „дабл-дабл“, 14 поени и 11 скока, а Ѓорѓи Чековски заврши со 19 поени. Во екипата на Работнички Работнички Немања Јелесијевиќ постигна 20 поени, а имаше и 10 скока, додека Милош Павловиќ го заврши натпреварот со 18 поени.
 
Худек изненади пријатно во Шамони
4.02.2012.

 Канадскиот скијач Јан Худек триумфираше во спуст од Светскиот куп во алпски дисциплини реализиран текот на денов во францускиот зимски центар Шамони.

 

Ромед Бауман од Австрија остана втор со време 2:03.78 минути додека Ерик Геј од Канада, ја освои третата позиција со време 2:03.88 минути.Беата Фојц од Швајцарија заврши како четврти а Крол кој ја освои првата позиција во вчерашниот спуст остана на петтата позија пред Дидие Куш и Боде Милер кои завршија на шестото и седмото место.

Носителот на Големиот кристален глобус од минатата сезона Хрватот Ивица Костелиќ, заврши разочарувачки на 48 место со заостанување од 3.54 секунди зад победникот, но, остана лидер во генералниот пласман во тековната сезоната со 905 поени освоени во 26 трки од вкупно 44 предвидени во сите дисциплини.

 
Конте: Милан е прв кандидат за титулата
4.02.2012.

 Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Антонио Конте, ги намали тензиите кај неговите играчи, потенцирајќи дека Милан останува фаворит за титулата во Серија А и покрај мислењето на букмејкерите кои го сметаат Јуве за најголемиот претендент за Скудетото.

Гигантот од Торино нема пораз веќе 20 натпревара по ред во новата сезона и има бод предност на врвот, како и натпревар помалку од "росонерите".За прв по скандалот Калчополи "Старата дама" е фаворит на букмејкерите за освојување на трофејот од Серија „А“ Со тоа не се согласува тренерот на Јуве кој вели дека Милан останува фаворит за шампионскиот пехар.

"Треба да им се заблагодарам на медиумите. Почнуваат да го гледаат Јувентус како фаворит за титулата. Завршивме исклучителна работа во оваа сезона и работите се подобруваат во нашиот тим. Сепак уште сметам Милан за фаворит за освојување на Скудетото ", вели Конте.

 
И денеска апсења за местенките во Калчото
4.02.2012.

 Италијанската полиција денеска го уапси голманот на италијанскиот третолигаш Пјаченца, Марио Касано, во врска со истрагата за местење на натпревари во италијанскиот фудбал, соопштија италијанските весници. Денеска уапсен е и еден човек кој бил во тесна врска со италијанскиот второлигаш Бари. По наредба на обвинителството во Кремона, истрагата продолжува, а се трага и по неколку други лица, кои засега се недостапни за полицијата.

Обвинителството во Кремона засилено истражува кој се е вклучен во местење на средби од Калчото во корист на илегални букмејкери во Сингапур и Источна Европа. Касано ќе биде испрашан за четири средби од Серија Б од минатата сезона, во која неговиот тим Пиаченца испадна од лигата.

Во исто време натпреварите на Бари од минатата сезона во елитата против Милан, Сампдорија, Рома и Палермо исто така се предмет на истрага, а уште и неколку други средби се ставени под прашалник за регуларноста.

 
Барса подготвува понуда за Герет Бејл
4.02.2012.

 Раководството на Барселона повторно пројави сериозен интерес за фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, информираат медиумите на Островот. Според гласините, каталонците испратиле свои скаути на натпреварите на Тотенхем цели седум пати, а целта им била да ја следат тековно играта на фудбалерот.

Спортскиот директор на Барселона Андони Зубисарета верува дека ќе можат да го купат велшкиот фудбалер следново лето, без оглед на изјавите на Даниел Леви дека играчот не е за продажба. Според Барселона, цената на фудбалерот на Тотенхем во моментов е околу 40 милиони фунти и ќе направат обиди за трансфер на крајот на оваа сезона.

Тотенхем и натаму истакнува дека Бејл нема да оди на продажба без разлика на големиот интерес за него и можноста на клубот добро да профитира. Останува да се сочека летото и најавите на каталонците дека се сериозно загреани за Велшанецот.

 
ФА му ја одзема лентата на Тери, Капело бесен
4.02.2012.

 Односите на релација ФА - Фабио Капело се во сериозна криза, откако Фудбалската асоцијација на Англија реши да не му дозволи на Џон Тери во иднина да ја носи капитенската лента во дресот на „Гордиот Албион“.

