Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

 
Вака кинезите покажуваат колку сакаат да ги следат натпреварите на ОИ во Пекинг, чекаат да купат влезници за натпреварите што ги интересираат.

Маркетинг


    
    
    
    
    
          
    
   
    
    
    
    
         
    
    
    
    
    
    

    

No Image
Полицијата во Кина разбила терористичка група
25.07.2008.

 Серија атентати и инциденти се планирани за време на олимписките игри во Пекинг. За ова предупредува и кинеското Министерство за внатрешни работи. Полицијата во Пекинг веќе разбила терористичка група која била организирана со цел да предизвика сериозни инциденти на натпреварите кои требало да се играат на фудбалскиот турнир на Олимпијадата.

По неколку месечна акција полицијата во Пекинг успеала да ја открие групата , а воедно и да ги уапси овие членови кои требало да ги организираат и изведат планираните инциденти. Во градот Шангај треба да бидат одиграни 12 натпревари на олимпискиот турнир, а од 20-ти јули овој стадион е затворен за да може да се провери секој дел од стадионот и организаторот со сигурност да може да ја гарантира безбедноста на гледачите и спортистите,  

И оваа Олимпијада како што се очекуваше ќе помине во големи мерки на безбедност затоа што и понатаму големите спортски настани се најповолни за акција на терористичките групи.

 
Пол Робинсон пред трансфер во Блекбурм
25.07.2008.

 Менаџерот на Блекбун Пол Инс ќе си обезбеди ново засилување на голманската позиција со потпишувањето на договорот со голманот на Тотенхем, Пол Робинсон за 3,5 милиони фунти и ќе му дозволи на Бред Фридл да замине во Астон Вила.

Оваа информација денес ја објавија медиумите на Островот очекувачи финализирање на овој трансфер. Според истите извори денес Робинсон треба да ги помине лекасрките прегледи по што би требало да потпише договор со екипата на Блекбурн и тоа на период од три години со што би ја заборавил минатата лоша сезона и загубувањето на местото во репрезентацијата на Англија.

 
Барселона нема да го пушти Меси во Пекинг
25.07.2008.

 Барселона потврдила уште еднаш дека не е задолжително за оваа екипа да го ослободи аргентинскиот репрезентативец Леонел Меси з анстап на Олимписките игри во Пекинг. Во средата ФИФА соопшти дека клубовите се должни да ги ослободат играчите до 23 години за нстап на ОИ во Пекинг.

Но Барселона сака да го има на располагање својот најдобар играч кој има 21 година за натпреварите од третата квалификациска рунда за Лигата на Шампионите која се игра во август.како одговор на информацијата на ФИФА, од Барселона уште еднаш потенцирале дека правилата на ФИФА не ги обврзуваат клубовите на такво нешто и дека тие не планираат да дозволат Меси да патува за Пекинг.


Прочитај повеќе...
 
Муту останува во Фиорентина
25.07.2008.

 Напагачот на Фиорентина Адриан Муту ќе остане во клубот поради тренерот Чезаре Прандели. Оваа информација ја пренесе романското издание Prosport.

Како што е познато екипата на Рома направи понуда во висина од 20 милиони евра до Фиорентина за овој играч но од клубот истакнуваат дека нема никаква лигика да се разделат од својот најдобар фудаблер во сезоната кога ќе настапуваат во Лигата на Шампионите.

Деновиве во Италија се  појавија и информациите дека доколку Муту замине во Рома, Фиорентина би го заменила со нашиот Горан Пандев.

 
Јувентус нуди 25 милиони евра за Аквилани
25.07.2008.

 Раководството на Јувентус подготвило понуда од 25 милиони евра со кои сака да го купи напагачот на Рома Алберто Аквилани, соопштува италијанското издание на „Тутоспорт”.

Торинскиот клуб е подготвен на играчот да му плаќа по 3,2 милиони евра на сезона. Во моментов Аквилани заработува по 900 000 евра на сезона, што е навистина малку за играч од неговата класа.

Аквилани има постоечки договор со Рома до 2010 година, но побарал поголема плата која би била околу 2,5 милиони евра, а од клубот го одбиле тоа.

 
И. Митрески треба да се избори за место во првиот тим
24.07.2008.