Селекторот на Англија, цело време се бореше Тери да остане капитен на тимот и да се почитува неговата одлука, но од ФА вчера пресекоа. Островските медиуми велат дека италијанскиот стручњак почнал да ги „чешла“ деталите од договорот кој го има со Асоцијацијата, за да најде евентуално клаузула со која ФА не смее да му се меша во работата.

Капитенот на Челзи исто така не е воодушевен од одлуката на ФА, па дури и најави можно повлекување од репрезентативниот дрес. Капело јавно изјави дека Тери е клучна фигура во репрезентацијата и тој треба да биде предводник на тимот на ЕП ова лето во Полска и Украина. Се споменува дека наследник на Тери со капитенската лента ќе биде легендата на „црвените“, Стивен Џерард.

 
Индијана го преслуша шампионот на гости
4.02.2012.

 Кошаркарите на Индијана повторно покажаа дека оваа година ќе играат главна улога во НБА лигата, откако победија како гости против шампионот Далас со 98:87. Тоа беше прва победа за Пејсерс во салата на Маверикс од 2004 година па наваму, а со неа тимот го подобри балансот на 16 победи и само 6 порази и е на третото место на табелата во Источната конференција.

Пол Џорџ имаше одлично издание постигнувајќи 7 тројки и вкупно 30 поени. Дејвид Вест додаде 20, а Дани Грејнџер заврши со 16 поени за триумф на гостинската екипа. Индијана поведе на почетокот на третата четвртина, по серијата од 7 последователни поени и до крајот не ја испушти предноста.

Дирк Новицки заврши со рекордни за него сезонава 30 поени, откако во претходните 3 натпревари по враќањето од повредата постигна вкупно 28 поени. И ова рекордно за него овосезонско постигнување не беше доволно за Далас, кој останува со биланс од 14 победи и 10 порази.

 
Кошаркарите на Хемофарм заглавени во тунел!
4.02.2012.

 Кошаркарите на Хемофарм повеќе од 24 часа се заглавени во автобус во еден тунел од кој не можат да излезат на 8 километри од Широки, бидејќи се завеани во снег. Автобусот на српскиот тим со кошаркарите и стручниот штаб вчера во 9 часот наутро тргнал од Вршац за Широки, но на патот влегле во еден тунел од кој засега нема излез.

„За среча имаме греење во автобусот, но никој не може да се пробие до нас. Во тунелот има и неколку автомобили на кои веќе им снема гориво и дојдоа кај нас да се згреат. Храна немаме, побаравме помош, но никој не може да дојдд до тунелот и ни најавија дека и наредната ноќ ќе мора да ја поминеме во автобусот“, изјавил тренерот на Хемофарм, Небојша Богавац.

Чекајчи ги спасувачките екипи да го пробијат патот до тунелот, веќе никој не размислува за тоа како ќе го одиграат дуелот од Јадранската лига в недела од 17 часот.

 
Вон со историска 50-та победа
4.02.2012.

 Линдзи Вон напиша уште една златна страница во историјата на скијањето, откако денеска триумфираше на женскиот спуст возен за Светскиот Куп во германскиот зимски центар Гармиш-Партенкирхен.

И покрај арктичките услови и температура од минус 23 степени, Американката уште еднаш покажа дека е незаменлива во оваа дисциплина, обезбедувајќи ја својата 50-та победа во трките во Светскиот куп. Незапирливата Вон без посериона грешка ја извозе патеката и на крајот финишираше со најдобро време од 1:44.86 минути.

Втора со заостанување од 0.41 секунди, остана претставничката на Швајцарија - Надја Камер која долго време беше лидерка, а трета се нареди скијачката од Лихтенштајн - Тина Вајратер. Носителката на Големиот кристален глобус и главната фаворитка на домашната публика, Марија Риш, на крајот го освои 4-то место.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 14 од 19058
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
 Спортско радио 90.3 фм
 
  
 
 
 

Резултати

KOШАРКА, Суперлига (М)
1. коло
 Работнички - МЗТ Скопје 69:88
 Торус СЦБТ - Лирија 78:73
Куманово - Фени И.
РАКОМЕТ, СЕХА лига
15. коло
Сутјеска - Вардар Про 23:33

Партнери


 
     
 
 
 

           

 

 


Анкета

Кој е најголем фаворит за фудбалски првак оваа сезона?
 
No Image
© 2012 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image