 Тренерот на германскиот бунделсигаш Енерџи Котбус, Бојан Прашникар, за германскиот весник „Лаузитцер Рундшау“ изјави дека на ниту еден фудбалер во тимот не му е загарантирано местото во стартниот состав. Мотото под кое работи во подготовките Прашникар е „сите 26 за првите 11“.

„Тренинзите и четирите контролни средби ќе го дадат конечниот избор. Сите играчи ќе се борат за да станат првотимци“, изјавил Прашникар.

За двете централни дефанзивни места Прашникар има четири алтернативи. Покрај нашиот Игор Митрески за стартно место во овој подготвителен период се борат и Кукиелка, Цвитановиќ и Радељиќ.

 
20.000 евра од АМС за злато од Пекинг
24.07.2008.

 Директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ, Драган Ѓурчевски, денеска ја прими македонската олимписка експедиција пред заминувањето за Пекинг. Ѓурчевски во името на Агенцијата најави дека секој освоен медал на ЛОИ во Пекинг, ќе биде соодветно парично награден, а за освојување на злато на најголемата спортска манифестација, АМС ќе го награди носителот со 20.000 евра. Награди ќе има и за селекторите. Тие ќе добиваат по 20% од сумата наменета за спортистот во зависност од тежината на освоениот медал.

„Се надевам дека нема само еднаш да се слушне македонската химна во Пекинг, онаа на отворањето на Игрите. Ние ќе ве поддржиме со цело срце да ја преставите Македонија во најдобро светло“, изјави на приемот, директорот Ѓурчевски.

Тој додаде дека во иднина ќе се работи на промена на законот со кој врвните спортисти и носителите на медали од големите натпреварувања ќе добиваат државни пензии по звршувањето на својата спортска кариера.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 12 од 3723
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта


 
Адреса: Раде Кончар 5а
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075 145 903


 
 
  
 

Резултати

РАКОМЕТ, СП ЗА ЈУНИОРКИ
Денеска:
ГРУПА „А“
Германија - Исланд 23:24
Словенија - Унгарија 24:33
ГРУПА „Б“
Ангола - Јапонија 26:24
Црна Гора - Казахстан 30:28
ГРУПА „Ц“
Бразил - Австралија 34:12
Македонија - Хрватска 20:34
ГРУПА „Д“
Тајван - Алжир 28:18
Франција - Аргентина 28:16
 

 

 

Флеш вести

25.07.2008

 

Рускиот шампион Зенит пројавува сериозен интерес за напагачот на Атлетико(Мадрид) Хосе Антонио Рејес. Ова го пренеле руските медиуми , а оваа информација доага веднаш по веста дека Рејес не успеал да се договори со Атлетико Мадрид за продолжување на соработката и дека оваа екипа планира да го продаде. Овој трансфер е реален затоа што е се по извесно дека Зенит ќе го продаде Аршавин па ќе мора да баре замена за него.

Англискиот премиерлигаш Евертон е готов да предложи 25 милиони евра за бразилскиот напагач на ЦСКА (Москва) Вагнер Лав. според руските медиуми менаџерот на оваа екипа Дејвид Мојс сака класичен напагач во својот тим , а Лав е токму таков. Досега овој фудбалер неколкупати сакаше да го напушти тимот од Москва но понудите за него беа одбивани, но овој пат ова е навистина одлична понуда од страна на Евертон.

Шведскиот репрезентативец Петер Ларсон се сели во екипата на ФК Копенхаген , а доаѓа од Халмштад. Овој фудбалер има само 24 години и е еден од најталентираните дефанзивци кои играа во шведското првенство. Цената која ја доби Халмштад за него е 2 милиони евра.

Денес треба да биде направена ждребката за новата сезона во италијанската Серија А и Серија Б. Целата оваа церемонија ќе биде одржана во Salone d’Onore del Coni во Рим каде ќе бидат извлечени двојќите за новата натпреварувачка сезона во која како главни фаворити за титулата се повторно екипите од големата четворка во Италија, Интер, Милан, Јувентус и Рома.

Во текот на денешниот ден играчот на Тотенхем Јонес Кабул треба да ги помине лекарските прегледи и доколку се биде во ред да потпише договор со екипата на Сандерленд. Се е договорено меѓу двата клуба останува само да се завршат овие формалности па тимот на Рој Кин да добие ново засилување.


Анкета

Кој ќе го освои златото на кошаркарскиот турнир на ЛОИ?
 
No Image
© 2008 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image